Контакт

Анализи

Дали минарето на Али Пашината џамија во Охрид ќе биде дивоградба? (ВИДЕО)

Објавено пред

Со децении затскриена и незабележлива среде охридската чаршија, Али Пашината џамија преку ноќ стана предмет на полемики и  дискусии во јавноста. Причина  е реконструкцијата на овој споменик од 16 век со што се предвидува враќање на минарето од џамијата со висина  од сегашните 6 и пол на 32 метри.

dobivaj vesti na viber

Визуелната проекција по завршената реконструкција на минарето покажува дека тоа ќе се издигне над околните објекти и ќе може да се види од сите страни на охридската чаршија. Токму овој е моментот за кој спори дел од охридската јавност, иако тоа  не го нарушува балансот на чаршијата каде во исто време сѐ уште се слуша звукот од камбанаријата и молитвата од минарето.

Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Охрид минатата година изработија проект за негова реставрација, која предвидува реконструкција на минарето, кое ќе биде високо 32 метри. Проектот го финансира турската вакуфска заедница. Може ли доградбата на овој историски и религиски споменик, кој повеќе од пет века е еден од симболите на чаршијата, да ја наруши сликата за градот кој е под заштита на УНЕСКО?

Дел од локалното население кое се противи на планот реагира дека новата висина на минарето ќе биде петпати поголема од постојната. Според нив, габаритот на ова обележје треба да остане непроменет, и да не го наруши изгледот на чаршијата, онаква каква што сите ја паметат. Директорката на „Завод и музеј“- Охрид, Тања Бунташеска-Паскали, вели дека проектот е правен согласно претходни испитувања и факти од минатото, одобрени од Министерството за култура.

„Реконструкција на девастирани делови кои се потребни за непречено функционирање на доброто, согласно неговата намена, почитувајќи габарит, изглед, материјална градба и слично, со што нема да се наруши интегритетот на доброто, со претходно почитување на сите правни инструменти за нивна реализација. Реконструкција на делови кои недостасуваат е можна единствено согласно резултатите од истражувачките работи и постојна документација, со цел истакнување културно-историско и уметничко значење. Се дозволува реконструкција на минарето, махвилот, отворениот трем и камената ограда од џамијата, по извршени исражувачки работи, аналогии, реализација која не го нарушува интегритетот на доброто. Значи, само потенкиот дел се реконструира, така што, ќе надвиснува малку над куполата и нема да ремети ништо. Тоа не е градба, туку реконструкција на минаре. Ние не градиме ново минаре бидејќи тоа постои во висина од 6,5 метри. Ние не го градиме од темел, туку само го надоградуваме нагоре. Ние не бевме во можност на самиот почеток да бараме одобрение за доградба, бидејќи околу самото минаре, постоеа тие објкети, кои што го девастираа објектот и ние моравме да пристапиме кон рушење, за да можеме во непосредна близина да ги завршиме неопходните истражувања. Минарето е составен дел од објектот. Ние не сме ги прашувале граѓаните за нашите проекти и немаме направено ништо што делувало лошо во Охрид“, вели директорката на „Завод и Музеј“-Охрид, Тања Паскали Бунташеска.

Што велат законите? Законот за градење предвидува, доколку се прави реконструкција, димензиите на објектот да останат исти, додека Законот за заштита на културното наследство смета дека реконструцијата предвидува обновување на заштитениот објект и нема прецизирано дали постојните димензии треба да се зачуваат или да се менуваат.  Проектот на „Завод и музеј“ Охрид предвидува минаре кое е во висина со кровниот дел на џамијата, за разлика од постојното, кое достигнува 6.5 метри од основата на џамијата.

За испитувања и проектирања на проектот морале да се остранат неколку објекти кои се наоѓале пред џамијата. За нивно отстранување потребно е одобрение од општината. Според информации на Макфакс, „Завод и музеј“ не поднеле никакви документи, а со тоа, сега непостоечките објекти се бесправно отстранети, иако во Деталниот урбанистички план сè уште се лоцирани на местото кaде работи градежната машинерија.

