Контакт

Патни трошоци

СДСМ: Граѓаните ќе имаат увид во патните трошоци на функционерите

Објавено пред

Секој граѓанин од својот компјутер ќе може да провери колкава е платата на секој јавен функионер и дали и колкави надоместоци зема за патни или други трошоци и слично, ветија во петок од опозициската СДСМ.

„Секој потрошен денар од Буџетот на Република Македонија ќе биде на увид кај граѓаните и сите ќе имаат можност да видат како се трошат нивните пари. Ќе воведеме мерки преку кои секој граѓанин од својот компјутер ќе може да провери колкава е платата на секој јавен функионер и дали и колкави надоместоци зема за патни или други трошоци и слично“, рече Рената Тренеска-Дескоска, од СДСМ; на прес-конференција, со што ќе се спречи злоупотребите на властa.Вети и дека ќе ја зајакнат контролата на Владата од страна на Собранието, затоа што според неа, до сега министрите бегаа од соочување во Собранието, ескивираа од пратеничките прашања кои се поставуваа само еднаш месечно.„Заради зголемена транспарентност на Владата пред Собранието, наместо еднаш во месецот,  пратеничките прашања ќе се одржуваат еднаш неделно, а наместо наместени и популистички телевизиски седници на Владата, јавноста ќе има целосен увид во сите владини документи и заклучоци како што се материјали за седници, дневен ред, записници, и одлуки“, рече Тренеска – Дескоска.Таа потенцира дека ова се само дел од мерките кои ќе ги обезбедат со цел да остварат вистинска транспарентност на клучните државни институции.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Половина милион евра исплатени лани за патни трошоци на пратениците

Објавено пред

Над 525 илјади евра биле исплатени за патни трошоци на пратениците во Собранието минатата година, покажува анализата на „Макфакс“ од податоците до кои дојдовме користејќи го Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Анализата покажува дека донесувањето на законските измени со кои беше намален надоместокот за користење личен автомобил за службени цели влијаело при намалувањето на патните трошоци, сепак на голем дел од пратениците сè уште им се исплатуваат по илјада евра месечно за да одат на работа до Собранието, а потоа да се вратат дома во градовите од внатрешноста.

„Макфакс“ веќе пишуваше за патните трошоци до мај минатата година, кога рекордер беше Бети Рабаџиевска од СДСМ, која живее во Ресен, со потрошени 11.700 евра, а веднаш зад неа Мира Стојчевска од СДСМ од Делчево со 10.396 евра и Алија Камбероски од партијата ПЕИ од Струга со 10.355 евра потрошени за патни трошоци.

Во вторите 6 месеци од годинава, односно од јуни до ноември, на врвот на листата повторно е Камбероски со 8.356 евра, потоа Рабаџиевска со 7.728 евра, Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ од Битола со 7.680 и Емилија Александрова од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ од Берово со потрошени 7.121 евра.

На годишно ниво, сепак, рекордери се Рабаџиевска, Стојчевска и Камбероски.

Евидентно е дека во втората половина на годината трошоците се намалиле, по донесувањето на законските измени, но сепак, тука е и фактот што Собранието не работеше речиси три недели во август минатата година, а во тек беа и летните годишни одмори.

Во изминатите години имаше жестоки реакции дека пратениците кои потекнуваат од подалечните места од Скопје во 2017 и 2018 година зеле високи патни трошоци поради проблематичната методологија на пресметка. Пресметувањето се прави според цената на горивото, километрите и оддалеченоста на местото на живеење и нив ги изготвува автоматска програма во законодавниот дом.

Со одлука на Собранието, пратениците кои имаат право на надомест за користење автомобил во лична сопственост за службени цели во висина од 30% од продажната цена на литар гориво за изминат километар, плус патарините, од пред половина година добиваат 20%. Пратениците прво треба да приложат патна сметка, да се потпишат во списоци за секоја активност во Собранието. Доколку се потпишани, имаат патна сметка и патарини, се внесуваат во програма која автоматски им ги пресметува сумите за патни трошоци.

Пратениците кои живеат на оддалеченост од 100 километри од Собранието имаат можност наместо исплата на патни трошоци, да добијат стан во Скопје на трошок на државата до 400 евра месечно, а до пред неколку месеци, само двајца пратеници го имаа искористено ова право.

Иако во своите анкетни листови некои од пратениците имаат пријавени станови во Скопје, тие сепак се одлучуваат да земаат патни трошоци и да не го напуштаат местото на живеење во внатрешноста.

Прикажи повеќе...

Македонија

Само две пратенички побарале пари за кирија, другите сакаат дневници и да патуваат до Скопје

Објавено пред

Само две пратенички досега побарале да им бидат исплатени парични средства за кирија во Скопје, додека останатите пратеници бараат дневници за да патуваат до главниот град.

