Контакт

Анализи

Стратфор: Интервенцијата во Либија – демократија или бизнис?

Објавено пред

Франција и Велика Британија го предводеа притисокот за интервенција во Либија, притискајќи ја меѓународната заедница речиси цел месец. Но, интересите на Париз и на Лондон за водење на војна во Либија не се исти, а Либија има различна тежина за секоја од нив.

dobivaj vesti na viber

Франција и Велика Британија го предводеа притисокот за интервенција во Либија, притискајќи  ја меѓународната заедница речиси цел месец. Но, интересите на Париз и на Лондон за водење на војна во Либија не се исти, а Либија има различна тежина за секоја од нив.ФранцијаФранција беше најгласниот заговорник на интервенцијата во Либија. Францускиот претседател Никола Саркози си го постави собирањето на меѓународна коалиција за водење војна против Либија како своја главна цел, а Франција беше и предводник во признавањето на легитимноста на привремената влада на  бунтовниците. Францускиот интерес за интервенција во Либија спаѓа во две категории: домашната политика и внатреевропските релации.Приказната за домашната политика е прилично јасна. На почетокот на немирите на Блискиот исток, Париз беше премногу бавен во признавањето на легитимитетот на демонстрантите. Всушност, тогашната француска министерска за надворешни работи, Мишел Алио – Мари на туниската влада и понуди официјална помош во справувањето со демонстрантите. Три дена подоцна, долгогодишниот туниски претседател Зине ел Абедин бен Али беше присилен да ја напушти земјата. Подоцна беше откриено дека Алио – Мари божиќните празници ги минала во Тунис и во текот на патувањето користела приватен млазен авион на еден бизнисмен близок до режимот на Бен Али, а со кој нејзините родители во тој момент преговарале за многу вносна зделка. Целата таа епизода излезе многу засрамувачка за Париз и на меѓународен и на домашен план, поради што на крајот Саркози беше присилен да и даде отказ на Алио – Мари и да ја замени со ветеранот Ален Жипе. Згора на тоа, Париз мора да мисли на огромното муслиманско малцинство во земјата, вклучувајќи и прилично голема група на туниски дојденци од околу 600.000 луѓе. Овој дел од француската јавност беше особено критичен кон начинот на кој Париз се однесуваше кон кризата во Тунис. Француската интервенција не е само претерано надоместување за почетното катастрофално справување со тоа што Европа сега го смета за наплив на барања за демократизација на арапскиот свет. Саркози, како што е познато, честопати користи агресивна надворешна политика за да си ја покачи или одржи популарноста дома. На пример, во август 2008 година, тој се обиде и успеа да постигне договор за прекин на огнот помеѓу Русија и Грузија, иако никој не го покани да биде мировник. По финансискиот крах во септември 2008 година, тој повика на нов „Бретон Вудс“ (систем на меѓународен финансиски поредок, воспоставен во средината на 20-от век помеѓу најголемите индустриски сили на светот). И додека за остатокот од светот „Супер Сарко“ се чини премногу импулсивен, па дури и арогантен, дома ваквите потези драстично му ја креваат популарноста, барем кај оние поддржувачи кои му останаа верни. На Саркози добро би му дошло тоа, бидејќи претседателските избори се за нешто повеќе од една година, а тој заостанува не само зад најверојатниот кандидат на Социјалистите, туку и зад кандидатот на крајната десница, Марин Ле Пен. Неговите поддржувачи почнуваат да гравитираат кон Ле Пен, која напорно работеше да го ублажи ултрадесничарскиот имиџ на нејзиниот татко. Тоа би можело да ја поттикне партијата на Саркози да избере друг кандидат пред да биде премногу доцна, особено сега кога неговиот премиер, Франсоа Фијон, добива се повеќе популарност. Но, влоговите во оваа игра за Франција се многу поголеми од домашната политика. Франција, исто така, се обидува да ја поврати својата улога на воено најспособна европска сила. Ова стана особено важно поради настаните во Европската унија во изминативе 12 месеци. Уште од кога започна кризата со суверените долгови во еврозоната во декември 2009 година со искомплицираното грчко економско пропаѓање, Германија се обидува да ја искористи моќта на своето „чекмеџе“ за да ги преобликува европските институции по свој ќеф. Ова се истите институции кои Франција со многу напор ги дизајнираше во текот на и непосредно по Студената војна. Тие требаше да ја зголемат француската моќ во Европа, а подоцна на Берлин да му се понудат иницијативи кои цврсто би ја врзале Германија за ЕУ на начин од кој и Париз би имал корист.Германија се потруди Франција да биде добро информирана за реформите во текот на целиот процес, па дури канцеларката Ангела Меркел шушкаше со Саркози пред донесувањето на секоја голема одлука. Сепак, ова не успеа да го сокрие фактот дека Париз мораше да истрпи поголемо назадување и да прифати поголем дел од германските одлуки „здраво за готово“, од неопходноста да спроведе жестоки мерки за штедење, што доведе до огромни демонстрации во октомври 2010 година, па се до речиси целосно отстапување на Берлин на контролата врз новите механизми за спас, осмислени да им помогнат на потклекнатите членки на еврозоната. Ова поместување не мина незабележано кај француската јавност и зачестија критиките кон Саркози дека се претворил во пион на Меркел. Оттаму, интервенцијата во Либија е начин повторно да и се наметне на Европа, а особено на Германија, фактот дека Франција се уште е предводник на континентот за надворешнополитичките и воените прашања. Тоа е порака која вели дека ако Европа сака да биде сфатена сериозно како глобална сила, ќе и биде потребна француската воена моќ. Блиската соработка на Франција со Велика Британија, исто така, е обид уште повеќе да се развие воениот сојуз помеѓу Лондон и Париз, формализиран на 2-ри ноември 2010 година, како противтежа на се посеопфатната економска и политичка моќ на Германија во Европската унија.Во наметнувањето на својата сила, Париз би можел да го присили Берлин и самиот да стане понападен. Со самото спротивставување на француско-британскиот консензус за Либија, Берлин веќе покажа ниво на наметливост и независност во надворешната политика каква што немаме видено веќе подолго време. Во одредена смисла, Франција и Британија повторно ја играат улогата на колонијални велесили од 19-от век, во обид да ја проектираат својата моќ и да си ги заштитат интересите надвор од европскиот континент, додека Берлин е оставен заглавен во Скагерак (стратешки морски пат кој води кон Балтичкото море) и сконцентриран на изградбата на Mitteleuropa (германски назив за Централна Европа). Што се однесува до интересите во Либија, Франција ги има многу, но и таква состојба може да се подобри. Најголемата француска енергетска компанија „Тотал СА“ работи во Либија, но не на такво ниво како италијанската ЕНИ, па дури ни колку германскиот „Винтершал“. Имајќи ги предвид огромните и речиси неистражени резерви на енергенси, француските енергетски компании можат да профитираат од тоа што ќе им помогнат на бунтовниците да дојдат на власт во Триполи. Но, она од што Париз до сега најмногу профитираше е продажбата на оружје и воена опрема. Помеѓу 2004 година – кога Европската унија го укина ембаргото за оружје за Либија – и 2011 година, Триполи од Париз купил оружје во вредност од околу половина милијарда долари, повеќе отколку од која и да е европска држава. Но, во 2010 година италијанската влада дојде многу блиску до склучување на договор за воени зделки вредни повеќе од една милијарда долари и се чинеше дека односите помеѓу Рим и Триполи го преземаат приматот над француските напори пред да започне интервенцијата.

