Контакт

Анализи

Корбико: Грција е соучесник во користењето на бегалците против Македонија

Објавено пред

Грчката влада е меѓу соучесниците во користењето на бегалците од Блискиот исток како оружје против Македонија, смета аналитичарот и експерт за ситуацијата на Балканот Андреј Корбико, во ексклузивното итнервји Програмата „Гласот на народот со Слободан Томиќ“ на ТВ Сонце

dobivaj vesti na viber

Како ја оценувате актуелната ситуација со бегалците од Среден Исток кои што поминуваат низ Македонија и Србија на патот до ЕУ?Корбико: Кризата е потполно вон контрола и таа е резултат на операциите на САД и нивните сојузници за промена на режимот во Либија и Сирија. Европа ништо не добива од ова, и загрижено се обидува да ги ублажи последиците, а во исто време остава впечаток дека делумно ги почитува нејзините широко промовирани „вредности“, но обратно, проблемите на Европа претставуваат добивка на САД. Вашингтон гледа на тоа како да најистакнатите држави на континентот (особено Франција и Германија) се фатени во една демографски кошмар, временска бомба којашто може стратешки да биде активирана по желба и во случај доколку овие држави некогаш решат да се стремат кон политики независни од диктатите на САД. Тие веќе си имаа свои проблеми коишто постоеја и пред ова, но сега тие се влошени и создаваат јасна тензија меѓу групи на идентитети и политички партии, отворајќи нови патишта за САД да ги спроведуваат нивните стереотипни политики на „раздели па владеј“ кога е тоа потребно. Искрено кажано, САД со цел ги создадоа состојбите коишто ја поттикнаа бегалската криза, и ги користат како оружје поединците кои бегаат од тие простори за да ги искористат како несвесни алатки во една поголема игра на моќ против Европа. Во текот на настаните, бегалците (идентификувани од страна на САД како „стратешко оружје/ средства“ крстосуваат низ Балканот и истовремено остваруваат една од другите цели на Вашингтон, а тоа е дестабилизација на Србија и Македонија. Сето она што се случува претставува во основа примена на Теоријата на хаос во геополитички контекст.

 

Зошто тие ја бираат оваа рута? Дали е тоа случајно или нешто што е свесно одбрано?Корбико: САД вршат одредено влијание врз ситуацијата за да ги „насочуваат“ бегалците долж оваа рута, исто онака како што се способни да ја насочуваат Исламската држава во правец на нивните заеднички стратешки цели во Сирија, на пример. За да ја исполнат оваа задача, нивните разузнавачки агенции вршат влијание врз тајната мрежа на шверцери со луѓе, со што ги олеснуваат овие бранови од мигранти убедувајќи ги да веруваат дека рутата Македонија – Србија – Унгарија е најбрза и најбезбедна за нивните „клиенти“. Од гледна точка на мигрантите и шверцерите на луѓе, ова ги задоволува критериумите коишто тие ги бараат – брзина и релативна сигурност (да не бидат фатени), додека за САД, со тоа се постигнува дестабилизација на овие две геостратешки држави со мал или никаков трошок за Вашингтон. Сето тоа се прави преку посредници, а САД треба само да ги создадат потребните услови и да го поттикнат насочувањето со цел да предизвикаат хаотични процеси коишто тие ги поттикнале за тие истите самостојно да го пореметат дадениот поредок.

Зошто нашиот јужен сосед Грција организира автобуси и ги праќа бегалците на нашата граница? Зарем не треба да ги испрати онаму од каде што дошле?Корбико: Отпрвин изгледа како да грчката влада беше потполно изненадена од кризата и не беше во состојба да ја запре (исто така, беше намерно лишена од помошта од нејзините „сојузници“ ЕУ и НАТО како дел од еден „механизам за пазарење“ за да се изврши притисок врз владата на Ципрас да го прифати договорот за долгот), но сега е јасно дека некои Грци активно го потпомагаат и поттикнуваат овој процес. Она што навистина се истакнува како доказ за ова е планот на грчката влада да ги испрати со брод бегалците од островот Кос до северното крајбрежје на Грција со што ќе им се овозможи лесен пристап до македонската граница. Зошто тие да не се испратат поблиску до албанската или бугарската граница, зошто на македонската граница? Дали можеби затоа што одредени личности во Грција имаат длабоко всадени одмазнички намери против Македонија и нејзиниот народ и сакаат оваа криза да ја искористат за да ја казнат земјата? Дали можеби истите овие владини личности добиваат наредби од ЕУ и НАТО да ги извршуваат овие функции како дел од еден договор во сенка заради добивање финансиска помош од ЕУ? Без разлика која е причината, станува очигледно дека одредени личности во грчката влада се соучесници во користењето на бегалците од Блискиот исток како оружје против Македонија.

Зошто НАТО или некој друг не им помага на бегалците? Јасно е дека овие луѓе ја сметаат Европа како земја од соништата, но зошто е тоа така? И зошто тие одат преку православни држави на нивниот пат до Шенген зоната, зошто не одат преку Албанија – Босна – Хрватска – Словенија? На крајот на краиштата, тие се дел од Европа, но дали можеби НАТО внимава на своите интереси во овие земји и ги пренасочува мигрантите во други земји?Корбико: Македонија е одбрана од неколку причини, но сите тие водат до промената на власта којашто беше планирана против земјата и за која Зоран Заев се обиде да ја спроведе (кој работеше во корист на неговите американски патрони). Нема некоја битна карактеристика што ја прави Македонија „поатрактивна“ за мигрантите во споредба со Албанија или Бугарија, на пример, а и истите рути на превоз од север кон југ за коишто некои аналитичари велат дека се погодни за мигрантите, ги има исто така и во двете овие земји. Згора на сé, зошто мигрантите едноставно не го користат копнениот дел од Грција, како док преку кој што ќе отпловат за Италија? Причината зошто САД и нивните разузнавачки служби не ги промовираат овие рути е бидејќи тие имаат специфично одредени стратешки цели коишто ги постигнуваат со насочување на мигрантите преку Македонија и Србија. Тие ги заплашуваат шверцерите со луѓе така да не помислат да одат преку Албанија, Бугарија или преку Јонското Море, бидејќи ќе бидат уапсени, што претставува начин на којшто тие ги наведуваат да ја одберат рутата Македонија – Србија. САД се многу свесни за дестабилизацијата којашто следи по налетот на десетиците илјади бегалци коишто ќе ги преплават границите на овие релативно мали држави, што е причина зошто САД прават сé за да спречат тоа да се одвива преку нивните Албанија и Бугарија, па наместо тоа намерно ги насочуваат овие илегални мигрантски групи кон Македонија и Србија.

