Црна хроника
Осум деца избодени до смрт во Квинсленд
Австралиската полиција во петок, 19ти декември, во градот Кaрнс во Квинсленд, пронашла тела на осум деца на возраст од 18 месеци до 15 години, кои настрадале од повреди здобиени од нож. Во куќата била пронајдена и жена на возраст од 34 години со тешки убодни рани во пределот на градите.
Полицијата соопштила дека добила повик од куќа во предградието Манура и била известена дека таму има повредена жена, пренесува Associated Press. Полицајците ги пронашле телата на децата и жената со тешки повреди на градите. Таа е префрлена во болница и се наоѓа надвор од животна опасност.
Полицијата не открила повеќе информации. Меѓутоа, Лиса Тајдеј, која се претставила како роднина на повредената жена, рекла дека децата биле браќа и сестри, а дека повредената е нивна мајка. Таа, исто така, рекла дека телата ги пронашол нивниот 20-годишен брат.
Инспекторот Бруно Асникар изјавил дека идентификувањето на жртвите е долг процес и дека повеќе детали ќе бидат познати во сабота. Тој додал дека се уште немаат осомничени за злосторството.
Премиерот Тони Абот оценил дека станува збор за злосторство кое остава без зборови и додал дека ова се тешки денови за неговата држава. Веста за оваа трагедија доаѓа само неколку денови по инцидентот во Сиднеј кога вооружен маж во едно кафуле држеше 18 заложници речиси 16 часа. Двајца од нив беа убиени, како и напаѓачот, по упадот на полицијата во кафулето.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.