Црна хроника
Запален уште еден автомобил во Битола, огнот зафатил и друго возило
Запален уште еден автомобил во средата вечерта во Битола, а огнот зафатил и друг автомобил којшто бил паркиран до него.
Пожарот избувнал ноќта кон четврток околу 2.30 часот кај Техничкото училиште во Битола.Автомобил „опел астра“ целосно изгорел во пожарот, додека другиот автомобил којшто бил паркиран до него „мазда“ бил делумно зафатен од огнот.Пожарот го изгаснале противпожарните единици, а во текот на денот се очекуваат повеќе информации од битолската полиција дали пожарот бил подметнат.Пред два дена во Битола целосно изгоре автомобил во друг дел на градот, а пожарот зафати уште еден.Сопственикот на автомобилот кој изгоре целосно се сомнева дека палењето на неговото возило има политичка заднина, бидејќи ја критикувал власта на социјалната мрежа Facebook. /крај/мф/
Извор: Тера
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.