Макфакс успеа да дојде до деталниот урбанистички план, каде се впишани сите објекти на територија на општина Охрид, но не и Али Пашната џамија. На местото каде со векови се наоѓа џамијата се впишани само локалите, а на истото место е обележана и геодетската подлога, која покажува дека некогаш на тоа место постоела џамија. Ова е втора реставрација. Џамијата не поседува маркица за верски објект кој треба да се обележи со „В5“, како што се обележани околните цркви и џамии.

Директорката Тања Паскали-Бунташеска вели дека минарето е составен дел од џамијата, но ако таа не постои во урбанистичкиот план, тогаш подигнувањето на неговата висина ќе биде без правна основа, спротивна на законите. Останува нејасно како била одобрена реконструкцијата од Министерството за култура ако објектот е непостоечки во документите на општината?!

Гоце Жура е историчар на уметност. Има децениско искуство во проценка и работа со културно-историското наследство на Охрид.

„Како професионалец би апелирал, историчар на уметност, но и како обичен граѓанин, целата документација да биде на јавна дебата, да биде достапна за јавноста. Овде во Охрид сме живееле илјадници години од сите вероисповести, а сега, нешто да не кочи. Охриѓани, без разлика на вера и припадност, заслужуваат да знаат што се случува таму, а не да излезат несакани последици. Мене не ми се познати тие висини, со тоа и дали минарето треба да биде високо 32 метри“, вели историчарот на уметност Гоце Жура.

Муфтиството на ИВЗ ја направило првата реставрација на Али Пашината џамија, но тогаш градбата не го задржала стариот изглед на објектот. Кога првото муфтиство ја реставрирало градбата не го конструирале минарето, чија висина сега е спорна. Надлежните од „Заводот и музеј“ Охрид убедуваат дека со доградбата, џамијата ќе го добие стариот изглед од 16 век.

За реставрацијата и реконструкцијата која се прави сега биле поднесени преставки од четворица граѓани за 32-метарското минаре. Доколу овластен градежен инспектор излегол на терен да изврши увид во целата документација, ќе можел да увиди дека објектот нема маркица за градење. Тие не одговараат ниту на прашањата испратени од нашата редакција поврзани со Али Пашината џамија.

Истовремено, граѓаните се подготвуваат за добивање на правната битка. Тие формираат здружение преку кое најавија дека ќе бараат запирање на проектот. Велат дека ги почитуваат нивните сограѓани муслимани и дека немаат ништо против изградбата, но остануваат на ставот кога во прашање е габаритот на минарето. Основачите на здружението ќе бараат и јавна дебата, каде ќе бидат отворени сите прашања и дилеми, со цел работите поврзани со џамијата и минарето да бидат јасни за сите граѓани, а никој да не биде погрешно сфатен.

Додека Заводот и музеј од Охрид на големо се подготвува да го реконструира минарето на џамијата, граѓаните на Охрид  велат дека ќе ја оспорат висината. Надлежните инспекциски служби јавно не се произнесуваат дали процедурата е согласно законските процеси. ДУП-овите засега ја спорат џамијата. Нема рок до кога треба да заврши проектот. Предвидувањата сè дека до крајот на идната година, 32-метарското минаре ќе се издигне до џамијата.

Кристијан Ландов

 

Анализи

Силјановска vs Пендаровски: Кој добива, а кој губи во битката на социјалните мрежи и медиумите?

Објавено пред

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова најмногу се спомнуваат во медиумите, а најмалку се популарни меѓу твитерџиите. Во негативен контекст почесто е споменувана Силјановска на социјалните мрежи „Феjсбук“ и „Твитер“, но и во медиумите.

dobivaj vesti na viber

Ова го покажа првата сентимент-анализа на истражувачкиот центар на „Макфакс“, која се изработуваше во периодот од 1 до 9 април годинава. Процесот на изработка на анализата е базиран на компјутерски алгоритми и има задача да одреди во каков контекст (многу негативен, негативен, неутрален, позитивен или многу позитивен) е напишан одреден текст или дел од текстот.

