Контакт

Анализи

Година на мировните активности, проекти и иницијативи на HWPL – јужнокорејската мировната организација во 2016-та започна и со делување во Македонија

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Изминатата 2016-та година помина во знакот на мировните поради активностите на јужнокорејската невладина организација „Небесна култура, светски мир“ (HWPL), која преку своите заложби на глобално ниво успеа да покрене свест околу едно од најгорливите прашања на денешницата – војните и како да им се стави крај на конфликтите ширум светот.

 

Промовирана Декларацијата за мир и ставање крај на војните (DPCW) – моќен инструмент за постигнување светски мир

 

Организацијата најпрво во првото тромесечие од годината промовираше револуционерен инструмент кој би можел да се справи со овие проблеми и да воспостави мир во глобални рамки, односно станува збор за Декларацијата за мир и ставање крај на војните (DPCW).

 

Како главна причина за овој документ се јавува неефикасноста на меѓународното право во справувањето со меѓународните конфликти, а со цел иницијативата да добие на што поголемо значење, HWPL на 14-ти март годинава во Сеул ја објави оваа Декларација. Настанот на кој присуствуваше и Макфакс, собра над илјада меѓународни претставници, меѓу кои и шефови на влади, правни експерти, дипломати и претставници на медиумите ширум светот.

 

Од своето официјално формирање во септември 2015-та година, Меѓународниот комитет на мирот и правото, кој функционира во рамките на HWPL, даде своја поддршка преку експертиза во формирањето на драфт верзијата на оваа декларација, а претседателот на HWPL и познат јужнокорејски хуманист, Ман Хи Ли тогаш порача дека потпишувањето и објавувањето на оваа Декларација преставува „почеток на една нова ера“.

 

„Тука сме за да ги постигнеме колективните желби на човештвото, овој момент никогаш нема да биде заборавен поради тоа што Декларацијата за мир и ставањето крај на војните ќе биде јавно соопштена. Сите жители на овој свет ќе ги  обединат своите срца за да ја поздрават и признаат оваа Декларација, која ќе значи нова ера и живот полн со мир“, изјави Ли.

 

Претседателката  Интернационалната група на жените за мир (IWPG), дел од HWPL, Нам Хи Ким порача пак, на денот на објавувањето порача дека „младите и жените ширум светот веднаш ќе ја повикаат меѓународната заедница да ја поддржи Декларацијата, со што ќе им стави крај на сите конфликти“.

 

„Веднаш откако Декларацијата за постигнувањето на мир и ставањето крај на војните ќе биде соопштена, младите и жените ширум светот ќе ја повикаат меѓународната заедница да ја поддржи Декларацијата, а како што е потенцирано во неа, отстранувањето на сите потенцијални ризици за конфликти е најдрагоцената работа што ќе остане во наследство на сите идни генерации“, порача Ким.

 

Основата на оваа декларација е во забраната за користење на сила која би можела да се искористи како потенцијал за започнување на војна, потоа Декларацијата исто така го предвидува и решавањето на сите конфликти, како и слободата на религијата и ширењето на културата на мирот. Според Ман Хи Ли, Декларацијата ќе биде моќен и ефикасен алат за решавање на сите војни и воени конфликти, односно постигнување на „фундаменталната цел на човештвото – мирот“.

 

Исто како и Универзалната декларација за човекови права, објавена на 10-ти декември 1948-та година, така и оваа Декларација е постигната од страна на различни правни експерти, што значи дека мирот не само што е можен, туку е и неопходен, додаваат од HWPL.

 

Мировното движење на HWPL во април се прошири и во Македонија

 

Преку воспоставувањето на Комитетот за заложби за мир, мировното движење на HWPL, пак, во април се прошири и во Македонија. Јужнокорејската невладина организација веќе подолго време преку најразлични активности се заложува за постигнување на светски мир, а од оваа година во нејзиниот фокус на делување се наоѓаат и балканските земји, меѓу кои и Македонија.

