Црна хроника
Уапсен скопјанец што се борел во редовите на ИД во Сирија
Дваесет и едногодишен скопјанец е уапсен под сомнение дека бил припадник на ИД и во два наврата се борел во Сирија, а од август годинава кога против него во рамки на Оперативната обработка „Ќелија“ беше поднесена кривична пријава.
Според полициските сознанија, С.Р. бил припадник на ИД и првото заминување за Сирија го остварил во првата половина на 2013 година, а додека, пак, второто илегално заминување за Сирија го остварил во октомври минатата година. Пријавениот пред неколку недели илегално се вратил на територијата на Република Македонија по што од страна на Министерството за внатрешни работи беше лоциран и по налог на Јавен обвинител лишен од слобода.
Инаку, како што МВР претходно информираше, оперативната акција “Ќелија“ беше реализирана на почетокот на август годинава (06.08.) како резултат на повеќемесечна координирана истрага во која беа собрани докази за лица кои учествувале во паравоени формации, во собирање финасиски и други логистички средства за потребите на паравоени формации, како за врбување и поттикнување на лица да се приклучат во паравоени формации.
Исто така беа собрани и докази и за сокривање на лица кои веќе учествувале во странска војска надвор од територијата на РМ или пак оствариле обид за тоа. Во рамки на акцијата беа извршени 28 претреси во Скопје, Гостивар, Тетово, Куманово и Струга, беа запленети поголема количина технички средства (копјутери, лап-топи, таблети, мобилни телефони, и друго). /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против директорка на градинка во Велес, при аплицирање за позицијата дала сертификат за англиски јазик со невистинита содржина
Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) на 25.04.2024 до ОЈО Велес поднесе кривична пријава против 44-годишната М.В. од Велес, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, согласно член 380 ст.1 од Кривичниот законик.
„Пријавената, на функција директор во општинска јавна установа за деца – детска градинка во Велес, прибавила меѓународно признаен сертификат за познавање на англиски јазик со нејзино име, издадена од училиште за јазици од Пловдив, Р.Бугарија.
Иако знаела дека исправата е со невистинита содржина, М.В. ја употребила како доказ дека поседува меѓународно признаен сертификат при нејзиното аплицирање на Јавен оглас за избор на директор на детската градинка, по што и била именувана на функцијата“, соопшти МВР.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.