Црна хроника
Малолетник му вперил пиштол во глава на ученик во училиште во Тетово
Тринаесетгодишен ученик од ОУ „Гоце Делчев“ во Тетово му вперил пиштол во главата на 10 годишен соученик во дворот на училиштето.
Како што соопшти полицијата, настанот се случил во понеделникот околу 18,00 часот, кога на 10 годишникот во дворот на училиштето му се приближил 13 годишен ученик од истото училиште, кој бил заедно со уште неколку други ученици при што од џебот извадил и му вперил пиштол во главата и со цевката го удрил по лицето и заминал.
По превземените мерки и активности од страна на УПС од СВР Тетово, повикан е 13 годишниот ученик со кого е разговарано во присуство на родител и од истиот одземен му е пиштол „Зброевка“ калибар 7,65 милиметри, празна рамка и пакување со 25 кушуми од истиот калибар.
Исто така во ПС повикана е и 12 годишна ученичка од друго училиште разговарано е и со неа и во координација со јавен обвинител се превземаат активности за расветлување на сите поединости околу тоа чиј е пиштолот и како истиот се нашол кај 13 годишниот малолетник. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.