Македонија
Ахмети: ДУИ широко ја испитува секоја можност за формирање влада
Важноста на одлуката дали и со кого би се формирала новата влада во Македонија, по изборите одржани на 11 декември е голема и затоа Демократската унија за интеграција (ДУИ), внимателно го разгледува тоа прашање, порачал лидерот на ДУИ Али Ахмети на средбата со Амбасадорката на Турција во Македонија, Тулин Еркал Кара.
Ахмети и амбасадорката на Турција разговараа околу политичката ситуација во земјата и билатералните односи помеѓу Скопје и Анкара.
Лидерот Ахмети и честита на Амбасадорката Тулин Еркал Кара за новата задача посакувајќи и здравје и успех во нејзината работа.
Ахмети ги презентира петте можни опции на ДУИ за излез од политичката криза нагласувајќи го нашиот внимателен пристап во решавањето на овој ќор-сокак поради големата чувствителност на ситуацијата во земјата, но и во регионот.
„ДУИ ја има предвид важноста на нашата одлука и затоа суштински и широко ја испитува секоја веројатност, предностите и последиците што може да ги донесе нашата определба“, се вели во партиското соопштение.
Ахмети ги осуди неуспешните обиди за државен удар во Турција велејќи дека преземањето на власта со сила е неприфатливо и, исто така, ги осуди терористичките напади во Турција покажувајќи солидарност со турскиот народ и сочувство до жртвите.
Соговорниците исто така разговараа и за други прашања од заеднички интерес и се согласија да продолжат со конструктивен дијалог./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.
Сервисни информации
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено
Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.
Скопје
Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај
ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија денеска ќе останат делови од општините Петровец, Ѓорче Петвов и Сарај.
– во периодот од 08.30 до 14.30 часот, корисниците од с. Кожле, Тунел Катланово, с.Бадар (општина Петровец)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од дел од ул. 52 кон обиколница во Стопански Двор ( општина Ѓорче Петвов )
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците во Сарај кај општината (општина Сарај)