Црна хроника
Притвор за дадилката која малтретираше бебе
Основниот суд Скопје 1 и одреди триесетдневен притвор на дадилката која беше снимена како малтретира деветмесечно бебе.
Случајот беше обелоденет во средата попладне кога обвинителството соопшти дека се води истражна постапка против скопјанка која била ангажирана да чува бебе. Родителите на деветмесечниот Даријан ја ангажирале пред пет месеци, но се посомневале дека жената го малтретира нивниот син кога забележале модринки по неговото тело. По соопштението на Обвинителството тетката на бебето на социјалната мрежа Facebook објави видео од скриена камера што ја поставил таткото на бебето, на кое се гледа како дадилката наместо да го чува, го малтретира бебето.„Оваа жена -монструм “се грижеше” за Даријан 5 месеци, а ова видео е од само еден ден…Камерата ја постави брат ми,со сомневање дека нешто се случува откако на Даријан му пронаоѓавме модрици по телото и главата! Не ме прашувајте низ каков шок и траума поминавме кога ја пуштивме камерата…На ова никој нема да остане рамнодушен!“, напиша тетката.Дадилката пред судот тврдела дека не е виновна, а нејзиниот адвокат Ванчо Митев, кој исто така се огласи преку Facebook, напиша дека снимката била незаконски прибавена.„Истакнав приговор дека притворот се бара брз основа на доказ кој е незаконски прибавен и со тоа судијата е должен веднаш да го издвои. Впрочем истиот суд пред кратко време за друг познат случај зазеде таков став, но како ќе одлучи во овој случај ќе видиме“, напиша Митев кој се претставува како адвокат на обвиненета, алудирајќи на одлуката на судот да ги издвои прислушуваните разговори од „бомбите“ во постапката што се води против високи владини функционери.По проучување на кривичната пријава и доказите, јавниот обвинител најде дека постои основано сомнение за сторено кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 од Кривичниот законик, за кое е определена казна затвор од една до десет години./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.