Велика БританијаЛондон не беше толку агресивен во туркањето на интервенцијата во Либија како Франција, но сепак беше на чело на коалицијата. За Велика Британија, компонентата на домашната политика не е толку силна, како што се енергетските интереси. Владата на британскиот премиер Дејвид Камерон првично се најде под жестоки критики поради тоа што била многу бавна во извлекувањето на британските граѓани од Либија. Ник Клег, заменик – премиер и лидер на коалициската Либерал – демократска партија, беше на зимски одмор во Швајцарија кога започна кризата, а подоцна на еден новинар му призна дека „заборавил“ дека ја води земјата, додека Камерон, пак, беше на пат низ државите од Персискиот залив. Подоцна, бунтовниците заробија тим за дипломатска безбедност на британската Специјална воздушна служба (Special Air Service – САС), испратен на дипломатска мисија да воспостави контакт со антигадафиевските сили во источна Либија и тоа затоа што не го најавиле својот престој во земјата. Затоа, Велика Британија е многу мотивирана да си го поврати водството во интервенцијата, по главно хаотичните први недели од востанието. Исто така, и кај нив, како и кај повеќето западни држави, постои чувство дека децениите на толерирање и профитирање од арапските диктатори привршуваат и дека народот во Велика Британија повеќе нема да толерира такви дејствија. Лондон има уште еден многу битен интерес: енергијата. Британскиот енергетски магнат „БП“ нема свое производство во Либија, иако постигна договор  со Триполи за дупчење на нови копнени и морски извори, во рамките на договорот вреден една милијарда долари, потпишан во 2007 година. Преговорите за овие концесии се одолговлекоа, но сепак беа потпишани откако шкотската влада во август 2009 година се согласи да го ослободи  осудениот бомбаш за „Локерби“ (експлозијата на бомба во американски патнички авион над шкотското село Локерби во 1988 година, Абдел Басет ал-Меграхи) врз основа на хуманитарни причини. Се очекуваше тој да умре од рак на простата во рок од неколку месеци од неговото ослободување, но тој се уште е жив и живее во Триполи. Лабуристичката влада, која беше на власт во тој период, се најде на ударот на силни критики поради ослободувањето на ал-Меграхи. Британските медиуми шпекулираа, не сосема неточно, дека одлуката претставувала обид да се поттикне производството на „БП“ во Либија и да се подобрат односите помеѓу Лондон и Триполи. „БП“ во 2009 година најави дека ќе инвестира 20 милијарди долари во производството на нафта во Либија, во текот на наредните 20 години. Катастрофата на изворот „Макондо“ во Мексиканскиот залив во мај 2010 година ја направи стратегијата на „БП“ и на Лондон уште поитна. Во 2010 година, САД во вкупното производство на  „БП“ на хидрокарбонати учествуваше со една четвртина. Катастрофата ја чинеше „БП“ 17,7 милијарди долари во загуби, а компанијата мораше да формира и фонд за отштета, вреден додатни 20 милијарди долари. Проценките за потенцијалните натамошни загуби поврзани со истекувањето варираат помеѓу 38 и 60 милијарди долари, со што иднината на „БП“ во САД стана многу несигурна. Несреќата, исто така, и овозможи на конкуренцијата на „БП“ да се побуни и за идните морски операции на „БП“, во што предводеше италијанскиот министер за надворешни работи, Франко Фратини, кој побара да се сопрат сите операции на „БП“ во Либија додека не биде комплетирана истрагата за „Макондо“. Ова барање беше и повеќе од очигледен обид на италијанската „ЕНИ“ да ги попречи напорите на „БП“ во Либија. Конечно, Лондон може најмногу да добие од отстранувањето на Гадафи или од сојузништвото со бунтовничката влада на некој вид на полунезависна држава на истокот на Либија. Без никакво производство на нафта во Либија и со продажба на оружје која далеку заостанува зад таа на Франција и Италија, Велика Британија може да има значителна корист од новото раководство во Триполи или дури и само во Бенгази.