Пратеничката од Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска, и пратеничката од Штип, од истата партија, Благица Ласовска, побарале да им биде исплатен надоместок од Собранието во висина од 400 евра за да изнајмат стан во Скопје.

Наемнината на стан е ново право што ќе можат да го користат пратениците, предвидено со измените на законот. Надоместок за закупнина на стан се предвидува за оние пратеници чие место на живеење е надвор од територијата на Град Скопје и доколку не користат надоместок за користење автомобил во лична сопственост за службени цели или надоместок за одвоен живот со семејството.

Ваквата можност се отвори пред две недели откако Комисијата за избори и именувања ги усвои одлуките за доделување паричен надомест од 400 евра за пратениците кои ќе одлучат да изнајмат стан во Скопје. Пратениците имаат избор или да изнајмат стан или, пак, да патуваат со намалените парични средства како надомест за патните трошоци. На оние пратеници кои ќе одлучат да изнајмат стан, ќе им бидат дозволени парични средства од буџетот на Собранието за патни трошоци само за викенди и празници.

На оние пратеници, пак, кои ќе одлучат да патуваат со свој автомобил, паричните средства за патни трошоци ќе им бидат намалени од 30 на 20 отсто, а патарините мора да ги плаќаат електронски, односно со новите картички што ги издава „Македонија пат“, или, пак, со сопствени картички за кои подоцна покрај фискалната сметка ќе мора до Собранието да поднесат и печатена потврда со потпис како доказ за платена патарина.

Од 1 септември пратениците од внатрешноста на државата, кои не поседуваат стан или куќа во Скопје, треба да одберат дали ќе патуваат секој ден до работа со свој автомобил, за што ќе добиваат надомест за гориво во висина од 20 отсто и за патарина, или ќе закупат стан за што Собранието ќе издвои средства најмногу до 400 евра, а трошоците за гориво и патарина ќе им бидат покриени само за викенд и за празници.

Според пресметките на Собранието и тврдењата на пратениците, со ова драстично ќе се намалат средствата за патни трошоци за пратениците. Собранието пристапи кон менување и намалување на начинот за надоместување патни трошоци на пратениците, по повеќе написи и реакции на социјалните мрежи и изнесени суми кои ги зеле пратеници како од претходните собраниски состав, така и од актуелниот.

Промената на начинот на надоместување на патните трошоци во јавноста беше иницирано од СДСМ и владејачкото мнозинство, а поддржано од опозицијата откако во јавноста беа изнесени информации за енормно трошење средства од буџетот за патни трошоци. Некои пратеници по тој основ од Собранието земаа и над 10 000 евра за само неколку месеци. На одлуките им претходеше усвојување од страна на Собранието на измени на законите за пратеници и за плата и за други надоместоци на избрани именувани функционери.

„Макфакс“ годинава објави повеќе истражувачки стории со кои детално го истражува и анализира проблемот со патните трошоци на пратениците. Во првата сторија објавивме дека пратениците и од новиот состав земаат по најмалку 10-12 илјади евра за патување до своето работно место, а потоа го анализиравме и системот според кој Собранието ги прави пресметките за патни трошоци. Пред неколку месеци објавивме нови податоци според кои за само шест месеци одредени пратеници повторно направиле патни трошоци од над 10 илјади евра, и тоа за првите пет месеци од годинава, како и последниот месец од 2017 година.

Прикажи повеќе...

Економија

400 евра за пратениците кои ќе одлучат да изнајмат стан

Објавено пред

На денешната седница на Комисијата за избори и именувања беше донесен предлог за доделување паричен надомест од 400 евра за пратениците кои ќе одлучат да изнајмат стан во Скопје. Пратениците имаат избор или да изнајмат стан или, пак, да патуваат со намалените парични средства како надомест за патните трошоци. На оние пратеници кои ќе одлучат да изнајмат стан, ќе им бидат дозволени парични средства од буџетот на Собранието за патни трошоци само за викенди и празници.

На оние пратеници, пак, кои ќе одлучат да патуваат со свој автомобил, паричните средства за патни трошоци ќе им бидат намалени од 30 на 20 отсто, а патарините мора да ги плаќаат електронски, односно со новите картички што ги издава „Македонија пат“, или, пак, со сопствени картички за кои подоцна покрај фискалната сметка ќе мора до Собранието да поднесат и печатена потврда со потпис како доказ за платена патарина.

Виктор Јованов

 

Прикажи повеќе...

Најново

Вести13 минути

Прва средба Путин – Ким во Владивосток

Светска тема број еден денеска е средбата меѓу рускиот претседател, Владимир Путин, и севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун. Аналитичрите ја споредувааат...

