Црна хроника
Пијан кумановец пријавен за семејно насилство се обидел да се самоубие со врвката од патиката
Пијан кумановец од селото Речица во петокот бил пријавен за семејно насилство, а потоа се обидел да се самоубие со врвката од патиката.
Дваесет и осумгодишниот Б.Ѓ. го пријавила неговата сопруга од село Добрашане во 18.45 часот дека ја малтретирал.
Тој бил приведен, а целта била да биде задржан во полициска станица додека се отрезни.
При транспортот во полицискиот автомобил, кумановецот со врвката од патиката се обидел да се самоубие, но бил забележан од полицискиот службеник и спречен во намерата.
Бидејќи изгубил свест, со возило на Итна медицинска помош истиот бил пренесен во Општа болница Куманово, каде утврдиле дека имал краток застој на циркулација на крв низ телото (главата).
Веднаш потоа во безсвесна состојба бил пренесен во Клиничкиот центар Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.