Македонија
СЈО ќе се жали за неизрекувањето притвор од случајот „Труст“, Фетаи останува во обвинителството
Од Специјалното јавно обвинителство информираа дека ќе го обжалат решението на судијата на претходна постапка при Основниот Суд Скопје 1 за неизрекување на мерка притвор за првоосомниченото лице во предметот „Труст“.
Претходно, од Кривичниот суд соопштија дека во однос на лицето С.К. по разгледување и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот за определување мерка притвор, судијата на претходна постапка донесе решение со кое го одби предлогот на СЈО.
За лицето В.А. Јавниот обвинител од СЈО пред судија на претходна постапка го повлече предлогот за определување мерка притвор и предложи определување мерки за претпазливост што по разгледување и ценење од страна на судијата на претходна постапка беше уважен и со решение определени се мерки – Забрана за воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица и мерка Забрана за преземање определни работни активности кои се поврзани со кривичното дело.
Од СЈО ги демантираа како целосно невистинити сите шпекулации во определени медиуми со кои се тврди дека обвинителката Фатиме Фетаи нема да биде дел од ова Јавно обвинителство.
Како што пренесуваа некои медиуми, наводно Фетаи подготвила случај за функционери од албанска политичка партија, а Јанева не дозволила да се објави за да не се нарушат преговорите на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за добивање мандат и иевентуално формирање влада./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствувале безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што велат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.
Сервисни информации
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено
Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.