Црна хроника
Пронајдена опрема за пакување и пресување на дрога во викендица во Маврово
Опрема за пресување и пакување на дрога, марихуана и кокаин пронајде полицијата при претрес во викендица во село Леуново, Маврово, сопственост на четириесет и осумгодишен гостиварец.
Освен опремата за дрога во викендицата и домот на гостиварецот во Гостивар најден е и пиштол но, и муниција за пиштол и автоматска пушка.При претресите запленети се калапи и друга погодна опрема за пресување на наркотична дрога, 434 куршуми со калибар 7,62 за автоматска пушка како и 227 куршуми калибар 9 мм за пиштолска муниција и еден пиштол марка „Берета“.Осомничениот го поседувал пиштолот „берета“ со дозвола, но поради сторените кривични дела ќе биде спроведена Управна постапка за одземање на горенаведениот пиштол.При претресите не е пронајдена дрога, но пронајдените предмети во викенд куќата во село Леуново укажуваат на тоа дека во претходниот период се пресувала и пакувала наркотична дрога. Одземените предмети се предадени до Одделот за криминалистичко – технички испитувања и вештачења при МВР и по извршено вештачење на пронајдените траги од растителна и прашкаста материја утврдено е дека се работи за траги од наркотични дроги марихуана и кокаин.Против осомничениот поднесена е кривична пријава за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи и неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и одреден е притвор во траење од 48 часа со можност за продолжување./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.