 

Зошто мигрантите не одат во Саудиска Арабија, Катар и слични земји во регионот? Овие земји имаат иста религија, како и најголемиот дел од мигрантите и исто така се меѓу најбогатите земји во светот.Корбико: Саудиска Арабија и Катар ги сакаат само мигрантите коишто можат да работат како слуги и да бидат контролирани, па затоа тие наместо нив, повеќе ги сакаат имигрантите од Јужна Азија, односно од Индија и Пакистан. Осиромашените жители на Сирија и Либија би претставувале товар за нивните национални буџети, коишто и двете сунитски апсолутистички монархии повеќе сакаат да ги чуваат исклучително за бенефитот на нивните актуелни граѓани. Исто така, мигрантите бегаат од региони каде што има секташки војни и терористички групи, а овие две земји се најголемите државни спонзори на тероризмот во светот, со нивните идеологии со коишто директно се префрлува вината за војните во Либија и Сирија. Поради тие причини, овие бегалци не одат во ниедна од тие држави, и плус, тие знаат дека дури и во случај да решат тоа да го направат, веднаш ќе бидат исфрлени, затворени или евентуално и убиени од страна на безбедносните сили, што е и многу поверојатно, доколку тие не му припаѓаат на сунитскиот ислам.

 

Како може Македонија евентуално да се справи со оваа криза и кој може да ѝ помогне?Корбико: Македонија зазеде патриотски и прагматичен став со тоа што прогласи вонредна состојба и привремено го ограничи пристапот преку нејзината јужна граница, но ова се покажа како недоволно за да се спречи огромниот бран бегалци. Кога масата стана насилна и војската беше принудена да одговори со гасни бомби и гумени куршуми, Скопје се соочи со нејасна критика од страна на ЕУ за „човековите права“ и „прекумерна употреба на сила“, што покажа дека Брисел не е искрен во помагањето на Македонија да го реши овој проблем. Така, владата е изложена на огромен притисок да го одбере „помалото зло“ и да им дозволи на мигрантите да минуваат преку нејзината територија на колку е можно поконтролиран начин, наместо да не им дозволи влез од грчката граница. Овој избор беше направен бидејќи Македонија не добива никаква помош од нејзините „партнери“ за да ги спречи да поминуваат, а не сака да биде во позиција во којашто каква и да е употреба на сила против нив ќе биде манипулирана од страна на меѓународните (западните) медиуми во ситуација кога настапува нова рунда на анти-владина агитација.

Во еден идеален свет, ЕУ и НАТО немаше да ги отпочнат војните против Либија и Сирија кои претходеа на оваа криза, но во услови кога тие, за жал, се случија и ситуацијата е онаква каква што е во моментов, ако тие ѝ беа вистински „партнери“ на Македонија и имаа намера да ѝ помогнат, тогаш тие ќе пратеа повеќе од скромни и недоволни средства. Всушност, тие ќе заземеа активен став во решавањето на проблемот на неговиот континентален извор, Грција и соодветно ќе ѝ помогнеа на тамошната влада. Но, ништо од ова не се случи и ЕУ само фрла пари за проблемот за да изгледа дека таа нешто прави. Во реалноста, таа попрво би ги оставила бегалците на Балканот и би се оградила од регионот доколку се појави потреба од тоа. Македонија, всушност, нема ниеден пријател во ЕУ, НАТО или грчката влада и оваа криза едноставно го докажува она во што многу луѓе веќе се сомневаат.

Кој е ставот Русија во оваа ситуација и каква улога може таа да игра во борбата против Исламската држава? Причината за ова прашање е затоа што има една особено интересна анализа којашто доаѓа од земјата на академикот и историчар Јелена Гускова, која предупредува дека ткн проект „Зелена трансверзала“ е речиси готов и чека на последната фаза за да отпочне со работа кон крајот на август. Во врска со тоа, таа вели дека вооружени терористи ќе ја нападнат Македонија, Јужна Србија (Прешевската долина) и Босна. Пред тоа, таа вели дека терористите ќе се обидат да извршат диверзија во Србија за да го одвратат вниманието на српското население, со цел да ги фатат неспремни за претстојниот напад. Што мислите за ова?Корбико: Ова е многу опширно прашање, но ќе се обидам да одговорам колку е можно поконцизно. Русија верува дека САД и НАТО се виновни за кризата со бегалците, бидејќи тие ги иницираа конфликтите поврзани со промената на режимот во Либија и Сирија. Што се однесува до улогата на Русија во борбата против Исламската држава, јас напишав еден опширен напис за Sputnik во врска со нејзините неодамнешни дипломатски напори за координирање на една сеопфатна анти-ИСИС коалиција, што им го препорачувам на читателите да го прочитаат доколку се заинтересирани.

Што се однесува до Гускова, таа дава одлична забелешка во врска со американската стратегија на Балканот, а тоа е дека САД сакаат да го искористат исламскиот екстремизам како нивен омилен „чинител за промена“ во срцето на регионот (Македонија, Србија и Босна), иако не сум сигурен кога точно формално повторно ќе го искористат овој механизам. Македонија успеа да спречи поголема терористичка војна кога нејзината војска изврши упад во засолништето во Куманово и ги спречи стрителите да го нападнат Скопје и други места, но заканата сé уште останува. Слично, таа иста закана од тероризмот поврзан со Албанците е, исто така, присутна во Прешевската долина, но треба да се нагласи дека огромното мнозинство Албанци во двете земји (особено оние во Македонија) не сакаат да бидат вмешани во таа шема, но тоа се поврзува со нив и со нивната етничка група заради американските големи стратешки побуди. Босна е во слична ситуација кога станува збор за исламскиот тероризам, исто така, пишував за ова во еден друг напис за Sputnik.

Дали ова треба да се земе сериозно, или е ова вид на спин што произлегува од Русија и што има намера да ги поремети односите со САД и ЕУ во регионот?Корбико: Проценката на Гускова многу личи на мојата проценка за регионот и двете наши предвидувања треба да се земат со најголема сериозност заради можните далекусежни последици. Самиот факт што и двајцата живееме во Русија не значи дека ние имаме некаква конспиративна причина за нашите анализи и дека и двете се засновани врз доволно документирани факти и стратешко размислување за да се спротивстават на меѓусебна критика. Најмногу што може некој негатор да укаже е дека САД немаат ваков вид на „намера“ којашто Гускова и јас им ја припишавме, но како одговор на тоа, јас би сакал читателот да се потсети на наменските деструктивни политики на САД низ целиот свет со кои се побива таа сугестија. За САД, Балканот претставува идно исламско терористичко „игралиште“ за кое се смета дека е „резервна сила“ за вршење притисок врз Европа во одреден момент и во вистинско време.

