Македонија
ЕУ, ОН и Светска банка ги здружуваат силите во санирањето на последиците од поплавите
Европската унија и Светска банка заедно со агенциите на ОН во земјата одговорија брзо на барањето на Владата за помош во справувањето со штетата предизвикана од катастрофалните поплави кои ја погодија земјава на почетокот од месецов, соопштуваат од ОН.
Покрај тековните напори за помош по оваа непогода, заеднички тим на стручни лица за санација од катастрофи од ЕУ, ООН и Светска банка е распореден на терен за да работат со колегите од земјава во идентификување на причините за поплавите и на проценка на последиците од истите врз населението и економијата.
Гледајќи подалеку од надоместување на штетите, тимот ќе ја заврши Проценката на потребите после катастрофата заради идентификување на долгорочните потреби во делот на обновата и ќе подготви интегрирана стратегија за реконструкција. Проценката се очекува да биде завршена кон крајот од септември 2016-та година, додаваат од ОН.
Анализата на тимот ќе се заснова врз принципите на одржливиот развој. Тоа вклучува обнова и подобрување на оштетената инфраструктура заради зајакнување на нејзината отпорност и зголемување на нејзината улога во спречувањето на вакви слични катастрофи во иднина. Стратегијата за обнова ќе ги идентификува итните приоритети и ќе даде детална проценка на трошоците, обезбедувајќи рамка за донаторска поддршка.
„Поплавите од поројните дождови во август се трета катастрофа од ваков вид што ја погоди земјата во последниве 18 месеци,“ изјави Мартин Клауке, раководител за соработка при Делегацијата на ЕУ во Скопје. „Од овие причини важно е да се гледа подалеку од помошта што се дава во вонредни состојби и санацијата на штетата и да се согледа коренот на причините за катастрофите“, додаде тој.
„Ние заедно ќе се фокусираме на спречување на катастрофите,“ објасни постојаниот координатор на ООН во земјата Луиза Винтон. „Ова значи да се осврнеме на недостатоците во инфраструктурата за заштита, како што се одводните канали и системи. Да се смени однесувањето на населението, да се спречи депонирањето на отпаден материјал во одводните каналите и коритата и да не се градат објекти во делови каде постои висок ризик од поплави. А ова значи и воспоставување на системи за рано предупредување кои можат да алармираат брзо за опасност од поплави од пороен дожд“, вели Винтон.
„Нам навистина ни е жал заради трагичната загуба на животи и загрижени сме заради позачестените екстремни временски состојби, како во регионот така и во земјата“ изјави директорот на Светска банка, Марко Мантованели. „Итното преземање на активности за намалување на постоечкиот ризик од природни непогоди, избегнувањето на креирање на нови фактори на ризик и поефикасната реакција на катастрофи се неопходни за да се минимизираат последиците од овие настани врз населението и економијата во иднина. Светска банка е решена да им помогне на земјите да изградат отпорност на катастрофи преку вградување на ризикот во нивните одлуки за инвестиции“, смета Мантованели.
ЕУ и агенциите на ООН веќе се активни во обезбедувањето помош. Агенциите на ООН обезбедија финансиска помош за Црвениот крст и ги дистрибуираа итно потребните залихи како што се комплети за лична хигиена, хигиенски средства, душеци за спиење и ќебиња од сопствените резерви.
ЕУ веднаш го активираше Механизмот за цивилна заштита на барање на националните власти, а земјите-членки на ЕУ брзо обезбедија финансиска и материјална помош преку овој систем. Европската комисија донираше 150 илјади евра како директна помош, а придонесите од земјите-членки на ЕУ веќе надминаа 2 милиони евра. Во 2015-та, ЕУ одобри пакет од 10 милиони евра за земјата за справување со последиците од поплавите, и преку Директоратот на ЕУ за цивилна заштита и хуманитарна помош обезбеди три милиони евра за регионална програма за поголема подготвеност во случај на катастрофи./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.
Сервисни информации
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено
Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.