Преку системот беа анализирани 220 медиуми, како и објавите и коментарите на над еден милион корисници на „Фејсбук“ и твитовите од 300 илјади профили. Тестирањата на платформата покажaа дека користените технологии даваат резултат со точност поголема од 80 проценти.

Според анализата, имињата на Силјановска-Давкова и на Пендаровски почесто се споменуваат во медиумите отколку на социјалните мрежи „Твитер“ и „Фејсбук“. Во првите девет дена од месецот тие биле споменати вкупно 3.515 пати. На „Фејсбук“ биле споменати речиси двојно помалку, а најмалку биле споменувани на „Твитер“.

Силјановска, според оваа анализа, најмногу била спомената на веб-порталите „Република“, „Курир“, „Инфомакс“ и на „Прес 24“, а Пендаровски на „Прес 24“, „Макпрес“, „24 инфо“ и на „Вечер“. Од инфографикот може да се види комплетната слика за тоа во кој медиум биле најмногу застапени двајцата претседателски кандидати.

Во однос на контекстот на споменување во медиумите може да се заклучи дека постои тесна разлика меѓу Силјановска и Пендаровски, иако кандидатката зад која стои опозициската ВМРО-ДПМНЕ предничи со негативните коментари.

Па, така, во многу негативен контекст Силјановска била спомената 201 пат, а Пендаровски 136 пати. Ако таа била спомната 914 пати во негативен контекст, Пендаровски во истиот контекст бил спомнат 778 пати. Тој предничи и во однос на неутралните спомнувања во медиумите, а Силјановска предничи во однос на позитивните споменувања. Тесна е разликата меѓу многу позитивните конотации, во кои биле ставени двајцата претседателски кандидати на кои се однесува анализата, во која за 8 споменувања предност има Пендаровски.

Според податоците од аналитичкиот центар на „Макфакс“, претседателскиот кандидат Пендаровски е попопуларен од Силјановска во однос на бројот на споменувања. Во многу позитивен или позитивен контекст меѓу твитерџиите тој е споменат 231 пат, а Силјановска 201. Во однос на тоа дали кандидатите се споменати во негативен или многу негативен контекст за нијанса води Силјановска, која е спомената 401 пат, а Пендаровски 389.

Слична ситуација може да се види и на „Фејсбук“, каде што Пендаровски има предност во однос на бројот на споменувања. Ако Силјановска била спомената 481 пат во многу негативен или во негативен контекст, Пендаровски е споменат 429 пати. Кај претседателскиот кандидат зад кој стои СДСМ поголем е бројот на позитивни или многу позитивни споменувања на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Според сето ова, Силјановска има поголема вредност на вкупниот сентимент во негативен контекст на социјалните мрежи и во медиумите од Пендаровски. Важно е да се потенцира дека не станува збор за анкета што ги мери гласовите за кандидатите, туку за начинот на кој тие се прикажани и коментирани во интернет-просторот. Истражувачкиот центар на „Макфакс“ на почетокот на кампањата за претседателските кандидати спроведе анкета.

Целосната методологија за начинот на изработката на сентимент-анализите на истражувачкиот центар на „Макфакс“ е достапна на следниот линк.

Прикажи повеќе...

Анализи

СЈО со детали: Како Камчев и Мијалков ги переле парите градејќи империја

Објавено пред

Злосторничко здружение, кое функционирало повеќе од 8 години, од 2009 година, кога биле отворани и затворани фирми, перени милиони и милиони евра, биле менувани сопственици, бил купуван огромен имот, отворани фирми на офшор-дестинации за еднократна употреба, префрлувани пари преку кипарски банки, а потоа овие испрани пари влегуваат како основачки влогови за да формираат македонски фирми.

dobivaj vesti na viber

Вака накусо може да се опише случајот „Империја“ на специјалното јавно обвинителство (СЈО), каде што, меѓу другите, осомничени се едни од највлијателните луѓе во земјата, бизнисменот Орце Камчев и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Три месеци по почнувањето на истрагата, обвинителството излезе со детали за еден од најобемните предмети за кој засега е утврдено дека се испрани речиси 11 милиони евра.