Еден дел од причината за ова е геополички (Балканот е „совршена излезна врата“ на ЕУ), а другиот дел е поврзан со енергијата (да се дестабилизираат владите на Македонија и Србија коишто се пријателски настроени кон Русија, за да го саботираат Балканскиот (Турскиот) тек), но сé на сé, САД имаат особено реални стратешки причини зошто тие сакаат да го уништат Балканот во ситуација кога не можат да го котролираат во потполност. Исто така, соработката со исламските фундаменталисти усмерена кон големите стратешки цели не е ништо ново за САД, бидејќи секој од нас е многу свесен за тоа како САД ги финансираше Ал Каеда и талибаните, а документот на Judicial Watch кој што беше објавен во мај докажува дека Агенцијата за разузнавање при Министерството за одбрана (DIA) го предвиде подемот на Исламската држава и активно го поттикна ваквото сценарио. САД не работат само со меѓународни исламски екстремисти, туку и со оние коишто се организирани од државите, како што е Саудиска Арабија, па дури и Морсиевата поранешната влада на Муслиманското братство во Египет. Во врска со второво, читателот треба да се потсети дека Муслиманското братство е назначено како терористичка организација, меѓу другите, од страна на владите на Русија и Сирија, така што обвинувањата дека САД соработува со терористите не е само реторика, туку правна реалност.

 

Друга работа за којашто таа (Гускова) зборува е како терористите ќе извршат напад во кој што ќе загубат животи многу албански цивили коишто потоа ќе бидат изложени на притисок за покренување на борба за „спас од тиранијата“ на која што тие се подложени во Македонија, Србија и Босна. Таа предупредува дека најголема можност ова да се случи има во Република Српска, и дека под изговор за „регулирање на ситуацијата“, НАТО може да изврши интервенција. Корбико: Тоа е многу реално сценарио, но јас би отишол уште еден чекор натаму и ќе предвидам дека овие лажни воени операции нема да бидат насочени само кон Албанците, туку кон муслиманите општо (доколку тоа се случи). Веќе имаше обиди да се исполитизира антитерористичката операција спроведена во Куманово со обиди таа да се претстави како некаква војна меѓу „Словени/христијани и Албанци/муслимани“, но за среќа, таквата бедна и искривена перспектива не беше прифатена и беше разоткриена како лага каква што и беше. Но, сепак, тоа покажува дека постои преседан да се означат сите Албанци/муслимани како жртви на Словените/христијаните без оглед на контекстот, а сето тоа со намера да се поттикне верска „против-борба“, еден актуелен џихад, против мнозинските жители на Балканот (христијански Словени).

Ова не е во ничија полза, туку навистина е уште една итра манипулација на САД да се предизвика војна на идентитети на целиот регион под мотото „подели и освој“. Историјата на инволвираност на САД во Босна и Косово укажува дека тие веднаш ќе застанат на страната на муслиманите доколку искрсне конфликт и ќе одлучи директно да интервенира, но оваа група ќе функционира само како „погодни будали“ на САД и тие на крајот ќе бидат предадени дури и побрзо отколку што САД се свртеа против нивниот долгогодишен сојузник Мубарак доколку САД сметаат дека тоа е стратешки погодно. Ако тие мислат дека да се биде муслиман автоматски им дава право на привилегиран третман од страна на владата на САД, тогаш тие очигледно не се свесни за американскта историја на Блискиот исток, бидејќи порано или подоцна, и тие ќе бидат предадени во одреден момент, без оглед дали тие го сфаќаат тоа или не.

 

Гускова, исто така, го проучува влијанието на Исламската држава на Балканот, и според неа, терористите навлегуваат во регионот под изговор дека се бегалци од Блискиот исток. Што мислите вие за ова?Корбико: И повторно, г-ѓа Гускова е апсолутно во право. Како и што кажав кај Марија Котовска во текот на едно интервју за Нетпрес коешто таа го направи со мене на крајот на јули годинава. „Од Унгарија изјавија дека до сега најмалку 90.000 луѓе илегално влегле во оваа земја и дека очекуваат таа бројка да порасне до 300.000 до крајот на годината. Најверојатно е дека поголемиот дел од нив дошле преку јужниот правец што значи дека тие поминале низ Македонија во одреден момент. Земајќи предвид една крајно конзервативна проценка дека 1 отсто од нив би можеле да бидат терористи, тогаш тоа ќе доведе до бројка од речиси 1.000 терористи до сега (и ќе достигне до 3.000 до крајот на годината) кои што влегуваат во Македонија на неодредено време. Или да појасниме, тоа изнесува околу 100 пати повеќе од бројот на терористи кои што беа убиени во текот на нападот во Куманово“.

Нема сомнение дека бегалската криза се користи од страна на терористички групи како изговор за навлегување во регионот и ова се прави со потполна усогласеност со препораките на американската надворешна политика. Исламската држава во основа е „територијална Ал Каеда“ којашто може да се активира каде било во Африка – Евроазија што е од стратешка корист за САД и сега за сега тоа изгледа како да нивната најнова арена ќе биде Балканот, со користење на благонаклонетите Албанци (кои се само мал дел од нивното целокупно население, тоа треба да се нагласи) како нивно локално сидриште.

Целта е да се радикализира транснационалната албанска заедница, особено во Македонија и Србија така што ќе се предизвика поголема војна помеѓу христијаните/Словените и муслиманите/Албанците за којашто САД се надеваат дека ќе се случи. Се надеваме дека и двете страни сфаќаат што е во прашање и како САД очајнички се обидува да манипулира со нив во ова страшно сценарио.

 

Гускова вели дека Американците сакаат да го покорат словенскиот народ на Балканот, народ којшто тие никогаш не го покориле, и покрај огромниот притисок против нив и наметнување на одредени марионетски режими. Таа укажува дека Република Српска ја зацврстува својата позиција, Македонија ја брани својата независност, а Србија одбива да го признае Косово. Што мислите вие? Корбико: Секако е вистина дека Македонија, Србија и Република Српска останале единствени коишто допрва треба да се покорат, и покрај одредени периоди од нивната историја кога тоа можело за малку да се случи, но САД се желни да доминираат врз сите народи на Балканот, како и да го прави тоа постојано со оние коишто моментално ги контролираат (Бошњаци, Хрвати, Албанци). Македонија, Србија и Република Српска формираат една геостратешка мрежа на држави кои јас ги нареков „Централен Балкан“, затоа што тие не претставуваат само географски центар на овој регион, туку исто така она што им е заедничко е нивниот силен патриотизам кога треба да се справат со некаква надворешна доминација. Натаму, сите три водат прагматични политики со Русија.

