Контакт

Анализи

Јапонија: Катастрофа на векот

Објавено пред

Јапонија се бори да ги стави под контрола проблемите со неколкуте нуклеарни реактори оштетени од земјотресот што се случи на 10-ти март и, иако нема знаци на паника, нуклеарниот аспект на заздравувањето на Јапонија ќе има трансформативно влијание врз земјата, но и последици за целиот свет

dobivaj vesti na viber

Јапонија се бори да ги стави под контрола проблемите со неколкуте нуклеарни реактори оштетени од земјотресот што се случи на 10-ти март и, иако нема знаци на паника, нуклеарниот аспект на заздравувањето на Јапонија ќе има трансформативно влијание врз земјата, но и последици за целиот светСитуацијата во Јапонија по земјотресот со јачина од 9 степени според Рихтеровата скала во Тохуку на 10-ти март и натаму е мрачна. Премиерот Наото Кан ја прогласи несреќата за најлоша катастрофа по Втората светска војна и повика на национално единство за да се преживее кризата и за да се изгради „нова Јапонија“. Кан, исто така, ја зголеми бројката на припадниците на Народната одбрана на 100.000 војници, што е околу 40 проценти од активниот состав на армијата. Затворањето на 11 од 54-те јапонски нуклеарни реактори резултираше со загуба од 15 до 20 проценти од јапонската електрична енергија. Поради тоа што толку голем број на генератори се исклучени, од 14-ти март се применуваат наизменични прекини на електричната енергија за да се осигури дотурот на струја, што значи дека најголемиот дел од северна Јапонија, вклучувајќи го и Токио, ќе имаат по тричасовни дневни прекини на струјата. Голем број индустриски гранки, вклучувајќи ја и автомобилската и онаа за автомобилски делови, производство на полуспроводници и челичарниците, го прекинаа производството на неодредено време. САД, Јужна Кореја, Кина и повеќе меѓународни организации испратија тимови за помош и советници.Голема е можноста да следуваат уште природни катастрофи. Властите велат дека шансите да удри уште еден земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала се 70 проценти. Веќе имаше неколку стотици последователни удари, од кои неколку имаа јачина од над шест степени според Рихтер. Во меѓувреме и Шинмоедаке, вулкан кој се наоѓа на јужниот остров Кјушу, повторно почна да еруптира. Вулканот во јануари 2010 година се активира на поголемо ниво за првпат по 50 години (иако имаше помали активности и во 2008 и во 2009 година). Некои проценки посочуваат дека Јапонија може да очекува земјотрес со јачина помала од првичниот, поточно од околу осум степени според Рихтер. Ризикот од големи земјотреси во наредните неколку години, исто така, е многу висок. „Стратфор“ интензивно продолжува да го следи ставањето под контрола на проблемите со нуклеарните реактори. Јапонија тврди дека инцидентот е на четврто ниво според скалата од седум нивоа на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) за нуклеарни настани – едно ниво пониско од инцидентот во нуклеарниот реактор на островот „Три милји“ во САД во 1979 година, што значи „несреќа со локални последици“, но многумина сметаат дека оваа прогноза е премногу оптимистичка и дека ситуацијата веќе е полоша од таа на островот „Три милји“ пред повеќе од три децении. Најсилната закана за напорите да се стави ситуацијата под контрола доаѓа од третиот реактор во нуклеарната централа „Даиичи“ во Фукушима, кој настрада од експлозија на пареата, слично како што настрада и првиот реактор во истата централа на 12-ти март. Прачките со гориво во третиот реактор се изложени, како што беа и во првиот, што значи дека нивоата на ладење се ниски и можно е веќе да дошло до одредено топење во реакторот. Ова носи опасност од раст на количината на хидроген и раст на притисокот во надворешната зграда и можност за уште една експлозија на пареата.Опасност од сите страни Но, парната експлозија во третиот реактор во Фукушима ни оддалеку не е единствената опасност. Како прво, системите за ладење во реакторите 1 – 3 повеќе не работат, што значи дека сега проблем претставува и распрскувачката топлина од јадрото на реакторот. Поради тоа, во секој од овие реактори тимовите за вонредни состојби плански и контролирано испуштаат радиоактивна пареа за да го намалат притисокот и впумпуваат морска вода и борна киселина во обид да ги „убијат“ реакторите. Откажаа системите за ладење на реакторите и во други нуклеарни централи . Во непосредна близина на оваа централа, нуклеарната централа „Даини“, исто така во Фукушима, исто така се соочува со падови на системите за ладење во првиот, вториот и четвртиот реактор. Вонредна состојба од ниско ниво е прогласена и во нуклеарната централа „Онагава“во градот Ишиномаки, во префектурата Мијаги (која беше најтешко погодена од цунамито), на север од централите во Фукушима, каде што најпрвин беше утврдено постоење на зголемена радијација, но подоцна е утврдено дека потекнува од друго место, најверојатно од „Даиичи“. Оваа радијација  може да претставува закана за целата околина, вклучувајќи го и главниот град на префектурата, Сендаи. Пумпата