Истрагата е проширена за „Графички центар“ и за „Медија принт Македонија“ (МПМ), извршени се претреси во фирмите, осомничените се испрашани и собрани се докази.

Соработката меѓу Македонија и Кипар е воспоставена, па сега, конечно, на виделина излегуваат и имињата на оние што се криеле зад офшор-фирмите преку кои се переле пари.

Од крајот на јуни до крајот на октомври 2018 година некои од осомничените од „Империја“ биле под посебни истражни мерки.

„Мијалков не беше под посебни истражни мерки, Камчев многу внимателно зборуваше по телефон, но не и другите осомничени“, велат од СЈО.

Без разлика како ќе се одвива понатаму истрагата за „Империја“, со оглед на тоа што статусот и истрагите на СЈО сè уште се неизвесни, оттаму велат дека собрани се речиси 90 отсто од доказите за случајот да може да продолжи понатаму.

Злосторничкото здружение се распаѓа кон крајот на 2017 и почетокот на 2018 година кога осомничените почнуваат да земаат кредити за да се раздолжат, но тоа не значи дека тука завршуваат и нивните поединечни активности.

Под лупа на СЈО е и фирмата поврзана со семејството Мијалкови, „Бест веј инвестмент“, формирана веднаш по обеледонувањето на таканаречените бомби во 2015 година, чиј сопственик е синот на Сашо Мијалков, Јордан. СЈО истражува како се ширел бизнисот и како оваа фирма успева да заработи огромни суми и да стекне голем имот само за три години работа. „Бест веј инвестмент“, ако во 2016 година имала приходи од 816 илјади евра, во 2017 година веќе приходите ѝ растат на 9,6 милиони евра, што само покажува дека независно кој е на власт, бизнисите на Мијалков работат со полна пареа.

Краен сопственик на мистериозната „Ексико“ бил Камчев

Натписот на поштенското сандаче на улицата Иван Милутиновиќ во Скопје сведочи за постоењето на „Ексико“, чие сопствеништво е скриено

Центарот на истрагата за „Империја“ се познатата офшор-фирма „Ексико“ и бизнисменот Орце Камчев.

Истрагата утврдила дека зад првата фирма-мајка на „Ексико“, „Делта инвестмент“ од Белизе, всушност се крие таткото на Орце Камчев, Илија. Од оваа фирма, која поседуваше акции во големи акционерски друштва, а се јавуваше и како еден од сопствениците на атрактивните плацови на Водно, досега сите креваа раце и демантираа дека стојат зад неа.

Истрагата на СЈО утврдила дека по Илија Камчев, набргу како краен сопственик фигурирал и поранешниот директор на македонски „Телеком“, Жарко Луковски, а кога сопствеништвото на фирмата се сели во Америка, односно сопственик станува извесна „Калвус ЛЛЦ“ (Calvus LLC) од САД, крајниот сопственик е всушност Орце Камчев.

Од оваа американска фирма кон „Ексико“ се влеваат 1,6 милион евра како прилив, а дел од овие пари завршува на личната сметка на Камчев, додека со дел се купувани имот и земјиште во Гевгелија, на кое понатаму е предвидено да се градат казина.

Подоцна, а и до ден-денеска, сопственик на „Ексико“ е фирмата со швајцарски капитал „Т&МЈ инвестмент“ од Лугано, Швајцарија, фирма зад која оперативните сознанија покажале дека краен сопственик е член на семејството Мијалкови. Од швајцарската фирма кон македонската „Ексико“ немало никаков прилив или одлив на пари.