Тоа кажува дека некои од најмалите држави во Европа всушност се единствените коишто имаат храброст да се спротивстават на притисокот на САД во врска со санкциите против Русија, бидејќи тие не само што го одбиле тоа, туку воспоставиле дури и подлабоки врски со Москва во текот на овој период преку нивната соработка на проектот за Балканскиот гасовод. Нивните симболични дејства означуваат одбивање на униполарноста која што САД се обидуваат да ја наметнат, и согласно тоа, како одговор САД ги таргетирал овие земји за непосредна дестабилизација. Тоа е причината зошто на Македонија и се случија Обоена револуција и обиди за неконвенционална војна од страна на Албанците насочена против неа, Србија е растргната од страна на ЕУ и САД, а Република Српска треба да ги издржи слабо прикриените терористички закани од лојалистите во Сараево. Тогаш, на тоа не треба да се гледа како на коинциденција дека сите три земји, а особено Македонија и Србија, се сега фокусни точки на бегалската криза.

 

Постои забележителен пораст во активностите на терористичките организации и исламистите на Балканот. Може да се најдат „вехабисти“ и „Црвена роза“ во Србија и Црна Гора, „тарик“ во Македонија, како и ќелии на Ал Каеда на Косово и во Северна Албанија. Каков е вашиот коментар во врска со ова?Корбико: Создавањето на терористички гнезда, како што се оние коишто вие ги спомнавте е основниот дел на поголемата стратегија на отпочнување на регионалната војна меѓу Словените/христијаните и Албанците/муслиманите планирана од страна на САД. Муслиманското население на Балканот природно не е приемчиво на оваа реторика, па затоа САД мора да го „измие“ мозокот преку внесување радикални исламисти под закрила на бегалската криза. Исто така, некои од бегалците може да бидат пофундаменталистички настроени отколку муслиманските верници коишто се историски врзани за Балканот, па така ако тие останат во регионот (или поради немање избор или затоа што тие едноставно не можат да влезат во ЕУ), некои од нив би можеле да поработат на менување на ставовите на локалното население во врска со ова.

Психолошките операции коишто се водеа против регионот, значи, не се фокусирани толку многу врз Македонија, Србија и Република Српска (иако тие се дефинитивно таргетирани, иако од различни [промена на режим] причини), туку врз Албанците и Бошњаците во обид да се натераат да ги гледаат сите регионални случувања низ лажната и крајно секуларизирана призма на „Војна за исламот“. Ако САД можат да „исперат“ мозок на најмалку 10 отсто од секоја од овие одделни муслимански заедници кои што ќе наседнат на таа пропаганда (ткн теорија на драматична промена (tipping point theory), тогаш тие ќе можат да имаат доволно голема „домашна сила/подмладок на секое од трите можни боишта (Македонија, Србија и Република Српска) за да иницираат таква војна и да бидат убедени дека тие ќе „издржат“ да опстојат бескрајно и „автономно“. Ова е причината зошто иницијативите за контра-радикализација во името на секоја влада и нивните локални муслумански претставници во таа влада се важни во спречувањето на овој опасен развој и треба веднаш да бидат имплементирани доколку не се.

 

Во БиХ, неодамна, исламистите истапија со барања земјата да остане унитарна под имплицитна закана дека секоја промена во нејзиниот статус би можела да доведе до терористички напад и други дестабилизирачки дејствија. Дали е можно ова да биде дел од проектот „Зелена трансверзала“?Корбико: Ова е дефинитивно поврзано со поголемиот проект за кој што ние дискутиравме и геополитичкото насилство на САД врз Централен Балкан. Република Српска има уставно право да го одбие судскиот систем на ниво на целата држава за кој се залага Сараево, бидејќи нема ништо што е содржано во Дејтонскиот договор за неопходноста од вакво тело. Тогаш, причинита што таа е притисната, е да се ослаби суверенитетот на Републиката со цел да се подготви една поширока игра на моќ против нејзината целосна автономија, а затоа претседателот Додик и неговиот народ одлучно го одбива тоа и тие жестоко се борат против тоа. Сепак, сега откако тие го зазедоа својот став, сараевските лојалисти иницираат една однапред планирана информациска војна со која се обвинува Република Српска за „сепаратизам“ и прекршување на Дејтонскиот договор“.

Ова не е вистина во која и да е форма, но тие го прават ова за да му наштетат на угледот на Републиката и да створат услови за европските и американските народи за претстојниот бран на формална агресија против неа. Тоа е она што всушност беше поента на провокацијата на Советот на безбедност на ОН и на ОК во Сребреница насочена кон тоа да ја претстави Република Српска како ентитет „создаден со геноцид“ кој што нема право да постои. Русија стави вето на резолуцијата токму заради оваа причина, но поучниот момент овде е дека Запад откри што планира да прави во Босна. Тој води асиметрична војна против Република Српска која што е веќе во фаза на информации, со крајна цел да ја пренесе во економска и терористичка фаза кога ќе се донесе таква одлука. Ослободувањето на злото (Unleashing the scourge) на исламскиот тероризам против неа (слично на она што се случи во текот на „обидот“ во Зворник) е наменето да служи како еден од поттиците за поширока регионална војна која што ја заговараат САД.

Според некои анализи, ѕидот на унгарската граница значително ќе го зголеми бројот на мигранти од Средниот исток кои што ќе останат во Србија и Македонија, а чиј што вистински идентитет никогаш не може да биде потврден. Што мислите за оваа закана?Корбико: Ѕидот е одговор на Европа на кризата којашто, како што спомнав на почетокот на ова интервју, е херметички да се изолира од Балканот доколку ситуацијата нема да може да се контролира. Фактот дека Унгарија се движи напред со таква брзина во имплементирањето на оваа идеја покажува колку е сериозна нејзината влада во справувањето со оваа криза (и колку сериозна таа очекува да стане во иднина), и бидејќи таа беше прифатена од ЕУ без некои позначајни замерки, тоа исто така може да се протолкува како Брисел да го зема проблемот во свои раце. Ова е важно, бидејќи навистина покажува како ЕУ се откажува од Србија и Македонија во едно важно време во кое што на двете земји им треба секоја можна помош, со што се открива дека Брисел никогаш немал какви било позитивни намери кон која било од двете негови можни членки. На овие две земји отсекогаш се гледало како на идни пазари и ништо друго, за кои што никогаш не се размислувало како за еднакви партнери и тоа е причината зошто на ЕУ не и пречи што безбројните бегалци и терориристи кои што се инфилтрирале во целиот регион треба да останат под целосна контрола на Балканот. Социјалните, економските, политичките и безбедносните дестабилизации поврзани со тоа имаат огромно влијание во секој поглед и навистина можат да ја пореметат секоја од засегнатите земји, но ЕУ одбира да не се справува со ова и попрво би го прифатила можниот колапс на државите на Централниот Балкан наместо да даде вистинска помош и придонес на нивните напори.