за ладење престана да работи и во нуклеарната електрична централа „Токаи 2“, во Токаи, во префектурата Ибараки. Одделот за нуклеарна безбедност на владата на префектурата соопшти дека дека другата пумпа работи и дека нема проблеми со ладењето на реакторот. И Јапонската агенција за атомска енергија тврди дека реакторот бил изладен без никаков проблем. Оваа централа е на само 120 километри северно од престолнината Токио, за разлика од реакторите во Фукушима, кои се на 260 километри оддалеченост од центарот на Токио. Ако истече радијација од Токаи – за што, засега, нема докази – ќе се зголеми ризикот радијацијата на крајот сепак да стигне до 30-милионскиот мегалополис Токио. Од она што „Стратфор“ до сега успеа да го дознае, сите овие реактори се на лесна вода и автоматски се исклучиле кога удри земјотресот, па така постоечката топлина е онаа добиена од процесот на распаѓање, а не од примарната физија, но во секој случај, топлината постојано расте поради недостигот од ладење. Во овие типови на реактори, како што расте топлината, така тие почнуваат понеефективно да согоруваат, па општоприфатено мислење е дека мала е веројатноста повторно да дојде до физиски реакции или „одбегната“ верижна реакција која би довела до поголема експлозија. Како и да е, целосното пропаѓање на напорите за ладење на реакторите и за ставање на ситуацијата под контрола може да доведе до пробив на примарниот сад за притисок на реакторот, поголемо истекување, па дури е можна и појава на сценарио на  „Кинески синдром“, кога стопената маса се пробива долу во почвата под реакторот  и, што е најстрашно, процесот не може точно да се забележи на инструментите. Едноставно, има премногу непознати за да се дојде до издржано предвидување. Згора на тоа јапонските напори за справување со ситуацијата беа отежнати дури и пред да мораат да се справуваат со ризикот од повеќекратни нуклеарни инциденти и несреќи. Зголемена радијација Експертите сега велат дека најважно е да се следи растот на нивоата на радијација во непосредна околина на централата. Растечката радијација ќе индицира дека состојбата со стабилноста на јадрото на реакторот се влошува. Јапонската влада тврди дека експлозијата во реакторот број 1 во централата „Даиичи“ во Фукушима не го оштетил садот за притисок во реакторот, но веќе се регистрирани истекувања на јодин и цезиум, што посочува токму на испукување какво што е претпоставено во сценариото за најлошиот развој на настаните. Владата вели дека нивото на радијација во непосредната близина на централата „Даиичи“ достигна 120,4 милиреми на еден час, двојно повеќе од максималните дозволени нивоа и околу една шестина од она со што се соочуваат Американците секоја година. Извештаите за изложеноста на радијацијата варираат, но можно е дури 200 луѓе до сега да настрадале од изложеност, а јапонската телевизија „ХНК“ неколку пати повтори дека луѓето во радиус од 20 километри од централите мора итно да се евакуираат и да носат кошули со долги ракави и повеќе слоја на облека, за да го спречат контактот на кожата со радијацијата. Втората експлозија на реакторот број 3 на централата „Даиичи“ во Фукушима и, за среќа, не го оштети јадрото на реакторот, туку, како и првата, само околните заштитни структури. Останува прашањето како ќе влијае експлозијата на целокупниот напор за справување со овој проблем и таму и во другите нуклеарни централи со проблематични реактори. Поголема експлозија или оштетување на централата „Даиичи“ во Фукушима може да ги попречи напорите за стабилизирање на другите реактори во централата. Најбитно прашање е дали топлината, притисокот и радијацијата од централите „Даини“, „Онагва“ и „Токаи“ ќе продолжат да растат или ќе биде можно да се стават под контрола. За сега, ветриштата и натаму ја туркаат радијацијата кон морето, но извештај на една германска новинска агенција индицира дека нивоата на воздушниот притисок во регионот навестуваат можна промена на правецот на ветриштата во наредниот период, што може да доведе и до појава на северни ветрови со што би се загрозила и престолнината Токио, иако тоа е малку веројатно.И конечно, се посилна станува загриженоста поради социјалната стабилност на земјата по катастрофите. Веќе почнаа да се формираат редови за најпотребните добра, а се поголеми се стравувањата од претстоечкиот недостиг од храна, гориво и медицински препарати. Се уште нема знаци на општа паника и, имајќи ги предвид земјотресите, цунамито, можните вулкански ерупции и заканата од повеќекратно топење на нуклеарните реактори, цврстината на Јапонците е навистина примерна. Кризата продолжува и крајот нема да биде наскоро, а растечката нуклеарна закана покренува исклучително тешки предизвици за тимовите кои треба да се справат со проблемот, но е и најбитниот аспект од катастрофата, кој мора да се има предвид. Она што веќе и сега е јасно, е тоа што овој настан ќе има трансформативно влијание на Јапонија, но ќе има и глобални последици.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Анализи

