Македонија
Упатен апел за ослободување на притворените од случајот „Пајажина“
Клубот на жени на СДСМ на една година од апсењето, побараа ублажување на мерката притвор за осомничените во случајот „Пајажина“.
Клубот на жени на СДСМ, поддржани од пратеничките на опозиционите партии, експерти од областа на заштитата на човековите права, роднини и пријатели денеска пред истражниот затвор во Шуто Оризари, на една година од апсењето, побараа ублажување на мерката притвор за осомничените во случајот „Пајажина“.
Сметаат дека не постојат законски причини осомничените и понатаму да се држат во притвор, а како дополнителен аргумент наведуваат дека доказната и истражната постапка се веќе поодамна завршени и се обезбедени сите докази кои се сметаат за релевантни.
„Предупредувањата и укажувањата на меѓународната заедница и Народниот правобранител, за супстандардните услови во кои се држат овие луѓе, очигледно не беа доволни за власта. Животот на неколку од притвореничките беше доведен во опасност, една од притвореничките го загуби плодот, а три притворенички за да бидат пуштени во домашен притвор најпрво мораа да завршат на операција, па потоа да бидат пуштени дома“, изјави Цветанка Ласкова, координатор на Клубот на жени на СДСМ.
„Родителите и децата и по една година сè уште остануваат одвоени. Наместо радост и смеа нивните домови и минатите и овие новогодишни празници се исполнети со очекување и неизвесност дали децата оваа година ќе ги видат своите родители. Селективната правда и нечовечкото однесување на власта ги казнува најмалите и најмилите. За власта, мерката притвор наместо како средство за обезбедување служи како мерка за одмаздување и казна. Спроведувањето на скапите и крајно наметливи кампањи од страна на демохристијанската ВМРО – ДПМНЕ кои подразбираат зголемување на семејството и раѓање на трето дете, очигледно е дека биле само евтин популистички трик и куп лаги со цел заработување на политички поени на маката на народот“, рече Ласкова на денешниот собир. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.
Сервисни информации
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено
Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.