Македонија
Никако да се договорат експертите за ДИК
Партиите не можат да се договорат околу имињата на експертите кои треба влезат во составот на новата Државна изборна комисија (ДИК), а во понеделник работните групи за спроведување на договорот од Пржино имаат состанок токму на оваа тема.
На состанокот во петокот се дискутирало за кандидатите коишто за овие позиции се пријавиле на конкурсот, но претставниците на партиите кај секого нашле по некоја забелешка и не успеале да се усогласат.За понеделник е закажана нова средба на работната група за избор на членови на ДИК на која се очекува странските посредници во процесот да предложат методологија по која ќе се одлучи за тоа кои ќе бидат експертите во Изборната комисија.Како што предвидува договорот од Пржино, експертите треба да бидат прифатливи за сите политички партии. Исто така, со договорот, зголемени се и ингеренциите на ДИК, па сега комисијата има надлежност да одлучува и за ветата на дополнителните министри и заменици-министри. Се измени и форматот на ДИК, која сега има девет члена, тројца предложени од власта, тројца од опозицијата и тројца експерти. Од редот на експертите ќе се избере претседател на ДИК и негов заменик. Засега не е закажана средба на работната група на тема медиуми, а неизвесно е дали таа би можела да се одржи по завршување на онаа за ДИК. За реформите во медиумите веќе се расправаше, но не се постигна никаков договор и веќе двапати се пробиваат роковите./крај/мф//бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.
Сервисни информации
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено
Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.