Црна хроника
Обвинение за сообраќајката кај Удово- и „аудито“ и „мерцедесот“ возеле непрописно
Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе обвинение против возачот на „ауди А4“ и против возачот на автобусот за сообраќајката кај Удово во којашто загина брачен пар од Скопје, а нивниот седумгодишен син беше тешко повреден.
Обвинителството утврдило дека и „аудито“ и автобусот не ги почтувале сообраќајните правила и дека ја предизвикале сообраќајката, додека возачот од Скопје кој загина возел прoписно. До несреќата дојде кога се судрија автомобил марка „ауди А4“ со германски регистарски таблички, управуван од српскиот државјанин 46-годишниот Д.С., автобус на „Струмица експрес“, управуван од 60-годишниот Ѓ.В. и автомобил марка „фиат сеиченто“ со скопски регистарски таблички, управуван од 41-годишниот Н.П.Според обвинителниот предлог, првообвинетиот, српскиот државјанин Д.С. се товари дека не се придржувал кон прописите на Законот за безбедност во сообраќајот и со брзина поголема од дозволената, презел дејствие претекнување на место на кое тоа не е дозволено и преминал во спротивна коловозна лента.Второобвинетиот, македонскиот државјанин Ѓ.В., обвинението го товари дека, исто така, во критичниот момент се движел со брзина поголема од дозволената. Во обид да избегне директен судир со првообвинетиот, тој прво автобусот го насочил кон десно и подзапрел. Откако забележал дека првообвинетиот не се враќа во својата коловозна лента, забрзал и го насочил автобусот кон лево, при што сепак дошло до судир меѓу двете возила. По ударот возилото „ауди“ се изротирало и удрило во бетонски рабник покрај патот. Во критичниот момент, автобусот не успеал да се врати во својата коловозна лента, ниту да запре и удрил во возилото на сега загинатиот Н.П., кој прописно се движел по коловозот.Обвинителниот предлог е заснован на вештачењето на трагите и материјалните докази пронајдени на лице место, како и на исказите дадени од сослушаните лица – учесници во сообраќајната несреќа и очевидци.Обвинителството достави и Предлог за продолжување на мерката „притвор“ за српскиот држјанин, а за возачот на автобусот достави Предлог за продолжување на времетраењето на определените мерки за претпазливост./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.