Македонија
Јанакиески:Развојот на електронските комуникации круцијални за земјата
Владата на Република Македонија развојот на електронските комуникации и информатичкото општество го сваќа како круцијално за развојот на земјата, но и за демократијата и правата на граѓаните.
Владата на Република Македонија развојот на електронските комуникации и информатичкото општество го сваќа како круцијално за развојот на земјата, но и за демократијата и правата на граѓаните.Ова денеска на Електротехничкиот факултет, на отворањето на меѓународната работилница за следната генерација мобилни телефони, го изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.Тој истакна дека во последните четири години во Македонија е направен значаен напредок на полето на либерализацијата на телекомуникацискиот сектор, а најави и скорешно донесување на новиот Закон за електронски комуникации.Јанакиески рече дека во изминатиот период е забележан голем пораст на интернет корисниците во земјата, со што Македонија стана лидер во регионот.„Во 2006. година само 7% користеа интернет, во 2008 веќе 29%, а кон крајот на 2009. година регистрирани се 52% корисници на интернет“, рече Јанакиески.Министерот за транспорт и врски додаде дека македонската Влада и во иднина ќе работи на либерализација на телекомуникацискиот пазар, при тоа истакнувајќи дека во земјата веќе две компании имаат 3Г лиценци, а распишан е тендер за доделување на уште две вакви лиценци.Свен Тенингас од Меѓународната унија за телекомуникации изрази задоволство од она што е постигнато на полето на телекомуникациите во Македонија.На меѓународната работилница 3Г-ХСПА и ЛТЕ, во пресрет на новата генерација на мобилни телефони, учествуваат повеќе експерти од областа на телекомуникацискиот сектор и информатиката од регионот и пошироко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.
Сервисни информации
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено
Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.
Скопје
Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај
ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија денеска ќе останат делови од општините Петровец, Ѓорче Петвов и Сарај.
– во периодот од 08.30 до 14.30 часот, корисниците од с. Кожле, Тунел Катланово, с.Бадар (општина Петровец)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од дел од ул. 52 кон обиколница во Стопански Двор ( општина Ѓорче Петвов )
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците во Сарај кај општината (општина Сарај)