Црна хроника
Пешак прегазен во Гостивар
Седумдесет иседум годишен гостиварец загина во сообраќајна несреќа додека преминувал улица во Гостивар.
Несреќата се случила во средата околу 15 часот на булеварот „Браќа Ѓиноски” на влезот од градот. Автомобил „фолксваген бора” управуван од дваесет ипетгодишно момче го прегазил пешакот кој ја преминувал улицата. Од ударот, пешакот се здобил со повеќе повреди и како итен случај бил пренесен на скопските клиники. Подоцна, од тежината на повредите починал.На местото на несреќата, јавен обвинител и екипа на полициската станица Гостивар извршиле увид и работат на расветлување на околностите кои довеле до неа и дали пешакот поминувал на обележано место. /крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.