Силјановска vs Пендаровски: Кој добива, а кој губи во битката на социјалните мрежи и медиумите?

Објавено пред

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова најмногу се спомнуваат во медиумите, а најмалку се популарни меѓу твитерџиите. Во негативен контекст почесто е споменувана Силјановска на социјалните мрежи „Феjсбук“ и „Твитер“, но и во медиумите.

dobivaj vesti na viber

Ова го покажа првата сентимент-анализа на истражувачкиот центар на „Макфакс“, која се изработуваше во периодот од 1 до 9 април годинава. Процесот на изработка на анализата е базиран на компјутерски алгоритми и има задача да одреди во каков контекст (многу негативен, негативен, неутрален, позитивен или многу позитивен) е напишан одреден текст или дел од текстот.

Преку системот беа анализирани 220 медиуми, како и објавите и коментарите на над еден милион корисници на „Фејсбук“ и твитовите од 300 илјади профили. Тестирањата на платформата покажaа дека користените технологии даваат резултат со точност поголема од 80 проценти.

Според анализата, имињата на Силјановска-Давкова и на Пендаровски почесто се споменуваат во медиумите отколку на социјалните мрежи „Твитер“ и „Фејсбук“. Во првите девет дена од месецот тие биле споменати вкупно 3.515 пати. На „Фејсбук“ биле споменати речиси двојно помалку, а најмалку биле споменувани на „Твитер“.

Силјановска, според оваа анализа, најмногу била спомената на веб-порталите „Република“, „Курир“, „Инфомакс“ и на „Прес 24“, а Пендаровски на „Прес 24“, „Макпрес“, „24 инфо“ и на „Вечер“. Од инфографикот може да се види комплетната слика за тоа во кој медиум биле најмногу застапени двајцата претседателски кандидати.

Во однос на контекстот на споменување во медиумите може да се заклучи дека постои тесна разлика меѓу Силјановска и Пендаровски, иако кандидатката зад која стои опозициската ВМРО-ДПМНЕ предничи со негативните коментари.

Па, така, во многу негативен контекст Силјановска била спомената 201 пат, а Пендаровски 136 пати. Ако таа била спомната 914 пати во негативен контекст, Пендаровски во истиот контекст бил спомнат 778 пати. Тој предничи и во однос на неутралните спомнувања во медиумите, а Силјановска предничи во однос на позитивните споменувања. Тесна е разликата меѓу многу позитивните конотации, во кои биле ставени двајцата претседателски кандидати на кои се однесува анализата, во која за 8 споменувања предност има Пендаровски.

Според податоците од аналитичкиот центар на „Макфакс“, претседателскиот кандидат Пендаровски е попопуларен од Силјановска во однос на бројот на споменувања. Во многу позитивен или позитивен контекст меѓу твитерџиите тој е споменат 231 пат, а Силјановска 201. Во однос на тоа дали кандидатите се споменати во негативен или многу негативен контекст за нијанса води Силјановска, која е спомената 401 пат, а Пендаровски 389.