ИталијаИталијанските борбени авиони кои оперираат над Либија на 22-ри март успеале да ја блокираат либиската воздушна одбрана „без да истрелаат ниту еден куршум“, соопшти тогаш италијанското воено воздухопловство. Тоа што Италија го истакнува воздржувањето да стрела врз либиските сили не е случајност – тоа е дел од италијанската стратегија да го ублажи своето учество во интервенцијата во Либија, поточно да учествува во европско-американската интервенција, без притоа да ги нападне трупите на некогашниот близок сојузник, Моамер Гадафи. Италија може „многу повеќе да загуби“ од операциите во Либија отколку која и да е друга учесничка во коалицијата. Италијанскиот бизнис, енергијата и националната безбедност се под силно влијание на идната судбина на Либија.Географски, Италија е една од најблиските европски земји до Либија, со тоа што островот Лампедуса, омилена дестинација за мигрантите кои бегаат од немирите во Северна Африка е на само 225 километри од брегот на Либија. Италија, исто така, има многу подлабоки врски со Либија отколку која и да е друга европска држава, имајќи предвид дека сегашна Либија е поранешна колонија на Италија. Слично како и Германија, Италија стана обединета европска сила дури кон крајот на 19-от век и влезе во „тепачката“ за африканските колонии дури откако Франција и Британија веќе ги земаа најдобрите територии. Пустиот појас на земја во Северна Африка, точно отспротива на Сицилија се уште бил достапен и Италија започнала да гради сфера на влијание во она што сега е Либија, но тогаш беа три одделни држави: Триполитанија, Сиренајка и Фезан. Италија изврши инвазија врз територијата во 1911 година, но отпорот на востаниците во Сиренајка траел до 1930-те години. Италија ги изгуби своите африкански колонии по Втората светска војна. Но, поради географската блискост и познавањето на локалните состојби, Италија не се стеснуваше да продолжи да работи со Либија во повоената ера. Енергетската компанија „ЕНИ“ почна со експлоатирање на енергенсите во Либија во 1959 година,  никогаш не си замина, дури и кога остатокот од Западот во 1980-те години ги прекина односите со Гадафи поради неговата поврзаност со терористите. Посветеноста на Либија и овозможи на Италија да склучи многу вносни зделки за енергенсите и за продажба на оружје веднаш штом Гадафи го отфрли тероризмот во 2003 година.  Денес Либија влегува со 15 проценти во вкупното производство на „ЕНИ“ на хидрокарбонати, со производство на нафта од 108.000 барели дневно и производство на природен гас од 8,1 милијарда кубни метри во 2009 година. „ЕНИ“ поседува голем број енергетски постројки во Либија, вклучувајќи го и цевководот „Гринстрим“ на западот на земјата, чија изградба чинеше околу 6,6 милијарди долари. „ЕНИ“, исто така, има удели и во други вносни концесии за експлоатирање на нафта, вклучувајќи го и нафтеното поле „Бури“, најголемото морско наоѓалиште во Медитеранот, лоцирано во непосредна близина на Триполи. Иако „ЕНИ“ има постројки и на истокот на земјата, прегледот на нејзините постројки укажува дека најголемиот дел од нив, и највносните, се на западот на земјата, на територија која се уште е под контрола на владата. Италија беше и главен снабдувач на Либија со оружје по укинувањето на ембаргото за купување на оружје во 2004 година. Од тогаш наваму, Италија на Либија и продала оружје во вредност од околу 500 милиони долари, што е нешто помалку од она што од Либија во овој сектор го заработила Франција. Ако се земе предвид дека вкупниот извоз на оружје од Италија во 2009 година беше само една четвртина од оној на Франција, за Рим зделките со Либија претставуваат многу поголем процент од вкупната продажба. Згора на тоа, Италија беше во процес на преговори со Либија за натамошни 1,05 милијарди долари вредни воени договори пред да започнат немирите. Во тоа беше вклучен и огромен договор за безбедносни системи за пограничните служби со фирмата „Финмеканика“ и договори за изградба на бродови со „Инетрмарин СПА“, вредни 600 милиони долари. Либија е и многу битна за италијанската национална безбедност, заради имигрантите од Африка. Само во 2008 година, преку 40.000 имигранти се обидоа илегално да влезат во Италија. И самиот Гадафи придонел кон ваквата ситуација кога се откажа од панарабизмот и се сврте кон панафриканизмот и ја олабави визната политика за земјите од субсахарска Африка. Со тоа Либија стана транзитен центар за имигрантите кон Европа.

