Македонија
Рамковски во секој личен конфликт гледа заднина на ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ изразува разочараност поради начинот според кој се водат постојаните напади и обвинувања од страна на А1 телевизија и сопственикот Велија Рамковски врз партијата, се вели вод днешната писмена реакција на владејачката партија
„ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против ако во рамките на објективното новинарство кој и да е медиум ја критикува партијата, па мaкaр и тоа да е секој ден, и за што и да е , како што впрочем и се случува.“, се вели мешу другото во деншната реакција на ВМРО-ДПМНЕ од која нагласуваат дека за нив „неразбирлива е практиката која се случува во последно време, со која за секој личен конфликт кој Велија Рамковски го има со некој новинар од некој друг медиум, јавна личност или со некој од институтите во Македонија“, јавно да да биде овинвуана партијата и нејзиниот лидер Никола Груевски „дека со тоа вршат некаков би рекле виртуелен притисок врз него. “Од валдејачката партија сметаат дека сосптвеникот на скопската А1 телевизија и на дневните весници „Време“ и „Шпиц“ неоправдано личните кофликти ги проектира со наводни напади врз него од страна на.„Имаме впечаток дека доколку Рамковски утре се скара со некој свој сосед, повторно за тоа ќе го обвини ВМРО-ДПМНЕ, и дека со тоа сакаме да му сториме нешто лошо на г-дин Рамковски.“, забележуваат од партијата апелирајќи до Рамковски да не врши замена на тезите и неаргументирано да ритикува „бидејќи ова што во моментот се прави ја надминува секоја граница на коректност и професионалност“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.
Сервисни информации
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено
Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.