Македонија15 часа

(Видео) ИВЗ: Одлуката на судот е донесена со фалсификувани документи, местото на судиите им е во Зоолошка

ИВЗ обвинува дека Граѓанскиот суд донел одлука за именување нов реис врз основа на фалсификувани документи, печати и потписи. Oд...

Македонија16 часа

ДКСК: Без интервјуа и записници се вработувале роднините на Кирацовски, Бектеши, Адеми

Целиот процес за тоа како тече непотизмот во државните и јавни институции денеска беше обелоденет на седницата на Државната комисија...

Македонија17 часа

(Видео) Ако дозволат временските услови, папата ќе го користи папамобилот

Папата Франциско ќе се вози со папамобилот во зависност од временските услови, а неговата посета во Скопје ќе ја следат...

Македонија17 часа

Прекршочни пријави за претседателот Иванов од антикорупциската

Антикорупциската комисија поведува две прекршочни постапки против претседателот Ѓорге Иванов поради поставувањето генерали во Армијата по распишување на изборите. На...

Избори 201918 часа

(Видео) Заев: Нашите гласачи покажаа дека се разочарани од некои функционери

Нашите гласачи покажаа дека се разочарани од некои функционери. Некои се оттуѓија од народот, други не ги извршија очекувањата. Најавив...

Македонија18 часа

(Видео) Заев: За нас, поглавар на ИВЗ е оној што го утврдуваат законите на Заедницата

Премиерот Зоран Заев во врска со проблемите во ИВЗ рече дека негова работа е да им служи на граѓаните, а...

Топ18 часа

Обвиненија за тројца што силувале дете од Гостиварско, еден од нив го наведувал да нуди и секс на интернет

Основното јавно обвинителство од Гостивар поднесе обвиненија против три лица, кои во март и јули минатата година извршиле обљуба врз...

Македонија21 час

Финансиската полиција денес добила пријава за контрола на работењето во ИВЗ

Управата за финансиска полиција денес добила пријава со барање за финансиска контрола во Исламската верска заедница(ИВЗ). Од Управата демантираат дека...

Македонија21 час

Бузаку: Објектот на ИВЗ е под окупација

Самопрогласенот поглавар на Исламската верска заедница, Скендер Бузаку, кој е назначен на оваа функција со решение од судот, во изјава...

Македонија21 час

ИВЗ: Невозможно е Реџепи да се сретне со Бузаку

Портпаролот на Исламската верска заедница, Агрон Војника, запрашан дали ќе се бара компромисно решение меѓу Сулејман Реџепи и Скендер Бузаку по...

Македонија23 часа

Комисијата за односи со верските заедници демантира вмешаност во превирањата во ИВЗ

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи демантира каква било вмешаност во настаните во Исламската верска заедница. Од...

Свет23 часа

(Видео) Ким Џонг-ун со блиндиран воз пристигна во Русија

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун со блиндиран воз пристигна во Русија, каде што утре во Владивосток ќе се сретне со рускиот...

Македонија2 дена

(Видео) ИВЗ: Судот не одлучува кој ќе биде реис, ако е така нека кажат и кој да биде поглавар на МПЦ

Судот не е тој што одлучува кој ќе биде реис, ако е така нека кажат и кој да биде поглавар...

Свет2 дена

(Видео) Камерите снимија терорист кој влегува во црквата непосредно пред масакрот

Медиумите на Шри Ланка објавија снимка од надзорните камери снимена непосредно пред еден од нападите. Како што известува „Гардијан“, се...

Македонија2 дена

Северна Македонија или Македонија? Караџовски и Адеми расправаa како да ја пишува државата на извештајот

Членовите на Судскиот совет го изгласаа годишниот извештај за работата за 2018 година, но претходно претседателот Зоран Караџовски и членот...

Топ2 дена

Мицкоски: Не е до чистката, туку проблемот е до тој што треба да исчисти

По најавите на премиерот Зоран Заев дека власта ја примила пораката од граѓаните и дека ќе следуваат кадровски промени, лидерот...

Топ2 дена

Поднесено обвинение против родителите чии деца загинаа во пожар во Велес

Против мајката и таткото, чии деца во јуни минатата година загинаа во пожар во куќа во Велес, е поднесено обвинение...

Македонија2 дена

(Видео) Таткото на Саздовски: Родителите да кажат каде е третиот осомничен, кој е во бегство

Ни една мајка не треба да го закопа својот син, казната е толкава колку што е предвидено во законот. Не...

Македонија2 дена

(Видео) По 19 години затвор за убијците на Никола Саздовски

Кривичниот суд во Скопје им одреди по 19 години затвор на Бесим Беља и Скендер Демири, кои на 29 јуни...

Досие