Црна хроника
Стечаен претставник од Кожарскиот комбинат Куманово осомничен за кражба од над 3 милиони денари
Претставник на стечајните работници од Кожарско преработувачкиот комбинат Куманово е осомничен дека за две години од магацинот украл роба од околу 3.550.000 денари.
Кражбата ја пријавил стечајниот управник на Комбинатот којшто е во стечај, а полицијата за кражбата го сомничи шеесет и едногодишниот стечаен претставник. Нему му бил доверен клучот од магацинот на Комбинатот, а според полицијата, тој од 2013 до 2015 континуирано изнесувал различна роба, кожа и кожни производи од магацинот.При претрес на домот на осомничениот и други три простории на три локации одземени се разни предмети за кои постои сомнение дека се сопственост на „Кожарско преработувачкиот комбинат Куманово“. При претресот пронајдени се повеќе од 100 парчиња машки и женски кожни јакни и бунди, 62 бали разновидна кожа, женски здолништа, женски чанти, кожни елеци, женски и машки пликоа, кожни мантили, паричници, ремени, машини за шиење на кожа, разни делови за машини и многу други предмети. Сите предмети се запечатени, пренесени во магацинот на фабриката и истиот е пломбиран.По целосно расчистување и документирање на настанот против осомничениот ќе биде поднесен соодветен поднесок./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.