Прифатливи излезни стратегииНакратко, Велика Британија и Франција треба да земат предвид две главни точки во смисла на тоа која би била најадекватната стратегија за тековната интервенција. Прво, колку нивната јавност би можела да го проголта тоа Гадафи да остане на власт по значителното оцрнување, кое ја оправда и самата интервенција? За волја на вистината,Париз и Лондон, во последниов период се повлекоа малку од тврдењето дека воената интервенција има за цел да го отстрани Гадафи, но таа умерена реторика може да им била наметната со критиките од внатре во коалицијата дека го надминале мандатот даден од ОН. Британскиот секретар за одбрана Лиам Фокс на 21 март изјави директниот напад врз Гадафи од страна на коалициските сили е „можност“. Второ, дали Франција и Британија ќе бидат задоволни со решение кое ќе му овозможи на Гадафи да се повлече на западот на Либија, а бунтовниците да ја преземат контролата на истокот? Велика Британија и Франција би можеле да го проголтаат тоа решение затоа што и така ќе профитираат од нивната поддршка за бунтовниците од истокот и преку продажба на ново оружје и преку зделки со регионот пребогат со нафта. За Италија, пак, ситуацијата е многу покомплицирана, затоа што ќе биде оставена сама да се справува со навредениот Гадафи непосредно отспротива Медитеранот.Италија, пак, уживаше во привилегираните односи кои ги имаше со Гадафи, од енергенсите, преку зделките за набавка на оружје, па до тоа да биде главна дестинација за инвестициите на Гадафи. Опуштените деловни релации му овозможија на Рим да склучи договор со Либија со кој ги обезбеди морските пристапи до Италија од напливот на бегалци. Но, моменталната ситуација е многу ризична за Италија. Замената на Гадафи со непознат режим ќе доведе до неконтролиран проток на имигранти и несигурно деловно опкружување. Неговата замена со раководството на бунтовниците, која толку ја посакуваат Британија и Франција, за Италија носи и огромна закана за италијанските интереси. Но, ризично е и учеството во коалицијата, затоа што на крајот Гадафи може да остане на власт и да сака да и се одмазди на Италија. Згора на сето тоа, европските коалициски партнери не си веруваат меѓусебно. Рим е убеден дека Лондон и Париз ја поткопуваат добрата италијанска позиција во Либија, која Рим ја градеше со децении. Оттаму, Италија сака да се осигура дека ќе има влијание врз идниот развој на ситуацијата во Либија и затоа толку силно се залагаше НАТО да ја преземе командата врз операциите, со тоа што командниот центар би бил сместен во Неапол, со што би можел одблиску да ги контролира „деталите“. Бидејќи европските партнери на Италија, очигледно, не сакаат на Гадафи да му го зададат одлучувачкиот удар, Рим мора да има предвид дека Гадафи може и да остане на власт, па дури само во западниот дел на земјата. Затоа Рим мора да биде дел од коалицијата, за да биде отстранет од Либија од новиот режим во случај Гадафи целосно да биде отстранет, но со задршка, за да ги заштити своите постројки во западниот дел на земјата ако Гадафи остане.Проблемот со ваквиот план на Италија е во секојдневната променливост на ситуацијата на теренот и во фактот дека нејзината способност и натаму да настапува со задршка секојдневно се намалува, како што Лондон и Париз се повеќе се зближуваат со бунтовниците, а Гадафи станува се понепријателски расположен кон западните земји. Тешко е да се замисли дека на крајот Италија ќе биде целосно отстранета од Либија. Географската близина и долгогодишната историја на вмешаност во земјата значат дека Рим, од ерата на Картагина, па се до денешна Либија, секогаш имал удел во тоа што се случува во Северна Африка. Прашањето кое сега си го поставува Рим е колку ќе биде вносно идното влијание на Италија во реонот пребогат со енергенси? /крај/стратфор/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Анализи

Силјановска vs Пендаровски: Кој добива, а кој губи во битката на социјалните мрежи и медиумите?

Објавено пред

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова најмногу се спомнуваат во медиумите, а најмалку се популарни меѓу твитерџиите. Во негативен контекст почесто е споменувана Силјановска на социјалните мрежи „Феjсбук“ и „Твитер“, но и во медиумите.

dobivaj vesti na viber

Ова го покажа првата сентимент-анализа на истражувачкиот центар на „Макфакс“, која се изработуваше во периодот од 1 до 9 април годинава. Процесот на изработка на анализата е базиран на компјутерски алгоритми и има задача да одреди во каков контекст (многу негативен, негативен, неутрален, позитивен или многу позитивен) е напишан одреден текст или дел од текстот.

Преку системот беа анализирани 220 медиуми, како и објавите и коментарите на над еден милион корисници на „Фејсбук“ и твитовите од 300 илјади профили. Тестирањата на платформата покажaа дека користените технологии даваат резултат со точност поголема од 80 проценти.

Според анализата, имињата на Силјановска-Давкова и на Пендаровски почесто се споменуваат во медиумите отколку на социјалните мрежи „Твитер“ и „Фејсбук“. Во првите девет дена од месецот тие биле споменати вкупно 3.515 пати. На „Фејсбук“ биле споменати речиси двојно помалку, а најмалку биле споменувани на „Твитер“.

Силјановска, според оваа анализа, најмногу била спомената на веб-порталите „Република“, „Курир“, „Инфомакс“ и на „Прес 24“, а Пендаровски на „Прес 24“, „Макпрес“, „24 инфо“ и на „Вечер“. Од инфографикот може да се види комплетната слика за тоа во кој медиум биле најмногу застапени двајцата претседателски кандидати.

Во однос на контекстот на споменување во медиумите може да се заклучи дека постои тесна разлика меѓу Силјановска и Пендаровски, иако кандидатката зад која стои опозициската ВМРО-ДПМНЕ предничи со негативните коментари.

