Црна хроника
Езерото мирно – „Илинден“ останува на дното?
Првото планирано извлекување на потонатиот брод беше откажано поради лоши временски услови
Денеска езерото беше „тепсија“, но на местото на несреќата беа единствено дежурните полицајци. Засега како причина се наведува дека се пристигнати неколку понуди, кои Капетанијата Охрид и комисијата за истражување на несреќата ги наведува како причина за одложување на извлекувањето.Не познато дали понудите се јавна набавка, непосредна спогодба или јавен конкурс ? Во комбинација се хрватска,турска и швајцарска фирма. Во меѓувреме, хрватските експерти вршеле преглед на бродот „ Галеб “. Не се знае дали се собирани информации за староста на бродот или за проценка на несреќата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.