 

Најголемиот делод бегалците се мажи на возраст од 27-35 години, од кои 94 отсто се муслимани, од кои повеќе од половина немаат семејство и ги избегнуваат сите форми на изложување на медиуми. Кој ги финансира овие луѓе, или како тие успеваат да се издржуваат?Корбико: Како што претходно кажав, огромното мнозинство од бегалците не се терористи, но многумина од нив имаат сомнителни профили што може да претставува знак за узбуна. Проблемот е што нема начин да се утврди нивниот идентитет и оттаму, нема начин државите да видат дали тие се наоѓаат на некоја листа на терористи. Дури и ако не се, никој не ја знае намерата на овие луѓе и изгледа необично тоа што голем број од овие мажи (коишто според традиционалните муслимански култури на таа возраст би требало веќе да се женети и да имаат деца) навлегуваат во ЕУ без ниеден член од семејство.

Во сево ова нешто не се совпаѓа и не е можно дека повеќето од тие луѓе сосема случајно не соодветствуваат на нивните демографски очекувања или го прекршуваат општествениот кодекс од нивните земји со тоа што ги напуштиле своите сопруги и деца. Не се знае како тие се стекнале со пари за да го финансираат своето патување, но можно е тоа да било со помош на заштедите од нивните семејства и / или преку продавање на нивниот движен и недвижен имот. Сепак, оние кои што имаат врска со тероризмот веројатно се финансирани од страна на други терористи и според претпоставеното богатство на „Исламската држава“ таа теоретски би можела да финансира илјадници терористи кои што ќе се инфилтрираат во ЕУ и на Балканот под изговор дека се бегалци./крај/мф/ст

Извор: (Photo via Amnesty International)



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Анализи

Силјановска vs Пендаровски: Кој добива, а кој губи во битката на социјалните мрежи и медиумите?

Објавено пред

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова најмногу се спомнуваат во медиумите, а најмалку се популарни меѓу твитерџиите. Во негативен контекст почесто е споменувана Силјановска на социјалните мрежи „Феjсбук“ и „Твитер“, но и во медиумите.

dobivaj vesti na viber

Ова го покажа првата сентимент-анализа на истражувачкиот центар на „Макфакс“, која се изработуваше во периодот од 1 до 9 април годинава. Процесот на изработка на анализата е базиран на компјутерски алгоритми и има задача да одреди во каков контекст (многу негативен, негативен, неутрален, позитивен или многу позитивен) е напишан одреден текст или дел од текстот.

Преку системот беа анализирани 220 медиуми, како и објавите и коментарите на над еден милион корисници на „Фејсбук“ и твитовите од 300 илјади профили. Тестирањата на платформата покажaа дека користените технологии даваат резултат со точност поголема од 80 проценти.

Според анализата, имињата на Силјановска-Давкова и на Пендаровски почесто се споменуваат во медиумите отколку на социјалните мрежи „Твитер“ и „Фејсбук“. Во првите девет дена од месецот тие биле споменати вкупно 3.515 пати. На „Фејсбук“ биле споменати речиси двојно помалку, а најмалку биле споменувани на „Твитер“.

Силјановска, според оваа анализа, најмногу била спомената на веб-порталите „Република“, „Курир“, „Инфомакс“ и на „Прес 24“, а Пендаровски на „Прес 24“, „Макпрес“, „24 инфо“ и на „Вечер“. Од инфографикот може да се види комплетната слика за тоа во кој медиум биле најмногу застапени двајцата претседателски кандидати.

Во однос на контекстот на споменување во медиумите може да се заклучи дека постои тесна разлика меѓу Силјановска и Пендаровски, иако кандидатката зад која стои опозициската ВМРО-ДПМНЕ предничи со негативните коментари.

Па, така, во многу негативен контекст Силјановска била спомената 201 пат, а Пендаровски 136 пати. Ако таа била спомната 914 пати во негативен контекст, Пендаровски во истиот контекст бил спомнат 778 пати. Тој предничи и во однос на неутралните спомнувања во медиумите, а Силјановска предничи во однос на позитивните споменувања. Тесна е разликата меѓу многу позитивните конотации, во кои биле ставени двајцата претседателски кандидати на кои се однесува анализата, во која за 8 споменувања предност има Пендаровски.

Според податоците од аналитичкиот центар на „Макфакс“, претседателскиот кандидат Пендаровски е попопуларен од Силјановска во однос на бројот на споменувања. Во многу позитивен или позитивен контекст меѓу твитерџиите тој е споменат 231 пат, а Силјановска 201. Во однос на тоа дали кандидатите се споменати во негативен или многу негативен контекст за нијанса води Силјановска, која е спомената 401 пат, а Пендаровски 389.

Слична ситуација може да се види и на „Фејсбук“, каде што Пендаровски има предност во однос на бројот на споменувања. Ако Силјановска била спомената 481 пат во многу негативен или во негативен контекст, Пендаровски е споменат 429 пати. Кај претседателскиот кандидат зад кој стои СДСМ поголем е бројот на позитивни или многу позитивни споменувања на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Според сето ова, Силјановска има поголема вредност на вкупниот сентимент во негативен контекст на социјалните мрежи и во медиумите од Пендаровски. Важно е да се потенцира дека не станува збор за анкета што ги мери гласовите за кандидатите, туку за начинот на кој тие се прикажани и коментирани во интернет-просторот. Истражувачкиот центар на „Макфакс“ на почетокот на кампањата за претседателските кандидати спроведе анкета.

Целосната методологија за начинот на изработката на сентимент-анализите на истражувачкиот центар на „Макфакс“ е достапна на следниот линк.

Прикажи повеќе...

