Македонија
Медицинскиот тим на АРМ доби посебно признание од НАТО за учество во АЛТЕА
Командантот на силите на НАТО, бригаден генерал Мерле Харт, му додели посебно признание и плакета на медицинскиот тим на АРМ за покажаниот висок степен на стручност, професионализам и интероперабилност за време на шестмесечното учество во мисијата АЛТЕА, соопштуваат од Министерството за одбрана на Република Македонија.
Во соопштението на МО се истакнува дека генерал Харт признанието му го врачил на лидерот на медицинскиот тим на АРМ во АЛТЕА, потполковник Предраг Станојевиќ, на средба што во вторникот се одржа во кампот Бутмир во близина на Сараево.
„Медицинскиот тим на АРМ е составен од 10 лица, стручен медицински и помошен персонал, чија задача во рамките на мисијата АЛТЕА е обезбедување на општа медицинска помош за потребите на силите на ЕУФОР, кои се сместени во кампот Бутмир кај Сараево. Признанието за медицинскиот тим на АРМ од страна на НАТО во Босна и Херцеговина е уште една потврда на оперативните способности на АРМ во делот на санитетското обезбедување, како еден од достигнатите стандарди на Алијансата”, се вели во соопштението на МО./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.
Сервисни информации
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено
Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.
Скопје
Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај
ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија денеска ќе останат делови од општините Петровец, Ѓорче Петвов и Сарај.
– во периодот од 08.30 до 14.30 часот, корисниците од с. Кожле, Тунел Катланово, с.Бадар (општина Петровец)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од дел од ул. 52 кон обиколница во Стопански Двор ( општина Ѓорче Петвов )
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците во Сарај кај општината (општина Сарај)