Контакт

Црна хроника

Притворениот полицаец побарал боледување за време на акцијата во „Дива населба“

Објавено пред

Притворениот полицаец Арсим Бајрами кој е во притвор и се товари дека е вмешан во судирот што се случи во мај во кумановската „Дива населба“, на 9-ти мај, кога почнаа пукотниците во Куманово и кога командирот на полициската станица го повикал на работа, му кажал дека ќе земе боледување, бидејќи неговата ќерка била болна.

dobivaj vesti na viber

Вака сведочеше неговиот командир Зоран Станојковски, кој тогаш бил командир на Полициската станица Пелинце каде работел Бајрами, а сега е командир во полициската станица Сопот.Тој не кажа други детали за евентуалната вмешаност на Бајрами во случувањата во „Дива населба“, имале коректни приватни и службени контакти.На 9 мај Станојковски добил наредба да ги повика на работа сите полицајци на работа, но Бајрами го известил дека не може да дојде на работа, бидејќи неговата ќерка била болна и дека ќе земе боледување. Претпладнето околу 11.30 часот командирот добил наредба од Регионалниот центар за гранични работи „Север“, тој и неговиот заменик да одат на состанок во СВР Куманово. „Ми наредија да го повикам и Арсим Бајрами иако знаеја дека е на боледување. Бајрами дојде, а во просторијата влезе лице од специјалната единица и го извлече Бајрами надвор““ рече Станојковски.Командирот бил присутен и на распитот на Бајрами во полициска станица, каде Бајрами посочил дека познава дел од лицата осомничени кои му ги посочила полицијата. Тој како командир не бил известен дека има некакви претреси, нивна задача била да ги затворат сите нелегални премини на македонско- српската граница и да ги контролираат. Полицаецот Арсим Бајрами кој е последен од обвинетите во случајот „Дива населба“ на минатите рочишта тврдеше дека настаните во Куманово „се игра во којашто се вмешани и припадници на државната безбедност“ и изрази надеж дека одбраната во текот на постапката ќе може со име и презиме да ги докаже учесниците.„Тие сакаа со мене како припадник на МВР да ги покријат своите игри, мене ме искористија како завеса за вмешаноста на припадниците на МВР“, рече Бајрами. Во судницата сведочеа и жители на „Дива населба“ кои тврдеа дека полицијата пукала во куќите, а семејствата на двајца од сведоците го напуштиле домот пред акцијата.Но тврдеа дека не знаеле дека ќе има акција туку случајно, жената и децата на еден од сведоците заминале на ручек кај сестра му, а другите заминале кај роднини во Лојане. Африм Таири рече дека не знаел дека ќе има акција, но сите биле под стрес бидејќи било можно да има некоја акција за дрога. Тој пред акцијата, на 8-ми мај, бил цел ден во центарот на градо, а од два часот по полноќ до пет утрото бил на кафе кај комшијата. Таму го затекнала полицијата и го собрале во полициската станица каде го држеле 24 часа.Иако адвокатите најавуваа дека ќе го бојкотираат судењето ако во судницата не се исполнат условите коишто ги бараа, да има по еден роднина присутен во судницата на секој обвинет, сепак, сите дојдоа во судницата со образложение да не го одолговлекуваат судењето. Од Судот соопштија дека за роднините биле обезбедени 15 места и иако дел од нив имале намера да влезат во судницата, сепак се премислиле. /крај/мф/ффс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце

Објавено пред

Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.

dobivaj vesti na viber

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Топ

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Објавено пред

Радовишанец со месеци силувал малолетничка

dobivaj vesti na viber

Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз

Објавено пред

Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија10 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија11 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија13 часа

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија16 часа

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ17 часа

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија18 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија19 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија19 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија20 часа

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија20 часа

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија21 час

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија21 час

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија1 ден

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија1 ден

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија1 ден

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија1 ден

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија1 ден

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија1 ден

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...