Македонија
Загинувањето на Трајковски не е затворен случај за МВР
Загинувањето на претседателот Борис Трајковски, како случај, се уште не е затворен за МВР и нема да биде се додека не бидат расчистени сите детали и нејаснотии околу трагичната авионска несреќа
„МВР и понатаму продолжува да контактира и со босанските власти и со сите други надлежни за обезбедување на сите неопходни факти околу оваа авионска несреќа и во оној момент кога ќе имаме и доколку имаме какви било нови информации или докази во текот на мерките кои се превземаат истите би ги доставиле до јавното обвинителство и до истражниот судија заради ново отворање на истрага“ изјави портпаролот на МВР, Иво Котевски.Швајцарскиот парламентарец Андреас Грос вчера изјави дека загинувањето на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски не е несреќа.Во дебатата, што вчера се водеше во Парламентарното Собрание на Советот на Европа, меѓу двете сесии, неколку парламентарци, говорејќи за смртта на полскиот претседател Лех Качински, направиле споредба меѓу смртта на поранешниот македонскиот претседател Борис Трајковски и екс Генералниот Секретар на Обединетите Нации, Даг Хамерскјелд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.
Сервисни информации
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено
Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.
Скопје
Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај
ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија денеска ќе останат делови од општините Петровец, Ѓорче Петвов и Сарај.
– во периодот од 08.30 до 14.30 часот, корисниците од с. Кожле, Тунел Катланово, с.Бадар (општина Петровец)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од дел од ул. 52 кон обиколница во Стопански Двор ( општина Ѓорче Петвов )
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците во Сарај кај општината (општина Сарај)