Па, така, во многу негативен контекст Силјановска била спомената 201 пат, а Пендаровски 136 пати. Ако таа била спомната 914 пати во негативен контекст, Пендаровски во истиот контекст бил спомнат 778 пати. Тој предничи и во однос на неутралните спомнувања во медиумите, а Силјановска предничи во однос на позитивните споменувања. Тесна е разликата меѓу многу позитивните конотации, во кои биле ставени двајцата претседателски кандидати на кои се однесува анализата, во која за 8 споменувања предност има Пендаровски.

Според податоците од аналитичкиот центар на „Макфакс“, претседателскиот кандидат Пендаровски е попопуларен од Силјановска во однос на бројот на споменувања. Во многу позитивен или позитивен контекст меѓу твитерџиите тој е споменат 231 пат, а Силјановска 201. Во однос на тоа дали кандидатите се споменати во негативен или многу негативен контекст за нијанса води Силјановска, која е спомената 401 пат, а Пендаровски 389.

Слична ситуација може да се види и на „Фејсбук“, каде што Пендаровски има предност во однос на бројот на споменувања. Ако Силјановска била спомената 481 пат во многу негативен или во негативен контекст, Пендаровски е споменат 429 пати. Кај претседателскиот кандидат зад кој стои СДСМ поголем е бројот на позитивни или многу позитивни споменувања на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Според сето ова, Силјановска има поголема вредност на вкупниот сентимент во негативен контекст на социјалните мрежи и во медиумите од Пендаровски. Важно е да се потенцира дека не станува збор за анкета што ги мери гласовите за кандидатите, туку за начинот на кој тие се прикажани и коментирани во интернет-просторот. Истражувачкиот центар на „Макфакс“ на почетокот на кампањата за претседателските кандидати спроведе анкета.

Целосната методологија за начинот на изработката на сентимент-анализите на истражувачкиот центар на „Макфакс“ е достапна на следниот линк.

Прикажи повеќе...

Анализи

СЈО со детали: Како Камчев и Мијалков ги переле парите градејќи империја

Објавено пред

Злосторничко здружение, кое функционирало повеќе од 8 години, од 2009 година, кога биле отворани и затворани фирми, перени милиони и милиони евра, биле менувани сопственици, бил купуван огромен имот, отворани фирми на офшор-дестинации за еднократна употреба, префрлувани пари преку кипарски банки, а потоа овие испрани пари влегуваат како основачки влогови за да формираат македонски фирми.

dobivaj vesti na viber

Вака накусо може да се опише случајот „Империја“ на специјалното јавно обвинителство (СЈО), каде што, меѓу другите, осомничени се едни од највлијателните луѓе во земјата, бизнисменот Орце Камчев и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Три месеци по почнувањето на истрагата, обвинителството излезе со детали за еден од најобемните предмети за кој засега е утврдено дека се испрани речиси 11 милиони евра.

Истрагата е проширена за „Графички центар“ и за „Медија принт Македонија“ (МПМ), извршени се претреси во фирмите, осомничените се испрашани и собрани се докази.

Соработката меѓу Македонија и Кипар е воспоставена, па сега, конечно, на виделина излегуваат и имињата на оние што се криеле зад офшор-фирмите преку кои се переле пари.

Од крајот на јуни до крајот на октомври 2018 година некои од осомничените од „Империја“ биле под посебни истражни мерки.

„Мијалков не беше под посебни истражни мерки, Камчев многу внимателно зборуваше по телефон, но не и другите осомничени“, велат од СЈО.

Без разлика како ќе се одвива понатаму истрагата за „Империја“, со оглед на тоа што статусот и истрагите на СЈО сè уште се неизвесни, оттаму велат дека собрани се речиси 90 отсто од доказите за случајот да може да продолжи понатаму.

Злосторничкото здружение се распаѓа кон крајот на 2017 и почетокот на 2018 година кога осомничените почнуваат да земаат кредити за да се раздолжат, но тоа не значи дека тука завршуваат и нивните поединечни активности.

Под лупа на СЈО е и фирмата поврзана со семејството Мијалкови, „Бест веј инвестмент“, формирана веднаш по обеледонувањето на таканаречените бомби во 2015 година, чиј сопственик е синот на Сашо Мијалков, Јордан. СЈО истражува како се ширел бизнисот и како оваа фирма успева да заработи огромни суми и да стекне голем имот само за три години работа. „Бест веј инвестмент“, ако во 2016 година имала приходи од 816 илјади евра, во 2017 година веќе приходите ѝ растат на 9,6 милиони евра, што само покажува дека независно кој е на власт, бизнисите на Мијалков работат со полна пареа.

Краен сопственик на мистериозната „Ексико“ бил Камчев

Натписот на поштенското сандаче на улицата Иван Милутиновиќ во Скопје сведочи за постоењето на „Ексико“, чие сопствеништво е скриено

Центарот на истрагата за „Империја“ се познатата офшор-фирма „Ексико“ и бизнисменот Орце Камчев.

Истрагата утврдила дека зад првата фирма-мајка на „Ексико“, „Делта инвестмент“ од Белизе, всушност се крие таткото на Орце Камчев, Илија. Од оваа фирма, која поседуваше акции во големи акционерски друштва, а се јавуваше и како еден од сопствениците на атрактивните плацови на Водно, досега сите креваа раце и демантираа дека стојат зад неа.

Истрагата на СЈО утврдила дека по Илија Камчев, набргу како краен сопственик фигурирал и поранешниот директор на македонски „Телеком“, Жарко Луковски, а кога сопствеништвото на фирмата се сели во Америка, односно сопственик станува извесна „Калвус ЛЛЦ“ (Calvus LLC) од САД, крајниот сопственик е всушност Орце Камчев.

