Македонија
Фатени разбојниците кои до смрт претепаа маж во скопско Бучинци
Полицијата уапси две лица осомничени за разбојништво и насилство врз семејство извршено пред десетина дена во скопското село Бучинци кога еден од членовите од тепањето почина.
Полицијата уапси две лица осомничени за разбојништво и насилство врз семејство извршено пред десетина дена во скопското село Бучинци кога еден од членовите од тепањето почина. Истрагата на полицијата откри дека можни сторители на извршеното кривично дело се лицата С.Ѓ. (18) и Ф.Т. (17), и двајцата од истото село.При претрес во нивните домови биле пронајдени предмети кои биле украдени од куќата (прстени, маска и ракавици – плетени). Полицијата има поднесе кривични пријави за кривично дело – “разбојништво со смртни последици“, а истражен судија на С.Ѓ. му одредил мерка притвор во траење од 30 дена, додека на Ф.Т. во траење од 15 дена.Настанот се случи на 25 октомври кога насилниците дошле во домот на Витомир К. маскирани со црни капи на главата. Зазвониле на влезната врата од куќата по што Витомир ја отворил а насилниците без повод и причина го нападнале и го удирале со дрвена палка по рацете и главата. Во тој момент ќерката на Витомир, која била во дневната соба дошла зад Витомир пришто еден од насилниците ја удрил, а таа избегала во дневната соба каде, пак, едниот од сторителите и задал уште еден удар во задниот дел од главата по што таа паднала на подот преправајќи се дека е мртва. Откако паднала едно од лицата од рацете и одзел два златни прстени. Исто така, нападната и со палки била удирана и сопругата на Витомир – К.О. (74) по што побегнале. По извесно време ќерката на Витомир станала и видела дека татко и мајка и се повредени и крвареле од главата по што веднаш повикала полиција и Брза помош. Екипа од Брза помош тројцата со возило ги пренела во државна болница каде дежурен лекар констатирал тешки телесни повреди кај Витомир и неговата сопруга, по што тие биле задржани за понатамошно лекување. Како резултат на здобиените повреди на 01. 11, Витомир К. почина. крај.км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.
Сервисни информации
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено
Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.