Анализи

СЈО со детали: Како Камчев и Мијалков ги переле парите градејќи империја

Објавено пред

Злосторничко здружение, кое функционирало повеќе од 8 години, од 2009 година, кога биле отворани и затворани фирми, перени милиони и милиони евра, биле менувани сопственици, бил купуван огромен имот, отворани фирми на офшор-дестинации за еднократна употреба, префрлувани пари преку кипарски банки, а потоа овие испрани пари влегуваат како основачки влогови за да формираат македонски фирми.

dobivaj vesti na viber

Вака накусо може да се опише случајот „Империја“ на специјалното јавно обвинителство (СЈО), каде што, меѓу другите, осомничени се едни од највлијателните луѓе во земјата, бизнисменот Орце Камчев и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Три месеци по почнувањето на истрагата, обвинителството излезе со детали за еден од најобемните предмети за кој засега е утврдено дека се испрани речиси 11 милиони евра.

Истрагата е проширена за „Графички центар“ и за „Медија принт Македонија“ (МПМ), извршени се претреси во фирмите, осомничените се испрашани и собрани се докази.

Соработката меѓу Македонија и Кипар е воспоставена, па сега, конечно, на виделина излегуваат и имињата на оние што се криеле зад офшор-фирмите преку кои се переле пари.

Од крајот на јуни до крајот на октомври 2018 година некои од осомничените од „Империја“ биле под посебни истражни мерки.

„Мијалков не беше под посебни истражни мерки, Камчев многу внимателно зборуваше по телефон, но не и другите осомничени“, велат од СЈО.

Без разлика како ќе се одвива понатаму истрагата за „Империја“, со оглед на тоа што статусот и истрагите на СЈО сè уште се неизвесни, оттаму велат дека собрани се речиси 90 отсто од доказите за случајот да може да продолжи понатаму.

Злосторничкото здружение се распаѓа кон крајот на 2017 и почетокот на 2018 година кога осомничените почнуваат да земаат кредити за да се раздолжат, но тоа не значи дека тука завршуваат и нивните поединечни активности.

Под лупа на СЈО е и фирмата поврзана со семејството Мијалкови, „Бест веј инвестмент“, формирана веднаш по обеледонувањето на таканаречените бомби во 2015 година, чиј сопственик е синот на Сашо Мијалков, Јордан. СЈО истражува како се ширел бизнисот и како оваа фирма успева да заработи огромни суми и да стекне голем имот само за три години работа. „Бест веј инвестмент“, ако во 2016 година имала приходи од 816 илјади евра, во 2017 година веќе приходите ѝ растат на 9,6 милиони евра, што само покажува дека независно кој е на власт, бизнисите на Мијалков работат со полна пареа.

Краен сопственик на мистериозната „Ексико“ бил Камчев

Натписот на поштенското сандаче на улицата Иван Милутиновиќ во Скопје сведочи за постоењето на „Ексико“, чие сопствеништво е скриено

Центарот на истрагата за „Империја“ се познатата офшор-фирма „Ексико“ и бизнисменот Орце Камчев.

Истрагата утврдила дека зад првата фирма-мајка на „Ексико“, „Делта инвестмент“ од Белизе, всушност се крие таткото на Орце Камчев, Илија. Од оваа фирма, која поседуваше акции во големи акционерски друштва, а се јавуваше и како еден од сопствениците на атрактивните плацови на Водно, досега сите креваа раце и демантираа дека стојат зад неа.

Истрагата на СЈО утврдила дека по Илија Камчев, набргу како краен сопственик фигурирал и поранешниот директор на македонски „Телеком“, Жарко Луковски, а кога сопствеништвото на фирмата се сели во Америка, односно сопственик станува извесна „Калвус ЛЛЦ“ (Calvus LLC) од САД, крајниот сопственик е всушност Орце Камчев.

Од оваа американска фирма кон „Ексико“ се влеваат 1,6 милион евра како прилив, а дел од овие пари завршува на личната сметка на Камчев, додека со дел се купувани имот и земјиште во Гевгелија, на кое понатаму е предвидено да се градат казина.

Подоцна, а и до ден-денеска, сопственик на „Ексико“ е фирмата со швајцарски капитал „Т&МЈ инвестмент“ од Лугано, Швајцарија, фирма зад која оперативните сознанија покажале дека краен сопственик е член на семејството Мијалкови. Од швајцарската фирма кон македонската „Ексико“ немало никаков прилив или одлив на пари.

„Ексико“ не е единствената фирма преку која функционирало ова злосторничко здружение. Колку за пример, во истатата 2009 година офшор-компанијата „Хоспитал менаџмент груп ЛЛЦ’ од Кипар ја основа клиничката болница „Систина“. Понатаму, оваа компанија го продава имотот на друга офшор-компанија од Панама. „Орка холдинг“ го купува уделот од панамската, па повторно ѝ го продава на „Систина“, со што фактички Камчев внесува удел од „Хоспитал менаџмент“ од Кипар во Македонија.

Сомнежи за перење пари преку кипарски банки

Преку кипарски банки парите влегуваат во земјата

Значаен дел од истрагата на СЈО за „Империја“ има и фирмата „Финзи“ – истата фирма за која во таканаречените бомби можеше да се слушне дека одела набавката за опрема за следење интернет-комуникации за МВР. Министерството, додека на чело на УБК беше Мијалков, наместо директно да ја набави изреалската опрема за прислушување, тоа го правела преку „Финзи“. Во текот на истрагата за случајот самоубиство изврши директорот на „Финзи“, Коста Крпач, во април 2016 година.

Сега истрагата за „Империја“ повторно допира до „Финзи“, фирма основана од „Финзи ЛЛЦ“ во САД. Краен сопственик на оваа компанија, според СЈО, повторно е Орце Камчев.

Во неколку наврати од „Финзи ЛЛЦ“ преку кипарска банка кон македонската „Финзи“ биле исплатувани 650.000 евра. Во тоа време, односно во 2009 година, директор на „Финзи“ во Македонија е Владислав Стајковиќ, брат на Небојша Стајковиќ, поранешен помошник-министер за информатичка технологија во МВР.

Овие пари понатаму влегуваат како основачки влог во „Систина кардиологија“, фирма што подоцна е преименувана во „Си-Фи-Кар“ („Систина“, „Финзи“, “Кара“). Во 2012 година, според СЈО, кога парите веќе се испрани, американската мајка-фирма се затвора и се отвора нова фирма, во која Крпач влегува како директор, а на истата сметка легнуваат парите од израелската донација за опрема за прислушување.

„Не купуваат компании за да работат со нив, туку за да извлечат што можат“

Орце Камчев и Сашо Мијалков, клучните играчи во „Империја“

Многу компании, офшор, стотици папки со документи и изјави од сведоци содржи еден од најобемните предмети на СЈО – „Империја“. Од она што беше претставено пред новинарските екипи, неизбежен е заклучокот дека од досегашната истрага и собраните докази станува збор за класични примери за сомнежи за перење пари пред кои надлежните институции со години молчеле или се откажувале од гонење поради немање докази.