Од оваа американска фирма кон „Ексико“ се влеваат 1,6 милион евра како прилив, а дел од овие пари завршува на личната сметка на Камчев, додека со дел се купувани имот и земјиште во Гевгелија, на кое понатаму е предвидено да се градат казина.

Подоцна, а и до ден-денеска, сопственик на „Ексико“ е фирмата со швајцарски капитал „Т&МЈ инвестмент“ од Лугано, Швајцарија, фирма зад која оперативните сознанија покажале дека краен сопственик е член на семејството Мијалкови. Од швајцарската фирма кон македонската „Ексико“ немало никаков прилив или одлив на пари.

„Ексико“ не е единствената фирма преку која функционирало ова злосторничко здружение. Колку за пример, во истатата 2009 година офшор-компанијата „Хоспитал менаџмент груп ЛЛЦ’ од Кипар ја основа клиничката болница „Систина“. Понатаму, оваа компанија го продава имотот на друга офшор-компанија од Панама. „Орка холдинг“ го купува уделот од панамската, па повторно ѝ го продава на „Систина“, со што фактички Камчев внесува удел од „Хоспитал менаџмент“ од Кипар во Македонија.

Сомнежи за перење пари преку кипарски банки

Преку кипарски банки парите влегуваат во земјата

Значаен дел од истрагата на СЈО за „Империја“ има и фирмата „Финзи“ – истата фирма за која во таканаречените бомби можеше да се слушне дека одела набавката за опрема за следење интернет-комуникации за МВР. Министерството, додека на чело на УБК беше Мијалков, наместо директно да ја набави изреалската опрема за прислушување, тоа го правела преку „Финзи“. Во текот на истрагата за случајот самоубиство изврши директорот на „Финзи“, Коста Крпач, во април 2016 година.

Сега истрагата за „Империја“ повторно допира до „Финзи“, фирма основана од „Финзи ЛЛЦ“ во САД. Краен сопственик на оваа компанија, според СЈО, повторно е Орце Камчев.

Во неколку наврати од „Финзи ЛЛЦ“ преку кипарска банка кон македонската „Финзи“ биле исплатувани 650.000 евра. Во тоа време, односно во 2009 година, директор на „Финзи“ во Македонија е Владислав Стајковиќ, брат на Небојша Стајковиќ, поранешен помошник-министер за информатичка технологија во МВР.

Овие пари понатаму влегуваат како основачки влог во „Систина кардиологија“, фирма што подоцна е преименувана во „Си-Фи-Кар“ („Систина“, „Финзи“, “Кара“). Во 2012 година, според СЈО, кога парите веќе се испрани, американската мајка-фирма се затвора и се отвора нова фирма, во која Крпач влегува како директор, а на истата сметка легнуваат парите од израелската донација за опрема за прислушување.

„Не купуваат компании за да работат со нив, туку за да извлечат што можат“

Орце Камчев и Сашо Мијалков, клучните играчи во „Империја“

Многу компании, офшор, стотици папки со документи и изјави од сведоци содржи еден од најобемните предмети на СЈО – „Империја“. Од она што беше претставено пред новинарските екипи, неизбежен е заклучокот дека од досегашната истрага и собраните докази станува збор за класични примери за сомнежи за перење пари пред кои надлежните институции со години молчеле или се откажувале од гонење поради немање докази.

Дел од истрагата е отстапен и на купувањето на „Бетон Штип“ од страна на ТИМ ДОО, „Орка холдинг“, „Езимит“ ДООЕЛ и „Ексико“.

„Кога тие купуваат компанија, не ја купуваат за да ја работат, туку да извлечат што може од имотот на компанијата“, велат од СЈО.

Па, така, и овој пат сознанијата говорат дека од „Бетон Штип“ се извлечени 4 милиони евра, односно газдите ги тераат акционерите со парите да купуваат имот, а понатаму како што се извлекуваат парите, така се инвестираат во други зделки за што патем говорат и последните информации дека речиси 250 работници веќе ги напуштаат работните места од „Бетон Штип“ и истовремено преку суд си ги бараат неисплатените плати за последните четири месеци.

Дел од истрагата го опфаќа и „Фершпед“, односно од моментот кога Кираца Трајковска, која беше еден од мнозинските акционери во “Фершпед“, поради долг во Еуростандард банка, преку посредник побарала кредит од Стопанска банка АД Битола. Камчев, кој е дел од Управниот одбор на банката, наместо кредит, според СЈО, на Трајковска ѝ понудил преку физички лица да ѝ бидат префрлени парите по што биле ослободени нејзините акции од „Фершпед“.

За да им ги продаде акциите на странски инвеститори, таа го ангажирала брокерот Јованче Тасковски. Но, за нејзината намера дознал Штерјо Наков, кој побарал помош од Мијалков, со цел тој да ги купи акциите. Мијалков се договора со Камчев да ја изиграат, па без нејзино знаење, според СЈО, Ненад Јосифовиќ ги продава акциите на физички и правни лица поврзани со Наков за 4 милиони евра повисока цена од реалната. Парите од зделката завршуваат во фирма чии сопственици се „Ексико“, „Орка холдинг“ и „Тимох“.

Во делот од истрагата за „Империја“ влегуваат и стари случаи, кои претходно во обвинителствата завршувале со откажување од гонење поради немање доволно докази. Таков пример е истрагата за „пропаѓањето“ на „Орка спорт“, „Орка текстил“ и други фирми во сопственост на сега покојниот Илија Камчев. Данокот се избегнувал да се плаќа преку лажни стечаи, обезвреднување на имотот и формирање офшор-компании, а потоа парите „чисти“ биле внесувани во земјата, односно целиот имот бил пренесуван на новоформирани компании.