Слична ситуација може да се види и на „Фејсбук“, каде што Пендаровски има предност во однос на бројот на споменувања. Ако Силјановска била спомената 481 пат во многу негативен или во негативен контекст, Пендаровски е споменат 429 пати. Кај претседателскиот кандидат зад кој стои СДСМ поголем е бројот на позитивни или многу позитивни споменувања на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Според сето ова, Силјановска има поголема вредност на вкупниот сентимент во негативен контекст на социјалните мрежи и во медиумите од Пендаровски. Важно е да се потенцира дека не станува збор за анкета што ги мери гласовите за кандидатите, туку за начинот на кој тие се прикажани и коментирани во интернет-просторот. Истражувачкиот центар на „Макфакс“ на почетокот на кампањата за претседателските кандидати спроведе анкета.

Целосната методологија за начинот на изработката на сентимент-анализите на истражувачкиот центар на „Макфакс“ е достапна на следниот линк.

Прикажи повеќе...

Анализи

СЈО со детали: Како Камчев и Мијалков ги переле парите градејќи империја

Објавено пред

Злосторничко здружение, кое функционирало повеќе од 8 години, од 2009 година, кога биле отворани и затворани фирми, перени милиони и милиони евра, биле менувани сопственици, бил купуван огромен имот, отворани фирми на офшор-дестинации за еднократна употреба, префрлувани пари преку кипарски банки, а потоа овие испрани пари влегуваат како основачки влогови за да формираат македонски фирми.

dobivaj vesti na viber

Вака накусо може да се опише случајот „Империја“ на специјалното јавно обвинителство (СЈО), каде што, меѓу другите, осомничени се едни од највлијателните луѓе во земјата, бизнисменот Орце Камчев и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Три месеци по почнувањето на истрагата, обвинителството излезе со детали за еден од најобемните предмети за кој засега е утврдено дека се испрани речиси 11 милиони евра.

Истрагата е проширена за „Графички центар“ и за „Медија принт Македонија“ (МПМ), извршени се претреси во фирмите, осомничените се испрашани и собрани се докази.

Соработката меѓу Македонија и Кипар е воспоставена, па сега, конечно, на виделина излегуваат и имињата на оние што се криеле зад офшор-фирмите преку кои се переле пари.

Од крајот на јуни до крајот на октомври 2018 година некои од осомничените од „Империја“ биле под посебни истражни мерки.

„Мијалков не беше под посебни истражни мерки, Камчев многу внимателно зборуваше по телефон, но не и другите осомничени“, велат од СЈО.

Без разлика како ќе се одвива понатаму истрагата за „Империја“, со оглед на тоа што статусот и истрагите на СЈО сè уште се неизвесни, оттаму велат дека собрани се речиси 90 отсто од доказите за случајот да може да продолжи понатаму.

Злосторничкото здружение се распаѓа кон крајот на 2017 и почетокот на 2018 година кога осомничените почнуваат да земаат кредити за да се раздолжат, но тоа не значи дека тука завршуваат и нивните поединечни активности.

Под лупа на СЈО е и фирмата поврзана со семејството Мијалкови, „Бест веј инвестмент“, формирана веднаш по обеледонувањето на таканаречените бомби во 2015 година, чиј сопственик е синот на Сашо Мијалков, Јордан. СЈО истражува како се ширел бизнисот и како оваа фирма успева да заработи огромни суми и да стекне голем имот само за три години работа. „Бест веј инвестмент“, ако во 2016 година имала приходи од 816 илјади евра, во 2017 година веќе приходите ѝ растат на 9,6 милиони евра, што само покажува дека независно кој е на власт, бизнисите на Мијалков работат со полна пареа.

Краен сопственик на мистериозната „Ексико“ бил Камчев

Натписот на поштенското сандаче на улицата Иван Милутиновиќ во Скопје сведочи за постоењето на „Ексико“, чие сопствеништво е скриено

Центарот на истрагата за „Империја“ се познатата офшор-фирма „Ексико“ и бизнисменот Орце Камчев.

Истрагата утврдила дека зад првата фирма-мајка на „Ексико“, „Делта инвестмент“ од Белизе, всушност се крие таткото на Орце Камчев, Илија. Од оваа фирма, која поседуваше акции во големи акционерски друштва, а се јавуваше и како еден од сопствениците на атрактивните плацови на Водно, досега сите креваа раце и демантираа дека стојат зад неа.