„Ексико“ не е единствената фирма преку која функционирало ова злосторничко здружение. Колку за пример, во истатата 2009 година офшор-компанијата „Хоспитал менаџмент груп ЛЛЦ’ од Кипар ја основа клиничката болница „Систина“. Понатаму, оваа компанија го продава имотот на друга офшор-компанија од Панама. „Орка холдинг“ го купува уделот од панамската, па повторно ѝ го продава на „Систина“, со што фактички Камчев внесува удел од „Хоспитал менаџмент“ од Кипар во Македонија.

Сомнежи за перење пари преку кипарски банки

Преку кипарски банки парите влегуваат во земјата

Значаен дел од истрагата на СЈО за „Империја“ има и фирмата „Финзи“ – истата фирма за која во таканаречените бомби можеше да се слушне дека одела набавката за опрема за следење интернет-комуникации за МВР. Министерството, додека на чело на УБК беше Мијалков, наместо директно да ја набави изреалската опрема за прислушување, тоа го правела преку „Финзи“. Во текот на истрагата за случајот самоубиство изврши директорот на „Финзи“, Коста Крпач, во април 2016 година.

Сега истрагата за „Империја“ повторно допира до „Финзи“, фирма основана од „Финзи ЛЛЦ“ во САД. Краен сопственик на оваа компанија, според СЈО, повторно е Орце Камчев.

Во неколку наврати од „Финзи ЛЛЦ“ преку кипарска банка кон македонската „Финзи“ биле исплатувани 650.000 евра. Во тоа време, односно во 2009 година, директор на „Финзи“ во Македонија е Владислав Стајковиќ, брат на Небојша Стајковиќ, поранешен помошник-министер за информатичка технологија во МВР.

Овие пари понатаму влегуваат како основачки влог во „Систина кардиологија“, фирма што подоцна е преименувана во „Си-Фи-Кар“ („Систина“, „Финзи“, “Кара“). Во 2012 година, според СЈО, кога парите веќе се испрани, американската мајка-фирма се затвора и се отвора нова фирма, во која Крпач влегува како директор, а на истата сметка легнуваат парите од израелската донација за опрема за прислушување.

„Не купуваат компании за да работат со нив, туку за да извлечат што можат“

Орце Камчев и Сашо Мијалков, клучните играчи во „Империја“

Многу компании, офшор, стотици папки со документи и изјави од сведоци содржи еден од најобемните предмети на СЈО – „Империја“. Од она што беше претставено пред новинарските екипи, неизбежен е заклучокот дека од досегашната истрага и собраните докази станува збор за класични примери за сомнежи за перење пари пред кои надлежните институции со години молчеле или се откажувале од гонење поради немање докази.

Дел од истрагата е отстапен и на купувањето на „Бетон Штип“ од страна на ТИМ ДОО, „Орка холдинг“, „Езимит“ ДООЕЛ и „Ексико“.

„Кога тие купуваат компанија, не ја купуваат за да ја работат, туку да извлечат што може од имотот на компанијата“, велат од СЈО.

Па, така, и овој пат сознанијата говорат дека од „Бетон Штип“ се извлечени 4 милиони евра, односно газдите ги тераат акционерите со парите да купуваат имот, а понатаму како што се извлекуваат парите, така се инвестираат во други зделки за што патем говорат и последните информации дека речиси 250 работници веќе ги напуштаат работните места од „Бетон Штип“ и истовремено преку суд си ги бараат неисплатените плати за последните четири месеци.

Дел од истрагата го опфаќа и „Фершпед“, односно од моментот кога Кираца Трајковска, која беше еден од мнозинските акционери во “Фершпед“, поради долг во Еуростандард банка, преку посредник побарала кредит од Стопанска банка АД Битола. Камчев, кој е дел од Управниот одбор на банката, наместо кредит, според СЈО, на Трајковска ѝ понудил преку физички лица да ѝ бидат префрлени парите по што биле ослободени нејзините акции од „Фершпед“.