На овој начин, впрочем, и се градела целата империја – преку лојални соработници, изигрување на законитe и формирање компании за еднократна употреба.

Како ќе заврши истрагата и дали случајот ќе добие епилог останува неизвесно. Засега Орце Камчев и Сашо Мијалков се во домашен притвор, а конечниот збор ќе го каже Врховниот суд.

Освен Камчев и Мијалков, осомничени во случајот „Империја“ се и Ратка Куноска-Камчева, мајка на Камчев и неизвршен член на Одборот на директори на „Орка ходинг“, Кристина Камчева-Стојческа, сестра на Камчев и неизвршен член на Одборот на директори на „Жито полог Тетово“, Лилјана Гајдоска, правник во фирмите на Камчев, неизвршен член на Одборот на директори на ЗК „Пелагонија“, Тодор Мирчевски, директор на „Ексико“, Владислав Стајковиќ, сопственик на НВСП, доскорешен директор на „Мобико“ и поранешен директор на „Финзи“, Ванче Мијалчев, извршен директор на „Бетон Штип“, Јованче Тасковски, брокер, и Дејан Јанев од „О.Т.Е. инвест“.

Прикажи повеќе...

Анализи

Политиката го подели СЈО на табори

Објавено пред

„Чарлиевите ангели“ ги нема. Катица Јанева, Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи речиси една година не се појавуваат на заеднички прес-конференции. Во јавноста и на социјалните мрежи сè погласни се критиките за работата на специјалното јавно обвинителство и ослабената доверба во оваа институција.

dobivaj vesti na viber

Три и пол години по формирањето, целосен судски епилог има само за два случаја а сè погласни се шпекулациите дека во СЈО владее поделеност на обвинителите на табори, кои меѓусебно не се согласуваат за дејствувањето на ова обвинителство, па тие разлики во мислењата лесно се забележливи и во јавноста.

Трите жени, кои беа симбол за СЈО, ретко може се видат заедно во јавноста, а речиси една година Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи не даваат заеднички изјави. Според нашите извори, со слични ставови на една страна биле обвинителките Катица Јанева и Лиле Стефанова, а на друга Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи.

Од друга страна, сè поприсутна во јавноста е главната специјална обвинителка Катица Јанева, која, според најавите, во вторник ќе се појави на „1ТВ“, каде што заедно со обвинителите Лиле Стефанова и Трајче Пеливанов треба да одговараат и на прашања од гледачите. Токму во фирмата сопственик на „1ТВ“, „БМЈ медиа груп“, работи синот на Јанева, младиот гевгеличанец Лазар Јанев, за кого веќе беше објавено дека пред вработените бил претставен како директор на правна служба. Пред точно два месеца Јанева беше гостинка на „1ТВ“ и се фотографира со сопственикот на телевизијата, Бојан Јовановски, со назнака дека станува збор за работен состанок.

Во СЈО во последната година во целост се смени практиката на комуникација со јавноста. Последната прес-конференција СЈО ја одржа на 21 март минатата година.

Повеќе нема брифинзи со новинари, а на обвинителките Ристоска и Фетаи не им е дозволено да даваат интервјуа и изјави. Целосна затвореност владее и во однос на истрагите. Случајот „Империја“, во кој, меѓу другите, се осомничени и бизнисменот Јордан Камчев и ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, беше отворен пред повеќе од 2 месеца, а од СЈО нема дополнителни информации, освен дека истрагата е сложена.

Сите обиди на „Макфакс“ да обезбедат брифинг за случајот беа залудни. Новинарите меѓу себе коментираат дека ова обвинителство, кое наметна транспарентно работење, последнава година се затворило, иако обвинителите поминале серија обуки за комуникација со јавноста. Тоа остава простор за шпекулации во постапувањето по предметите на обвинителството. Од друга страна, во редовното Обвинителство се спроведува тренинг за односи со јавноста на обвинителите.

Според нашите информации, во специјалното јавно обвинителство меѓу некои од вработените владее незадоволство од начинот на работа, особено по последните политички случувања, амнестии и повици за помирување, кои во голем дел влијаат и врз актуелните предмети што се во судска постапка, но и на оние што се во истрага и предистрага, а во кои, меѓу другите, се вклучени и Сашо Мијалков, Елизабета Канческа-Милевска, Али Ахмети, Бујар Османи.

Ексминистерката за култура, КанческаМилевска, е инволвирана во предистрагата за предметот „Скопје 2014“, кој е еден од најобемните предмети на СЈО, за Мијалков се водат повеќе судски постапки, а предметот за агенцијата за обезбедување СГС е во предистрага.

Во процесот на помирувањето наголемо се споменуваа и измените во Кривичниот законик, односно член 353, став 5, кој ја регулира злоупотребата на службената положба преку јавните набавки. Доколку дојде до промена на овој член, како што беше најавувано, помали казни или ослободување од одговорност ќе добијат голем број обвинети во случаите на СЈО, меѓу кои и Мијалков.

Уставниот суд сè уште не расправал по иницијативата на адвокатот Еленко Миланов, кој бара судиите да се произнесат за овој член од Кривичниот законик.