Истрагата на СЈО утврдила дека по Илија Камчев, набргу како краен сопственик фигурирал и поранешниот директор на македонски „Телеком“, Жарко Луковски, а кога сопствеништвото на фирмата се сели во Америка, односно сопственик станува извесна „Калвус ЛЛЦ“ (Calvus LLC) од САД, крајниот сопственик е всушност Орце Камчев.

Од оваа американска фирма кон „Ексико“ се влеваат 1,6 милион евра како прилив, а дел од овие пари завршува на личната сметка на Камчев, додека со дел се купувани имот и земјиште во Гевгелија, на кое понатаму е предвидено да се градат казина.

Подоцна, а и до ден-денеска, сопственик на „Ексико“ е фирмата со швајцарски капитал „Т&МЈ инвестмент“ од Лугано, Швајцарија, фирма зад која оперативните сознанија покажале дека краен сопственик е член на семејството Мијалкови. Од швајцарската фирма кон македонската „Ексико“ немало никаков прилив или одлив на пари.

„Ексико“ не е единствената фирма преку која функционирало ова злосторничко здружение. Колку за пример, во истатата 2009 година офшор-компанијата „Хоспитал менаџмент груп ЛЛЦ’ од Кипар ја основа клиничката болница „Систина“. Понатаму, оваа компанија го продава имотот на друга офшор-компанија од Панама. „Орка холдинг“ го купува уделот од панамската, па повторно ѝ го продава на „Систина“, со што фактички Камчев внесува удел од „Хоспитал менаџмент“ од Кипар во Македонија.

Сомнежи за перење пари преку кипарски банки

Преку кипарски банки парите влегуваат во земјата

Значаен дел од истрагата на СЈО за „Империја“ има и фирмата „Финзи“ – истата фирма за која во таканаречените бомби можеше да се слушне дека одела набавката за опрема за следење интернет-комуникации за МВР. Министерството, додека на чело на УБК беше Мијалков, наместо директно да ја набави изреалската опрема за прислушување, тоа го правела преку „Финзи“. Во текот на истрагата за случајот самоубиство изврши директорот на „Финзи“, Коста Крпач, во април 2016 година.

Сега истрагата за „Империја“ повторно допира до „Финзи“, фирма основана од „Финзи ЛЛЦ“ во САД. Краен сопственик на оваа компанија, според СЈО, повторно е Орце Камчев.

Во неколку наврати од „Финзи ЛЛЦ“ преку кипарска банка кон македонската „Финзи“ биле исплатувани 650.000 евра. Во тоа време, односно во 2009 година, директор на „Финзи“ во Македонија е Владислав Стајковиќ, брат на Небојша Стајковиќ, поранешен помошник-министер за информатичка технологија во МВР.

Овие пари понатаму влегуваат како основачки влог во „Систина кардиологија“, фирма што подоцна е преименувана во „Си-Фи-Кар“ („Систина“, „Финзи“, “Кара“). Во 2012 година, според СЈО, кога парите веќе се испрани, американската мајка-фирма се затвора и се отвора нова фирма, во која Крпач влегува како директор, а на истата сметка легнуваат парите од израелската донација за опрема за прислушување.

„Не купуваат компании за да работат со нив, туку за да извлечат што можат“

Орце Камчев и Сашо Мијалков, клучните играчи во „Империја“

Многу компании, офшор, стотици папки со документи и изјави од сведоци содржи еден од најобемните предмети на СЈО – „Империја“. Од она што беше претставено пред новинарските екипи, неизбежен е заклучокот дека од досегашната истрага и собраните докази станува збор за класични примери за сомнежи за перење пари пред кои надлежните институции со години молчеле или се откажувале од гонење поради немање докази.

Дел од истрагата е отстапен и на купувањето на „Бетон Штип“ од страна на ТИМ ДОО, „Орка холдинг“, „Езимит“ ДООЕЛ и „Ексико“.

„Кога тие купуваат компанија, не ја купуваат за да ја работат, туку да извлечат што може од имотот на компанијата“, велат од СЈО.