За да им ги продаде акциите на странски инвеститори, таа го ангажирала брокерот Јованче Тасковски. Но, за нејзината намера дознал Штерјо Наков, кој побарал помош од Мијалков, со цел тој да ги купи акциите. Мијалков се договора со Камчев да ја изиграат, па без нејзино знаење, според СЈО, Ненад Јосифовиќ ги продава акциите на физички и правни лица поврзани со Наков за 4 милиони евра повисока цена од реалната. Парите од зделката завршуваат во фирма чии сопственици се „Ексико“, „Орка холдинг“ и „Тимох“.

Во делот од истрагата за „Империја“ влегуваат и стари случаи, кои претходно во обвинителствата завршувале со откажување од гонење поради немање доволно докази. Таков пример е истрагата за „пропаѓањето“ на „Орка спорт“, „Орка текстил“ и други фирми во сопственост на сега покојниот Илија Камчев. Данокот се избегнувал да се плаќа преку лажни стечаи, обезвреднување на имотот и формирање офшор-компании, а потоа парите „чисти“ биле внесувани во земјата, односно целиот имот бил пренесуван на новоформирани компании.

На овој начин, впрочем, и се градела целата империја – преку лојални соработници, изигрување на законитe и формирање компании за еднократна употреба.

Како ќе заврши истрагата и дали случајот ќе добие епилог останува неизвесно. Засега Орце Камчев и Сашо Мијалков се во домашен притвор, а конечниот збор ќе го каже Врховниот суд.

Освен Камчев и Мијалков, осомничени во случајот „Империја“ се и Ратка Куноска-Камчева, мајка на Камчев и неизвршен член на Одборот на директори на „Орка ходинг“, Кристина Камчева-Стојческа, сестра на Камчев и неизвршен член на Одборот на директори на „Жито полог Тетово“, Лилјана Гајдоска, правник во фирмите на Камчев, неизвршен член на Одборот на директори на ЗК „Пелагонија“, Тодор Мирчевски, директор на „Ексико“, Владислав Стајковиќ, сопственик на НВСП, доскорешен директор на „Мобико“ и поранешен директор на „Финзи“, Ванче Мијалчев, извршен директор на „Бетон Штип“, Јованче Тасковски, брокер, и Дејан Јанев од „О.Т.Е. инвест“.

Прикажи повеќе...

Анализи

Политиката го подели СЈО на табори

Објавено пред

„Чарлиевите ангели“ ги нема. Катица Јанева, Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи речиси една година не се појавуваат на заеднички прес-конференции. Во јавноста и на социјалните мрежи сè погласни се критиките за работата на специјалното јавно обвинителство и ослабената доверба во оваа институција.

dobivaj vesti na viber

Три и пол години по формирањето, целосен судски епилог има само за два случаја а сè погласни се шпекулациите дека во СЈО владее поделеност на обвинителите на табори, кои меѓусебно не се согласуваат за дејствувањето на ова обвинителство, па тие разлики во мислењата лесно се забележливи и во јавноста.

Трите жени, кои беа симбол за СЈО, ретко може се видат заедно во јавноста, а речиси една година Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи не даваат заеднички изјави. Според нашите извори, со слични ставови на една страна биле обвинителките Катица Јанева и Лиле Стефанова, а на друга Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи.

Од друга страна, сè поприсутна во јавноста е главната специјална обвинителка Катица Јанева, која, според најавите, во вторник ќе се појави на „1ТВ“, каде што заедно со обвинителите Лиле Стефанова и Трајче Пеливанов треба да одговараат и на прашања од гледачите. Токму во фирмата сопственик на „1ТВ“, „БМЈ медиа груп“, работи синот на Јанева, младиот гевгеличанец Лазар Јанев, за кого веќе беше објавено дека пред вработените бил претставен како директор на правна служба. Пред точно два месеца Јанева беше гостинка на „1ТВ“ и се фотографира со сопственикот на телевизијата, Бојан Јовановски, со назнака дека станува збор за работен состанок.

Во СЈО во последната година во целост се смени практиката на комуникација со јавноста. Последната прес-конференција СЈО ја одржа на 21 март минатата година.