Дел од истрагата е отстапен и на купувањето на „Бетон Штип“ од страна на ТИМ ДОО, „Орка холдинг“, „Езимит“ ДООЕЛ и „Ексико“.

„Кога тие купуваат компанија, не ја купуваат за да ја работат, туку да извлечат што може од имотот на компанијата“, велат од СЈО.

Па, така, и овој пат сознанијата говорат дека од „Бетон Штип“ се извлечени 4 милиони евра, односно газдите ги тераат акционерите со парите да купуваат имот, а понатаму како што се извлекуваат парите, така се инвестираат во други зделки за што патем говорат и последните информации дека речиси 250 работници веќе ги напуштаат работните места од „Бетон Штип“ и истовремено преку суд си ги бараат неисплатените плати за последните четири месеци.

Дел од истрагата го опфаќа и „Фершпед“, односно од моментот кога Кираца Трајковска, која беше еден од мнозинските акционери во “Фершпед“, поради долг во Еуростандард банка, преку посредник побарала кредит од Стопанска банка АД Битола. Камчев, кој е дел од Управниот одбор на банката, наместо кредит, според СЈО, на Трајковска ѝ понудил преку физички лица да ѝ бидат префрлени парите по што биле ослободени нејзините акции од „Фершпед“.

За да им ги продаде акциите на странски инвеститори, таа го ангажирала брокерот Јованче Тасковски. Но, за нејзината намера дознал Штерјо Наков, кој побарал помош од Мијалков, со цел тој да ги купи акциите. Мијалков се договора со Камчев да ја изиграат, па без нејзино знаење, според СЈО, Ненад Јосифовиќ ги продава акциите на физички и правни лица поврзани со Наков за 4 милиони евра повисока цена од реалната. Парите од зделката завршуваат во фирма чии сопственици се „Ексико“, „Орка холдинг“ и „Тимох“.

Во делот од истрагата за „Империја“ влегуваат и стари случаи, кои претходно во обвинителствата завршувале со откажување од гонење поради немање доволно докази. Таков пример е истрагата за „пропаѓањето“ на „Орка спорт“, „Орка текстил“ и други фирми во сопственост на сега покојниот Илија Камчев. Данокот се избегнувал да се плаќа преку лажни стечаи, обезвреднување на имотот и формирање офшор-компании, а потоа парите „чисти“ биле внесувани во земјата, односно целиот имот бил пренесуван на новоформирани компании.

На овој начин, впрочем, и се градела целата империја – преку лојални соработници, изигрување на законитe и формирање компании за еднократна употреба.

Како ќе заврши истрагата и дали случајот ќе добие епилог останува неизвесно. Засега Орце Камчев и Сашо Мијалков се во домашен притвор, а конечниот збор ќе го каже Врховниот суд.

Освен Камчев и Мијалков, осомничени во случајот „Империја“ се и Ратка Куноска-Камчева, мајка на Камчев и неизвршен член на Одборот на директори на „Орка ходинг“, Кристина Камчева-Стојческа, сестра на Камчев и неизвршен член на Одборот на директори на „Жито полог Тетово“, Лилјана Гајдоска, правник во фирмите на Камчев, неизвршен член на Одборот на директори на ЗК „Пелагонија“, Тодор Мирчевски, директор на „Ексико“, Владислав Стајковиќ, сопственик на НВСП, доскорешен директор на „Мобико“ и поранешен директор на „Финзи“, Ванче Мијалчев, извршен директор на „Бетон Штип“, Јованче Тасковски, брокер, и Дејан Јанев од „О.Т.Е. инвест“.

Прикажи повеќе...

Анализи

Политиката го подели СЈО на табори

Објавено пред

„Чарлиевите ангели“ ги нема. Катица Јанева, Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи речиси една година не се појавуваат на заеднички прес-конференции. Во јавноста и на социјалните мрежи сè погласни се критиките за работата на специјалното јавно обвинителство и ослабената доверба во оваа институција.

dobivaj vesti na viber

Три и пол години по формирањето, целосен судски епилог има само за два случаја а сè погласни се шпекулациите дека во СЈО владее поделеност на обвинителите на табори, кои меѓусебно не се согласуваат за дејствувањето на ова обвинителство, па тие разлики во мислењата лесно се забележливи и во јавноста.

Трите жени, кои беа симбол за СЈО, ретко може се видат заедно во јавноста, а речиси една година Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи не даваат заеднички изјави. Според нашите извори, со слични ставови на една страна биле обвинителките Катица Јанева и Лиле Стефанова, а на друга Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи.

Од друга страна, сè поприсутна во јавноста е главната специјална обвинителка Катица Јанева, која, според најавите, во вторник ќе се појави на „1ТВ“, каде што заедно со обвинителите Лиле Стефанова и Трајче Пеливанов треба да одговараат и на прашања од гледачите. Токму во фирмата сопственик на „1ТВ“, „БМЈ медиа груп“, работи синот на Јанева, младиот гевгеличанец Лазар Јанев, за кого веќе беше објавено дека пред вработените бил претставен како директор на правна служба. Пред точно два месеца Јанева беше гостинка на „1ТВ“ и се фотографира со сопственикот на телевизијата, Бојан Јовановски, со назнака дека станува збор за работен состанок.

Во СЈО во последната година во целост се смени практиката на комуникација со јавноста. Последната прес-конференција СЈО ја одржа на 21 март минатата година.

Повеќе нема брифинзи со новинари, а на обвинителките Ристоска и Фетаи не им е дозволено да даваат интервјуа и изјави. Целосна затвореност владее и во однос на истрагите. Случајот „Империја“, во кој, меѓу другите, се осомничени и бизнисменот Јордан Камчев и ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, беше отворен пред повеќе од 2 месеца, а од СЈО нема дополнителни информации, освен дека истрагата е сложена.

Сите обиди на „Макфакс“ да обезбедат брифинг за случајот беа залудни. Новинарите меѓу себе коментираат дека ова обвинителство, кое наметна транспарентно работење, последнава година се затворило, иако обвинителите поминале серија обуки за комуникација со јавноста. Тоа остава простор за шпекулации во постапувањето по предметите на обвинителството. Од друга страна, во редовното Обвинителство се спроведува тренинг за односи со јавноста на обвинителите.

Според нашите информации, во специјалното јавно обвинителство меѓу некои од вработените владее незадоволство од начинот на работа, особено по последните политички случувања, амнестии и повици за помирување, кои во голем дел влијаат и врз актуелните предмети што се во судска постапка, но и на оние што се во истрага и предистрага, а во кои, меѓу другите, се вклучени и Сашо Мијалков, Елизабета Канческа-Милевска, Али Ахмети, Бујар Османи.

