Македонија
Рејтингот на Иванов погрешно се претставува
Рејтингот на Претседателот Иванов е погрешно претставен, затоа што јавното мислење за Претседателот не се оценува како за институција туку како за политички лидер, рекоа од Институтот за демократијат и социјална слобода на денешната трибина за анкетите во органзиација на Институтот „Павел Шатев“
„Методологијата на поставување прашања е многу важна. Според прашањето што го поставувате може да очекувате одговор. Ако прашањето е: Дали имате доверба во претседателот?, тогаш може да очекувате вистински рејтинг. Овој Претседател не беше избран како лидер на партија. Тој е институција“, рече Владимир Божиновски, сопственик на една од агенциите за истражување, при што објасни дека кога претседателот Иванов се става во ист кош со лидерите на партии за кои постојат симпатизери на партијата, нормално е дека испитаниците се поистоветуваат со лидерот на таа партија и се определуваат за него.Објективноста на анкетите оди во прилог на целото општество со што ќе се даде јасен одраз на расположението во јавноста, но во последно време анкетните истражувања имаат и негативни влијанија затоа што некои институти за истражување се користат како „алатка“ за манипулација .Ова денеска беше заклучено на трибината насловена како “Методологија на анкетите“ организирана од институтот „Павел Шатев“ на која учествуваа неколку сопственици на институти за истражување, претставници од политичките партии и експерти во таа ема.„Имено, партиите кои дејствуваат до јавноста, пристапуваат кон нив со спроведување на анкети се со цел да се креира политичко мислење.“ изјави претставничката од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, Христина Рунчева, но многумина од соговорниците на оваа трибина сметаат дека анкетите колку што се точни, толку се и неточни, во зависност од партиите и институтите кои ги спроведуваат, но сепак остануваат единствен начин за јавноста да го покаже своето мислење.„Во принцип многу од партиите се водат на спроведувањето на анкетите, сепак владејачката коалиција не треба да се води на спроведените анкети, бидејќи нивен основен проблем е што тие содржат слаби податоци“, изјави д-р Жидос Даскаловски претставник на Институтот за истражување и креирање политикиСпоред Ѓорѓи Кимов, претставник на Брима галуп институтите за следење на јавното мислење треба да работат на градење на доверба кај граѓаните, а објективноста на анкетите ќе оди во прилог на целата јавност.„Бидејќи сум претставник на научно-истражувачки институт сметам дека користењето на анкетите не смее да се земе здраво за готово. Анкетата е само алатка, а новинарите треба да бараат од изворот што ги информира информација за базата“, рече м-р Ана Мукоска, претставник на Евро-Балкан.За да се добијат точни резултати според истражувачките агенции би требало да се комбинираат два видови на истражувања, теренски и телефонски рече Божиновски.Според него, оние агенции кои што сакаат да зе занимаваат со истражување и правење анкети имаат право само на една грешка, без разлика дали тоа било намерно или ненамерно, затоа што со тоа се нарушува довербата која е круцијална при спроведување на анкети. Тој истакна дека доколку граѓаните не веруваат на истражувачките агенции, тогаш нема потреба од спроцведување на истражувањата на јавното мислење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствувале безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што велат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.
Сервисни информации
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено
Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.