Повеќе нема брифинзи со новинари, а на обвинителките Ристоска и Фетаи не им е дозволено да даваат интервјуа и изјави. Целосна затвореност владее и во однос на истрагите. Случајот „Империја“, во кој, меѓу другите, се осомничени и бизнисменот Јордан Камчев и ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, беше отворен пред повеќе од 2 месеца, а од СЈО нема дополнителни информации, освен дека истрагата е сложена.

Сите обиди на „Макфакс“ да обезбедат брифинг за случајот беа залудни. Новинарите меѓу себе коментираат дека ова обвинителство, кое наметна транспарентно работење, последнава година се затворило, иако обвинителите поминале серија обуки за комуникација со јавноста. Тоа остава простор за шпекулации во постапувањето по предметите на обвинителството. Од друга страна, во редовното Обвинителство се спроведува тренинг за односи со јавноста на обвинителите.

Според нашите информации, во специјалното јавно обвинителство меѓу некои од вработените владее незадоволство од начинот на работа, особено по последните политички случувања, амнестии и повици за помирување, кои во голем дел влијаат и врз актуелните предмети што се во судска постапка, но и на оние што се во истрага и предистрага, а во кои, меѓу другите, се вклучени и Сашо Мијалков, Елизабета Канческа-Милевска, Али Ахмети, Бујар Османи.

Ексминистерката за култура, КанческаМилевска, е инволвирана во предистрагата за предметот „Скопје 2014“, кој е еден од најобемните предмети на СЈО, за Мијалков се водат повеќе судски постапки, а предметот за агенцијата за обезбедување СГС е во предистрага.

Во процесот на помирувањето наголемо се споменуваа и измените во Кривичниот законик, односно член 353, став 5, кој ја регулира злоупотребата на службената положба преку јавните набавки. Доколку дојде до промена на овој член, како што беше најавувано, помали казни или ослободување од одговорност ќе добијат голем број обвинети во случаите на СЈО, меѓу кои и Мијалков.

Уставниот суд сè уште не расправал по иницијативата на адвокатот Еленко Миланов, кој бара судиите да се произнесат за овој член од Кривичниот законик.

Сите овие политички инволвирања, кои допираат и до СЈО, според нашите извори, довеле до голем раздор во работата на институцијата, која има годишен буџет од 3,7 милиони евра. Некои од обвинителите се разочарани од фактот што нивните предмети и нивната работа зависат исклучително од тековната политичка ситуација, па токму затоа во последниот период и не се работи на нови предистраги бидејќи се чека исходот од тоа што ќе се случува со институцијата и дали евентуално одредени функционери од претходната, но и од актуелната власт, ќе избегнат одговорност.

Прикажи повеќе...

Најново

Скопје5 минути

Колапс на јавниот превоз, скопјани се солидаризираат: „Застанете ако сте со автомобил, превезете некого“

Од синоќа, со оглед дека нема автобуси, на социјалните мрежи се споделуваат повици за оние кои одат на работа со...

Регион34 минути

Ексминистер и двајца поранешни директори меѓу уапсените за уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад

Поради уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, уапсени се 11 лица, соопшти Вишото јавно обвинителство во Нови...

Скопје40 минути

„Скопјани се жртва на политички игри и меѓусебните инаетења на ДПМНЕ и Арсовска“: СДСМ има план во три точки за да се реши кризата

„Катастрофално лоша е состојбата во Скопје. Нема градски превоз, смет и нечисти улици на сите страни, ниту основните услуги граѓаните...

Европа53 минути

(Видео) Русите ја нападнаа Украина со шест бомбардери Ту-95 и МИГ, Днепар во пламен

Во денешниот руски ракетен напад е оштетена индустриска компанија во Днепар, а во градот избувнале пожари, изјави началникот на воената...

Европа1 час

Ажурираната нуклеарна доктрина на Русија е лукав потег на Путин против Бајден и му оди во прилог на Доналд Трамп

Нуклеарните закани на Москва се прилично суптилна игра која директно не ѝ штети на Русија, туку му штети на актуелниот...