Ексминистерката за култура, КанческаМилевска, е инволвирана во предистрагата за предметот „Скопје 2014“, кој е еден од најобемните предмети на СЈО, за Мијалков се водат повеќе судски постапки, а предметот за агенцијата за обезбедување СГС е во предистрага.

Во процесот на помирувањето наголемо се споменуваа и измените во Кривичниот законик, односно член 353, став 5, кој ја регулира злоупотребата на службената положба преку јавните набавки. Доколку дојде до промена на овој член, како што беше најавувано, помали казни или ослободување од одговорност ќе добијат голем број обвинети во случаите на СЈО, меѓу кои и Мијалков.

Уставниот суд сè уште не расправал по иницијативата на адвокатот Еленко Миланов, кој бара судиите да се произнесат за овој член од Кривичниот законик.

Сите овие политички инволвирања, кои допираат и до СЈО, според нашите извори, довеле до голем раздор во работата на институцијата, која има годишен буџет од 3,7 милиони евра. Некои од обвинителите се разочарани од фактот што нивните предмети и нивната работа зависат исклучително од тековната политичка ситуација, па токму затоа во последниот период и не се работи на нови предистраги бидејќи се чека исходот од тоа што ќе се случува со институцијата и дали евентуално одредени функционери од претходната, но и од актуелната власт, ќе избегнат одговорност.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

Путин: Не постои средство за пресретнување на ракетата „Орешник“

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека ракетниот систем „Орешник“ не е средство за масовно уништување, туку високо прецизно оружје...

Македонија9 часа

Силниот ветер предизвика штети во Штип: оштетен покрив на училиште, паднати дрвја на повеќе локации

Силен ветар оштети дел од покрив на средното електро-машинско училиште во Штип, а дрво падна и во непосредна близина на...

Македонија9 часа

Град Скопје: Во Шуто Оризари нема јавен превоз поради советничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Македонија повторно станува заробена режимска држава во која граѓаните се злоупотребуваат како потрошен материјал на политичките партии за наметнување на...

Македонија9 часа

Студентите и средношколците не смеат да трпат поради партиски препукувања – младите излегоа на протестот за проблемите со градскиот превоз

Студентите и средношколците не смеат да трпат поради партиски препукувања, беше една од пораките кои студентите ги упатија на денешниот...

Македонија10 часа

Курто Дудуш ја обвини Арсовска за расизам и дискриминација: „Пишува ли на автобусите на ЈСП ‘забрането за Роми’“

Градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, на денешниот протест за јавниот превоз упати повеќе барања до градоначалничката Данела Арсовска,...

Македонија12 часа

За лекарски прегледи се чека и со месеци, а стотици термини останале празни оти граѓаните не дошле: „Ако не можат, нека откажат преку СМС“ – апелираат надлежните

Граѓаните што не може да го искористат закажаниот „Мој термин“ во јавното здравство, преку СМС-порака да го откажат за да...

Топ13 часа

Скопјанка на 69-годишна возраст е жената што загина по удар на автомобил во Чаир

Шеесет и деветгодишна жена, со иницијали Н.П. од Скопје е починатата по ударот на автомобил во Чаир, објави МВР. Несреќата...

Македонија16 часа

Почувствуван земјотрес во Македонија

Утрово е регистриран земјотрес со јачина од 2,10 степени според Рихтер во Македонија. Според првите информации од ЕМСЦ, епицентарот е...

Македонија16 часа

(Видео) ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија, велат од Левица

„На вчерашната седница за пратенички прашања, пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил – Хактан, постави прашања за кои јавноста чека одговор...

Македонија16 часа

СДС со примитивни методи во Собранието го активира насилникот и пудлицата на Венко, Апасиев, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Венко Филипче и СДС тотално се изгубија на политичката мапа по катастрофалниот пораз и последните анкети каде рејтингот им е...

Свет17 часа

Унгарија го поддржа Нетанјаху: Одлуката на Меѓународниот кривичен суд е апсурдна

Министерот за надворешни работи на Унгарија ги критикуваше налозите за апсење на Меѓународниот кривичен суд за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху...

Европа17 часа

Украинскиот парламент ја одложи седницата, на пратениците им е кажано да ги држат своите семејства подалеку од владиниот кварт на Киев

Украинскиот парламент ја одложи седницата што требаше да се одржи денеска поради безбедносни причини, јави јавната телевизија Суспилнe, повикувајќи се...

Свет19 часа

Ким Џонг-ун ги нападна САД: Никогаш не сме биле толку блиску до термонуклеарна војна со Јужна Кореја

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун ги обвини САД за провокации и ескалација на тензиите, велејќи дека Корејскиот Полуостров никогаш не се...

Топ1 ден

Деветнаесетгодишна девојка го управувала автомобилот со којшто беше усмртена жената во Чаир

Деветнаесетгодишна девојка (А.Џ.) управувала со автомобилот „сеат алтеа“, со којшто попладнево беше прегазена жената во скопската населба Чаир којашто почина...

Скопје1 ден

Студентите на протест поради јавниот превоз, бараат и набавка на нови автобуси и велосипедска инфраструктура

Универзитетското студентско сообрание (УСС-УКИМ) за утре, 22 ноември, најавува протест поради проблемите со јавниот превоз што ќе се случува од...

Топ1 ден

Трагедија вечерва во Чаир: Загина жена, ја прегази автомобил

Жена загина во скопската неселба Чаир, кога во неа удрил автомобил со скопски регистерски ознаки. Според информациите од СВР Скопје...

Скопје1 ден

Владата ќе му позајми на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата за ЈСП

Владата вонредно расправаше поради недостигот на енергенси за обавување на јавниот сообраќај на територијата на Град Скопје, при што беше...

Македонија1 ден

(Видео) Избегната тепачка во Собранието, Гаши го повика обезбедувањето

Во македонскиот парламент денеска избегната тепачка меѓу некои од пратениците. Инцидентот се случи меѓу лидерот на Левицата, Димитар Апасиев, и...

Македонија2 дена

Црната листа на САД е многу динамична и отворена за додавање нови имиња, порача Агелер

Американската амбасадорка Анџела Агелер, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со црната листа на САД, рече дека таа е...

Скопје2 дена

(Видео) СДСМ со решенија за кризата во Скопје: закон за финансиска поддршка на Градот и на ЈСП, субвенциии за гориво, вели Јанчева

„Како што најавивме, денес сме тука за да ги презентираме нашите конкретни предлози за надминување на кризата во која се...