Црна хроника
Кражби во Гостивар и Скопје
Непознат сторител извршил тешка кражба во стан на улицата „Васко Карангелевски“ во Скопје.
Крадецот со погоден алат ја отклучил бравата од влезната врата во станот на Ј.Р. ( 29 ), и потоа украл два лап-топ компјутери, како и златен накит, а вкупната штета се проценува на 360.000 денари. Полицијата трага по сторителот.
Во Гостивар пак, непознати лица извршиле кражба во куќата на А.З. (22), при што преку прозорецот на балконот влегле внатре и украле златен накит во вредност од 200.000 денари. Сторителите биле забележани од С.3. (47), сестра на сопственикот на куќата, и потоа веднаш побегнале. МВР соопшти дека презема мерки и трага по крадците./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.