 

Следната фаза од имплементацијата на потпишаната Декларацијата за мир и ставање крај на војните е таа да собере поддршка во светски рамки од страна на шефовите на државите, по што истата ќе биде презентирана пред Обединетите нации (ОН). Токму ова е и една од целите позади воспоставувањето на македонскиот Комитет за заложби за мир, односно покренувањето на свест во земјата околу ова глобално движење кое се повеќе и повеќе добива на популарност.

 

„На прв поглед можеби изгледа дека овој документ не е толку значаен за Македонија, но ние сме единствени кога се работи за тоа дека се бориме против лошите политичари и оние кои прават профит од корупција, мито, измама итн. Оваа Декларација ќе донесе мир насекаде и сигурна сум дека Македонија ќе биде горда на следните генерации кои ќе учествуваат во ова благородно движење“, изјави во април преставничката на HWPL, Лајла Јун за време на формирањето на Комитетот за заложби за мир.

 

Наташа Димитровска, програмски координатор на Националниот совет за родова рамноправност, организација која е дел од новоформираниот Комитет за заложби за мир, пак, порача дека Декларацијата е важен чекор кон покренувањето на свеста за потребата од светскиот мир.

 

„Националниот совет за родова рамноправност, со својата програма за жените, мирот и безбедноста, веќе долго време работи на зајакнување на жените и нивно учество во процесите на помирување. Потпишувањето на Декларацијата за мир и  ставањето крај на војните е важен чекор во подигнувањето на јавната свест за потребата од поголемо залагање на сите актери во општеството за ова важно прашање. Во Македонија, посебно во овој момент, многу е важно да се истакне потребата од зачувување на мирот и стабилноста“, вели Димитровска.

 

Според претставниците на HWPL, Декларацијата е алатка која ќе успее да донесе мир во светот, но за нејзината имплементација пред се е потребна масовна поддршка од страна на сите оние кои се залагаат за постигнувањето на светскиот мир.

 

„Ни треба алатка за да можеме да донесеме мир во светот, а тоа е меѓународниот закон. За доста кратко време добивме поддршка од голем број на луѓе. По донесувањето на Декларацијата имаме 48 комитети кои се воспоставени ширум светот, а сега ова го правиме и во Македонија. Нашата заедничка цел е да постигнеме светски мир“, потенцираше тогаш претставничката на HWPL, Софија Ким.

 

Македонскиот Комитет за заложби за мир е втор од ваков вид во регионот, откако на 12-ти април слично тело беше формирано и во Албанија, во организација на HWPL а во кое учествува и албанската невладина организација „Корисно за албанските жени“, чија претседателка Севим Арбанa повика на поддршка од албанскиот народ за промоција на Декларацијата за мир и ставање крај на војните.

 

Повеќе од 300 илјади млади во Јужна Кореја ја изразија својата поддршка за DPCW

 

Во мај, пак, повеќе од 300 илјади млади во Јужна Кореја и ширум светот во мај годинава маршираа за мир, одбележувајќи ја третата годишнина од Декларацијата за светски мир, покрената од страна на HWPL и нејзиниот претседател Ман Хи Ли на 25-ти мај 2013-та година.

 

Централната манифестација се одржа во главниот град на Јужна Кореја, Сеул, а мировни маршови се одржаа и низ повеќе градови ширум светот, меѓу кои и Сиднеј, Њујорк, Манија, Шангај, Кејп Таун и Оукленд. Bо фокусот на бројните манифестации беше давањето на поддршка за глобалната мировна кампања „Озакони го мирот“, покрената со цел да се обезбеди меѓународен закон кој ќе биде компатибилен со Декларацијата за мир и ставање крај на војните.

 

„Одбележувајќи ја третата годишнина, во овој момент нашето семејство на мир мора да биде фокусирано на ова место. Она што треба да им го оставиме на идните генерации и општото добро за целото човештво – а тоа е мирот. Не постои поголемо наследство од мирот и тоа не може да биде постигнато само од едно лице. Сите мораме да бидеме гласници на мирот“, порача за време на манифестацијата претседателот на HWPL, Ман Хи Ли.

 

Прв мировен форум во Македонија во организација на HWPL

 

Кон средината на годината активностите на HWPL во Македонија кулминираа со одржувањето на македонскиот мировен форум, прв од ваков вид во земјата, при што фокусот беше ставен на развојот на мирољубивата култура, како нешто што може да придонесе за хармонизацијата на односите помеѓу балканските држави и народи.

