Црна хроника
Крадецот на велосипеди конечно приведен
Полицијата најпосле го приведе триесет и деветгодишниот Х.В. од прилепското село Канатларци, поради сомнеж дека изминатите два месеца на подрачјето на Скопје, украл триесетина велосипеди
Министерството за внатрешни работи информира дека досега целосно се документирани 17 кражби, за кои против осомничениот веќе е поднесена кривична пријава, додека останатите се во фаза на разгледување и комплетирање.Х.В најчесто крадел велосипеди на подрачјето на булеварот „Крсте Мисирков“. Тој доаѓал во Скопје со намера да ги изврши кривичните дела, се задржувал ден-два и се враќал назад во Канатларци. Најголем дел од украдените велосипеди ги продавал на лица вработени на градилиштето на Бетон кај Стариот театар,со објаснение дека ги купува од пазарот за стари предмети. По целосното документирање на 17 кражби, велосипедите им се вратени на оштетените сопственици.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.