Црна хроника
Родителите на убиените кај Смилковци: Да се каже со име и презиме сопственикот на „опелот“ и црниот џип
Родителите на убиените момчиња кај Смилковското езеро очекуваат да се откријат и да се кажат со име и презиме сопствениците на црвениот „опел“ и црниот џип, коишто биле користени во масакрот кај Смилковското езеро.
Црниот џип што го спомена таткото на Александар Накевски, момчето кое беше убиено во масакрот кај Смилковското езеро, Горан Накевски досега не беше споменат на судењето.
„Судењето се одолговлекува многу, не ни е јасно зошто, еве и денеска се одложи за еден месец. Од тоа досега што го слушнавме, што го видовме од материјалните докази има многу предмети на децата. Очекуваме со име и со презиме да се кажат сопствениците на опелот и црниот џип кои учествувале во злосторството на децата. Тие автомобили мораат да имаат сопственик макар да е од Германија последниот сопственик“ изјави Накевски.
Денешното судско рочиште доцнеше еден и пол час и беше одложено за на 16 октомври.
Тројца од обвинетите, Алил Демири, кој е во бегство, Фејзи Азири и Хаки Азири имаат нов адвокат, Ѓорѓи Настевски кој бил во роднинска врска со еден од поротниците во судењето. Поротникот му бил внук од прва братучетка на адвокатот.
Поради роднинската врска и кој да биде изземен од судскиот процес ќе одлучува претседателот на Кривичниот суд.
Адвокатот на обвинетите, Насер Рауфи изјави дека роднинската врска не била многу блиска и дека не мора да се изземе ниту поротникот, ниту адвокатот. Но, сепак тие не се откажуваат од новиот бранител.
„Според мене треба да се изземе поротникот, а не бранителот на обвинетите. Така, судењето ќе почне одново, но само технички. Тоа се докази кои се веќе изведени“ изјави Рауфи.
Се очекува обвинителството да се изјасни и за Сами Љута, новиот обвинет кој беше приведен месецов, под сомнение дека чувал стража додека траел масакрот кај Смилковското езеро. Тој е во притвор и истрагата за него е се уште во тек.
На првообвинетите во случајот, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ им се суди во Косово за нелегално поседување на оружје. Минатата година на Велики четврток без никаква причина беа убиени четири момчиња и еден рибар кај Смилковското езеро./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.