Свет4 часа

Северна Кореја и Русија потпишаа протокол за соработка

Северна Кореја и Русија потпишаа протокол за соработка по состаноците за трговија, економија, наука и технологија во Пјонгјанг, објави севернокорејскиот...

Европа4 часа

(Видео) Еруптираше вулкан на Исланд

Вулкан во близина на главниот град на Исланд доцна синоќа еруптираше по десетти пат во последните три години, исфрлајќи големи...

Македонија17 часа

(Видео) Заглавен сообраќајот во Скопје, автобуси нема, Брзата помош не можеше да се пробие на Бит Пазар

Скопје е парализирано попладнево. Автобусите не сообраќаат, а граѓани се жалат дека не успеваат да најдат ниту слободно такси поради...

Македонија19 часа

Осудени велешаните кои силуваа 14-годишно девојче, највисоката казна е 5 години и 6 месеци затвор

Во Основниот кривичен суд денес беше објавена пресудата против тринаесетте лица од Велес кои беа обвинети за сексуално злоставување на...

Македонија21 час

Мицкоски за Шекеринска: Ѝ честитав за изборот за заменик-генерална секретарка на НАТО, за нас – националното единство е пред партиските интереси

„Не е тајна дека во минатото сме имале многу концептуални разлики кога станува збор за справувањето со актуелните проблеми, политиките,...

Македонија22 часа

Со гордост ќе ја претставувам Северна Македонија на оваа висока меѓународна позиција, рече Шекеринска

Радмила Шекеринска, која беше назначена за втор човек на НАТО, односно заменик-генерална секретарка на алијансата, утрово се заблагодари за честитките...

Македонија22 часа

Поднесени 20 претставки за загадениот воздух, Меџити вели дека гасификацијата е решение за урбаните средини

До народниот правобранител поднесени се 40 претставки од областа на животната средина, од кои 20-ина за квалитетот на воздухот, изјави...

Македонија22 часа

Галетановски: Град Скопје објави тендер за озвучување на изгорената Универзална сала

„Скопјани дишат загаден воздух, нема автобуси, градот тоне во нечистотија, Универзалната сала е пеплосана, Зоолошката диши на шкрги. Ова е...

Македонија23 часа

Курто Дудуш организира протест поради хаосот со градскиот превоз: Да ѝ пренесеме порака на градоначалничката

Градоначалникот на скопската општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, ги повика сите граѓани да се приклучат на протестот в петок од...

Македонија23 часа

Меџити: ДУИ е без визија, во Македонија нема закон за албанскиот јазик како што кажа и Курти

Прмиерот на Косово кажа дека во Македонија нема закон за албанскиот јазик, има Закон за јазиците. И јас го тврдам...

Регион1 ден

Вучиќ: Светот е на работ на целосен нуклеарен конфликт, ние сме целосно неподготвени

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја коментираше ескалацијата на конфликтот во Украина. „Не сум сигурен дека некој мировен предлог може да...

Македонија1 ден

СДСМ: Наместо честитка од ВМРО-ДПМНЕ за историскиот успех на Шекеринска, добивме тишина

„Додека цела Македонија и Балканот гордо го слават историскиот успех на Радмила Шекеринска, која како прва од нашиот регион е...

Европа1 ден

САД ја затворија амбасадата во Киев: „Добивме информации за потенцијален напад“

Соединетите Држави привремено ја затвораат својата амбасада во Киев откако добија, како што велат, „конкретни информации за потенцијален значаен воздушен...

Свет1 ден

Нетанјаху: Хамас повеќе нема да владее со палестинската енклава

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на посетата на Газа изјави дека Хамас нема да владее со палестинската енклава по...

Европа1 ден

Германскиот канцелар ја осуди меката декларација на Г20 за Русија

Германскиот канцелар Олаф Шолц изрази огорченост што одговорноста на Русија за војната во Украина не е јасно наведена во завршната...