Па, така, и овој пат сознанијата говорат дека од „Бетон Штип“ се извлечени 4 милиони евра, односно газдите ги тераат акционерите со парите да купуваат имот, а понатаму како што се извлекуваат парите, така се инвестираат во други зделки за што патем говорат и последните информации дека речиси 250 работници веќе ги напуштаат работните места од „Бетон Штип“ и истовремено преку суд си ги бараат неисплатените плати за последните четири месеци.

Дел од истрагата го опфаќа и „Фершпед“, односно од моментот кога Кираца Трајковска, која беше еден од мнозинските акционери во “Фершпед“, поради долг во Еуростандард банка, преку посредник побарала кредит од Стопанска банка АД Битола. Камчев, кој е дел од Управниот одбор на банката, наместо кредит, според СЈО, на Трајковска ѝ понудил преку физички лица да ѝ бидат префрлени парите по што биле ослободени нејзините акции од „Фершпед“.

За да им ги продаде акциите на странски инвеститори, таа го ангажирала брокерот Јованче Тасковски. Но, за нејзината намера дознал Штерјо Наков, кој побарал помош од Мијалков, со цел тој да ги купи акциите. Мијалков се договора со Камчев да ја изиграат, па без нејзино знаење, според СЈО, Ненад Јосифовиќ ги продава акциите на физички и правни лица поврзани со Наков за 4 милиони евра повисока цена од реалната. Парите од зделката завршуваат во фирма чии сопственици се „Ексико“, „Орка холдинг“ и „Тимох“.

Во делот од истрагата за „Империја“ влегуваат и стари случаи, кои претходно во обвинителствата завршувале со откажување од гонење поради немање доволно докази. Таков пример е истрагата за „пропаѓањето“ на „Орка спорт“, „Орка текстил“ и други фирми во сопственост на сега покојниот Илија Камчев. Данокот се избегнувал да се плаќа преку лажни стечаи, обезвреднување на имотот и формирање офшор-компании, а потоа парите „чисти“ биле внесувани во земјата, односно целиот имот бил пренесуван на новоформирани компании.

На овој начин, впрочем, и се градела целата империја – преку лојални соработници, изигрување на законитe и формирање компании за еднократна употреба.

Како ќе заврши истрагата и дали случајот ќе добие епилог останува неизвесно. Засега Орце Камчев и Сашо Мијалков се во домашен притвор, а конечниот збор ќе го каже Врховниот суд.

Освен Камчев и Мијалков, осомничени во случајот „Империја“ се и Ратка Куноска-Камчева, мајка на Камчев и неизвршен член на Одборот на директори на „Орка ходинг“, Кристина Камчева-Стојческа, сестра на Камчев и неизвршен член на Одборот на директори на „Жито полог Тетово“, Лилјана Гајдоска, правник во фирмите на Камчев, неизвршен член на Одборот на директори на ЗК „Пелагонија“, Тодор Мирчевски, директор на „Ексико“, Владислав Стајковиќ, сопственик на НВСП, доскорешен директор на „Мобико“ и поранешен директор на „Финзи“, Ванче Мијалчев, извршен директор на „Бетон Штип“, Јованче Тасковски, брокер, и Дејан Јанев од „О.Т.Е. инвест“.

Прикажи повеќе...

Анализи

Политиката го подели СЈО на табори

Објавено пред

„Чарлиевите ангели“ ги нема. Катица Јанева, Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи речиси една година не се појавуваат на заеднички прес-конференции. Во јавноста и на социјалните мрежи сè погласни се критиките за работата на специјалното јавно обвинителство и ослабената доверба во оваа институција.

dobivaj vesti na viber

Три и пол години по формирањето, целосен судски епилог има само за два случаја а сè погласни се шпекулациите дека во СЈО владее поделеност на обвинителите на табори, кои меѓусебно не се согласуваат за дејствувањето на ова обвинителство, па тие разлики во мислењата лесно се забележливи и во јавноста.

Трите жени, кои беа симбол за СЈО, ретко може се видат заедно во јавноста, а речиси една година Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи не даваат заеднички изјави. Според нашите извори, со слични ставови на една страна биле обвинителките Катица Јанева и Лиле Стефанова, а на друга Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи.

