Македонија
ВМРО-ДПМНЕ за кампањата потрошила повеќе од милион евра, СДСМ 231.544 евра
Партијата ВМРО-ДПМНЕ потрошила 1.191.000 евра или 73.251.358 денари во кампањата за парламентарните избори 2016 година, покажува финансискиот извештај од оваа партија што во сабота е доставен до Државната изборна комисија.
Според извештајот, за реклама и пропаганда се потрошени 847.686 евра или 52.132.704 денари. За репрезентации потрошени се околу 6.000 евра, за други услуги околу 5.500 евра, за патни трошоци и дневници околу 8.500 евра.
ВМРО-ДПМНЕ пријавила приходи од донации во износ од 10.700.136 денари или околу 174.000 евра.Лидерот на партијата, Никола Груевски, според списокот за донации, донирал 45.000 денари. Според извештајот, партијата пријавила дека е во минус околу 1.024.000 евра.
Во финансискиот извештај на СДСМ, доставен до ДИК, се наведени вкупни расходи од изборната кампања во износ од 231.544 евра или 14.239.935 денари. Партијата пријавила приход од донации во износ од 17.814.055 денари или 289.659 евра. За реклами и пропаганда СДСМ потрошил 13.646.691 денар или 221.897 евра.
ДУИ пријавила приходи од 4.805.300 денари или 78.134 евра, а расходи во износ од 17.348.455 денари или 280.235 евра. При тоа за реклама и пропаганда се потрошени 250.164 евра.
ДПА пријавила приходи во износ од 333.000 од донации, а расходи во износ од милион и 610.370 денари или 26.185 евра.
Најмалку пари во кампањата потрошила Левица, која од донации собрала 18.500 денари, а потрошила 41.216 денари./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денес во 12 затворени улици во Скопје, ќе се протестира против Усје
Во централното подрачје на Скопје денеска ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради протестниот марш „Стоп за Цементара“, закажан во 12 часот.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, маршот почнува пред Владата на булевар „Илинден“, десно по булевар „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улица „11 Октомври“ до пред Собрание и лево по улица „Филип Втори Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
– Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници, се наведува во соопштението.
Македонија
Прoменливо облачно со слаб повремен локален дожд
Времето денеска ќе биде прoменливо облачно со слаб повремен локален дожд, а на планините и на повисоките места ќе има слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до шест, а максималната ќе достигне од седум до 11 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до пет, а максималната ќе достигне до 10 степени.
УХМР информира дека ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има утре кога ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ реагира: Ако СДСМ не ја краделе државата, минималната плата денес ќе беше и повисока
Предлог-законот на СДСМ за минимална плата од 600 евра е доказ дека доколку не ја краделе државата додека биле на власт, работниците денес ќе имале и повисока минимална плата, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата наведуваат дека СДСМ денес поднеле предлог-закон со кој се предвидува минимална плата од 600 евра и дека во истиот навеле дека за таа мерка се потребни околу 7,5 милијарди денари, односно околу 110 милиони евра, но не објасниле од каде би се обезбедиле тие средства.
Според ВМРО-ДПМНЕ, добрата страна на предлог-законот е што, како што велат, покажува дека СДС имале можност во минатото да ја зголемат минималната плата и до 600 евра, но тоа не го направиле.
Во реакцијата се наведува и дека доколку не била дозволена злоупотреба на околу 170 милиони евра државни пари за набавка на, како што велат, канцероген мазут со кој бил загадуван воздухот, работниците денес можеле да имаат и повисока минимална плата, можеби и од 700 евра.
Од ВМРО-ДПМНЕ дополнуваат дека СДСМ и ДУИ, според нив, наместо да работат во интерес на граѓаните, гледале како да ја ограбат државата и да си ги наполнат сопствените џебови.

