Црна хроника
Исчезнатата жена од Челопек најдена мртва во Вардар
Безживотното тело на 45-годишната Николина Ј. од тетовското село Челопек, која во четвртокот била пријавена за исчезната, било пронајдено во саботата околу 11 часот во водите на Вардар во месноста Алидајна во близина на селото, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.
Телото го пронашле нејзините најблиски кои откако делумно го извлекле од реката на брегот веднаш ја известиле полициската станица во Жеровјане, пренесува Курир.мк.
Увид извршиле екипи на полицијата, истражен судија, јавен обвинител и лекар по судска медицина и според првичните информации врз телото на починатата немало знаци на насилство, но по наредба на истражен судија ќе се врши и обдукција.
Како што информирал Јосифовски, во четвртокот сопругот пријавил во полиција Николина дека исчезнала, но во текот на петокот и покрај преземените потраги таа не била пронајдена. Николина била по потекло од Албанија и била мајка на пет ипол годишно дете./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.