Од друга страна, сè поприсутна во јавноста е главната специјална обвинителка Катица Јанева, која, според најавите, во вторник ќе се појави на „1ТВ“, каде што заедно со обвинителите Лиле Стефанова и Трајче Пеливанов треба да одговараат и на прашања од гледачите. Токму во фирмата сопственик на „1ТВ“, „БМЈ медиа груп“, работи синот на Јанева, младиот гевгеличанец Лазар Јанев, за кого веќе беше објавено дека пред вработените бил претставен како директор на правна служба. Пред точно два месеца Јанева беше гостинка на „1ТВ“ и се фотографира со сопственикот на телевизијата, Бојан Јовановски, со назнака дека станува збор за работен состанок.

Во СЈО во последната година во целост се смени практиката на комуникација со јавноста. Последната прес-конференција СЈО ја одржа на 21 март минатата година.

Повеќе нема брифинзи со новинари, а на обвинителките Ристоска и Фетаи не им е дозволено да даваат интервјуа и изјави. Целосна затвореност владее и во однос на истрагите. Случајот „Империја“, во кој, меѓу другите, се осомничени и бизнисменот Јордан Камчев и ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, беше отворен пред повеќе од 2 месеца, а од СЈО нема дополнителни информации, освен дека истрагата е сложена.

Сите обиди на „Макфакс“ да обезбедат брифинг за случајот беа залудни. Новинарите меѓу себе коментираат дека ова обвинителство, кое наметна транспарентно работење, последнава година се затворило, иако обвинителите поминале серија обуки за комуникација со јавноста. Тоа остава простор за шпекулации во постапувањето по предметите на обвинителството. Од друга страна, во редовното Обвинителство се спроведува тренинг за односи со јавноста на обвинителите.

Според нашите информации, во специјалното јавно обвинителство меѓу некои од вработените владее незадоволство од начинот на работа, особено по последните политички случувања, амнестии и повици за помирување, кои во голем дел влијаат и врз актуелните предмети што се во судска постапка, но и на оние што се во истрага и предистрага, а во кои, меѓу другите, се вклучени и Сашо Мијалков, Елизабета Канческа-Милевска, Али Ахмети, Бујар Османи.

Ексминистерката за култура, КанческаМилевска, е инволвирана во предистрагата за предметот „Скопје 2014“, кој е еден од најобемните предмети на СЈО, за Мијалков се водат повеќе судски постапки, а предметот за агенцијата за обезбедување СГС е во предистрага.

Во процесот на помирувањето наголемо се споменуваа и измените во Кривичниот законик, односно член 353, став 5, кој ја регулира злоупотребата на службената положба преку јавните набавки. Доколку дојде до промена на овој член, како што беше најавувано, помали казни или ослободување од одговорност ќе добијат голем број обвинети во случаите на СЈО, меѓу кои и Мијалков.

Уставниот суд сè уште не расправал по иницијативата на адвокатот Еленко Миланов, кој бара судиите да се произнесат за овој член од Кривичниот законик.

Сите овие политички инволвирања, кои допираат и до СЈО, според нашите извори, довеле до голем раздор во работата на институцијата, која има годишен буџет од 3,7 милиони евра. Некои од обвинителите се разочарани од фактот што нивните предмети и нивната работа зависат исклучително од тековната политичка ситуација, па токму затоа во последниот период и не се работи на нови предистраги бидејќи се чека исходот од тоа што ќе се случува со институцијата и дали евентуално одредени функционери од претходната, но и од актуелната власт, ќе избегнат одговорност.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ12 минути

Деветнаесетгодишна девојка го управувала автомобилот со којшто беше усмртена жената во Чаир

Деветнаесетгодишна девојка (А.Џ.) управувала со автомобилот „сеат алтеа“, со којшто попладнево беше прегазена жената во скопската населба Чаир којашто почина...

Македонија31 минута

Студентите на протест поради јавниот превоз, бараат и набавка на нови автобуси и велосипедска инфраструктура

Универзитетското студентско сообрание (УСС-УКИМ) за утре, 22 ноември, најавува протест поради проблемите со јавниот превоз што ќе се случува од...

Топ2 часа

Трагедија вечерва во Чаир: Загина жена, ја прегази автомобил

Жена загина во скопската неселба Чаир, кога во неа удрил автомобил со скопски регистерски ознаки. Според информациите од СВР Скопје...

Македонија4 часа

Владата ќе му позајми на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата за ЈСП

Владата вонредно расправаше поради недостигот на енергенси за обавување на јавниот сообраќај на територијата на Град Скопје, при што беше...