Сите овие политички инволвирања, кои допираат и до СЈО, според нашите извори, довеле до голем раздор во работата на институцијата, која има годишен буџет од 3,7 милиони евра. Некои од обвинителите се разочарани од фактот што нивните предмети и нивната работа зависат исклучително од тековната политичка ситуација, па токму затоа во последниот период и не се работи на нови предистраги бидејќи се чека исходот од тоа што ќе се случува со институцијата и дали евентуално одредени функционери од претходната, но и од актуелната власт, ќе избегнат одговорност.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија50 минути

Почувствуван земјотрес во Македонија

Утрово е регистриран земјотрес со јачина од 2,10 степени според Рихтер во Македонија. Според првите информации од ЕМСЦ, епицентарот е...

Македонија51 минута

(Видео) ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија, велат од Левица

„На вчерашната седница за пратенички прашања, пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил – Хактан, постави прашања за кои јавноста чека одговор...

Македонија1 час

СДС со примитивни методи во Собранието го активира насилникот и пудлицата на Венко, Апасиев, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Венко Филипче и СДС тотално се изгубија на политичката мапа по катастрофалниот пораз и последните анкети каде рејтингот им е...

Свет2 часа

Унгарија го поддржа Нетанјаху: Одлуката на Меѓународниот кривичен суд е апсурдна

Министерот за надворешни работи на Унгарија ги критикуваше налозите за апсење на Меѓународниот кривичен суд за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху...

Европа2 часа

Украинскиот парламент ја одложи седницата, на пратениците им е кажано да ги држат своите семејства подалеку од владиниот кварт на Киев

Украинскиот парламент ја одложи седницата што требаше да се одржи денеска поради безбедносни причини, јави јавната телевизија Суспилнe, повикувајќи се...

Свет4 часа

Ким Џонг-Ун ги нападна САД: Никогаш не сме биле толку блиску до термонуклеарна војна со Јужна Кореја

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун ги обвини САД за провокации и ескалација на тензиите, велејќи дека Корејскиот Полуостров никогаш не се...

Топ13 часа

Деветнаесетгодишна девојка го управувала автомобилот со којшто беше усмртена жената во Чаир

Деветнаесетгодишна девојка (А.Џ.) управувала со автомобилот „сеат алтеа“, со којшто попладнево беше прегазена жената во скопската населба Чаир којашто почина...

Скопје13 часа

Студентите на протест поради јавниот превоз, бараат и набавка на нови автобуси и велосипедска инфраструктура

Универзитетското студентско сообрание (УСС-УКИМ) за утре, 22 ноември, најавува протест поради проблемите со јавниот превоз што ќе се случува од...

Топ15 часа

Трагедија вечерва во Чаир: Загина жена, ја прегази автомобил

Жена загина во скопската неселба Чаир, кога во неа удрил автомобил со скопски регистерски ознаки. Според информациите од СВР Скопје...

Скопје17 часа

Владата ќе му позајми на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата за ЈСП

Владата вонредно расправаше поради недостигот на енергенси за обавување на јавниот сообраќај на територијата на Град Скопје, при што беше...

Македонија19 часа

(Видео) Избегната тепачка во Собранието, Гаши го повика обезбедувањето

Во македонскиот парламент денеска избегната тепачка меѓу некои од пратениците. Инцидентот се случи меѓу лидерот на Левицата, Димитар Апасиев, и...

Македонија21 час

Црната листа на САД е многу динамична и отворена за додавање нови имиња, порача Агелер

Американската амбасадорка Анџела Агелер, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со црната листа на САД, рече дека таа е...

Скопје23 часа

(Видео) СДСМ со решенија за кризата во Скопје: закон за финансиска поддршка на Градот и на ЈСП, субвенциии за гориво, вели Јанчева

„Како што најавивме, денес сме тука за да ги презентираме нашите конкретни предлози за надминување на кризата во која се...

Македонија23 часа

ЈСП избрало неприфатлива понуда во набавката на „евродизелот“, утврдени неправилности во постапката, соопшти Бирото за јавни набавки

Постапката за јавна набавка на „евродизелот“ објавена од страна на договорниот орган ЈСП беше предмет на управна контрола во Бирото...

Скопје23 часа

Славески свика итна вонредна седница на Советот на Скопје поради колапсот на јавниот превоз

Претседателот на Совет на Скопје Трајко Славески за денеска во 18 часот закажа итна вонредна седница на која треба да...

Скопје1 ден

Колапс на јавниот превоз, скопјани се солидаризираат: „Застанете ако сте со автомобил, превезете некого“

Од синоќа, со оглед дека нема автобуси, на социјалните мрежи се споделуваат повици за оние што одат на работа со...

Регион1 ден

Ексминистер и двајца поранешни директори меѓу уапсените за уривањето на натстрешникот на Железничката станица во Нови Сад

Поради уривањето на натстрешникот на Железничката станица во Нови Сад, уапсени се 11 лица, соопшти Вишото јавно обвинителство во Нови...

Европа1 ден

(Видео) Русите ја нападнаа Украина со шест бомбардери „ту-95“ и „миг“, Днепар во пламен

Во денешниот руски ракетен напад е оштетена индустриска компанија во Днепар, а во градот избувнале пожари, изјави началникот на воената...

Европа1 ден

Ажурираната нуклеарна доктрина на Русија е лукав потег на Путин против Бајден и му оди во прилог на Доналд Трамп

Нуклеарните закани на Москва се прилично суптилна игра која директно не ѝ штети на Русија, туку му штети на актуелниот...

Свет1 ден

Северна Кореја и Русија потпишаа протокол за соработка

Северна Кореја и Русија потпишаа протокол за соработка по состаноците за трговија, економија, наука и технологија во Пјонгјанг, објави севернокорејскиот...