Македонија6 часа

(Видео) Избегната тепачка во Собранието, Гаши го повика обезбедувањето

Во македонскиот парламент денеска избегната тепачка меѓу некои од пратениците. Инцидентот се случи меѓу лидерот на Левицата, Димитар Апасиев, и...

Македонија8 часа

Црната листа на САД е многу динамична и отворена за додавање нови имиња, порача Агелер

Американската амбасадорка Анџела Агелер, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со црната листа на САД, рече дека таа е...

Скопје10 часа

(Видео) СДСМ со решенија за кризата во Скопје: закон за финансиска поддршка на Градот и на ЈСП, субвенциии за гориво, вели Јанчева

„Како што најавивме, денес сме тука за да ги презентираме нашите конкретни предлози за надминување на кризата во која се...

Македонија10 часа

ЈСП избрало неприфатлива понуда во набавката на „евродизелот“, утврдени неправилности во постапката, соопшти Бирото за јавни набавки

Постапката за јавна набавка на „евродизелот“ објавена од страна на договорниот орган ЈСП беше предмет на управна контрола во Бирото...

Скопје10 часа

Славески свика итна вонредна седница на Советот на Скопје поради колапсот на јавниот превоз

Претседателот на Совет на Скопје Трајко Славески за денеска во 18 часот закажа итна вонредна седница на која треба да...

Скопје11 часа

Колапс на јавниот превоз, скопјани се солидаризираат: „Застанете ако сте со автомобил, превезете некого“

Од синоќа, со оглед дека нема автобуси, на социјалните мрежи се споделуваат повици за оние што одат на работа со...

Регион12 часа

Ексминистер и двајца поранешни директори меѓу уапсените за уривањето на натстрешникот на Железничката станица во Нови Сад

Поради уривањето на натстрешникот на Железничката станица во Нови Сад, уапсени се 11 лица, соопшти Вишото јавно обвинителство во Нови...

Европа12 часа

(Видео) Русите ја нападнаа Украина со шест бомбардери „ту-95“ и „миг“, Днепар во пламен

Во денешниот руски ракетен напад е оштетена индустриска компанија во Днепар, а во градот избувнале пожари, изјави началникот на воената...

Европа13 часа

Ажурираната нуклеарна доктрина на Русија е лукав потег на Путин против Бајден и му оди во прилог на Доналд Трамп

Нуклеарните закани на Москва се прилично суптилна игра која директно не ѝ штети на Русија, туку му штети на актуелниот...

Свет15 часа

Северна Кореја и Русија потпишаа протокол за соработка

Северна Кореја и Русија потпишаа протокол за соработка по состаноците за трговија, економија, наука и технологија во Пјонгјанг, објави севернокорејскиот...

Европа15 часа

(Видео) Еруптира вулкан на Исланд

Вулкан во близина на главниот град на Исланд доцна синоќа еруптираше по десетти пат во последните три години, исфрлајќи големи...

Македонија1 ден

(Видео) Заглавен сообраќајот во Скопје, автобуси нема, Брзата помош не можеше да се пробие на Бит Пазар

Скопје е парализирано попладнево. Автобусите не сообраќаат, а граѓани се жалат дека не успеваат да најдат ниту слободно такси поради...

Македонија1 ден

Осудени велешаните кои силуваа 14-годишно девојче, највисоката казна е 5 години и 6 месеци затвор

Во Основниот кривичен суд денес беше објавена пресудата против тринаесетте лица од Велес кои беа обвинети за сексуално злоставување на...

Македонија1 ден

Мицкоски за Шекеринска: Ѝ честитав за изборот за заменик-генерална секретарка на НАТО, за нас – националното единство е пред партиските интереси

„Не е тајна дека во минатото сме имале многу концептуални разлики кога станува збор за справувањето со актуелните проблеми, политиките,...

Македонија1 ден

Со гордост ќе ја претставувам Северна Македонија на оваа висока меѓународна позиција, рече Шекеринска

Радмила Шекеринска, која беше назначена за втор човек на НАТО, односно заменик-генерална секретарка на алијансата, утрово се заблагодари за честитките...

Македонија1 ден

Поднесени 20 претставки за загадениот воздух, Меџити вели дека гасификацијата е решение за урбаните средини

До народниот правобранител поднесени се 40 претставки од областа на животната средина, од кои 20-ина за квалитетот на воздухот, изјави...