 

Говорниците на форумот, воедно и членови на македонскиот Комитет за заложби за мир,  се согласија дека градењето на мирољубивата култура треба да претставува приоритет за едно општество како она во Македонија, каде постојат бројни проблеми и предизвици кои секогаш може да доведат до потенцијални конфликти. Декларацијата за мир и ставање крај на војните претставува еден моќен инструмент кој може да придонесе за решавањето на конфликтите кои подолго време постојат во овој регион.

 

„Она што оваа Декларација прави како исчекор во однос на она што досега го имаме видено е тоа што се залага за менување на системот и осовременување на ОН, а тоа е конфликтите што настануваат и што секогаш ќе ги има, светските односно проблеми и конфликти, да не се решаваат само помеѓу двете супер сили односно туку одлучувачко влијание да имаат и помалите држави, особено засегнатите држави од некој конкретен конфлкт. Во опкружувањето се уште имаме предизвици кои можат да доведат до внатрешни, но и до надворешни конфликти“, изјави Милка Ристова, долгогодишен судија во  Врховниот суд на Република Македонија и член на Комитетот.

 

Според Ристова, во македонското општество постојат многу причини кои можат да предизвикаат конфликти, а едни од нив се и се поголемите социјални разлики и проблеми.

 

„Социјалните разлики и проблеми што ги имаме со масовното осиромашување на населението и формирањето на една мала елита на богати луѓе е потенцијална причина за внатрешен конфликт. Многу треба да се работи на тоа да се изгради мирољубива култура и култура на толерантен разговор, способност за сите отворени прашања да се разговара на мирољубив пат, за да не дојде до конфликти, а за таа цел, односно мирно решавање на конфликти се залага и оваа Декларација. Постојат многу конвенции и извори на право но се уште не постои важен механизам за имплементација на тие одлуки, Македонија има и конкретно искуство во врска со тоа, односно имаме пресуда на Меѓународен суд во врска со интеграцијата во НАТО поради спорот со јужниот сосед, но нема механизам за извршување на оваа одлука, така што оваа Декларација се заложува не само за решавање, туку и за да ги усоврши механизмите на имплементацијата на одлуките“, смета таа.

 

Првиот македонски мировен форум беше само еден дел од активностите и иницијативата на HWPL на Балканот, преку кои се потенцира значењето на Декларацијата за мир и ставање крај на војните и влијанието на овој документ во помирувањето на балканските земји и нации. Претставниците на HWPL пак, покрај Скопје, претходно остварија и бројни средби со мировни активисти и во Тетово, Гостивар, Битола, и Охрид со што активностите на организацијата се проширија и низ целата територија на Македонија. Бројните состаноци на Комитетот за заложби за мир кои следеа во месеците потоа пак, беа подготовка за втората годишината од меѓународната мировна конфереција организирана од HWPL, односно за WARP Самитот во Сеул во септември, на кој учествуваше и македонска делегација.

 

Огромен спектакл и бројни мировни активности на втората годишината од WARP Самитот во Сеул

 

Втората годишнина од WARP (Светската алијанса на религии за мир) Самитот во Сеул, која се одбележа во Сеул од 17-ти до 19-ти септември донесе огромен спектакл, како и бројни мировни активности во кои учествуваа преку илјада поранешни претседатели, меѓународни правни експерти и сегашни министри, религиозни лидери, женски лидери и младински претставници од 130 земји.

 

Во организација HWPL, централниот настан, односно мировниот фестивал беше одржан на Олимпискиот стадион во Сеул, каде имаше повеќе од 100 илјади гледачи и учесници во спектаклот посветен на ставањето крај на војните и светскиот мир.

 

Претседателот на HWPL и светски познат јужнокорејски мировен активист, Ман Хи Ли на почетокот на одбележвуањето порача дека начинот за да се постигне светски мир е само преку искрена и неизмерна поддршка за  Декларацијата за мир и ставање крај на војните.

 

„Да ги повикаме лидерите на државите и религиозните лидери да ја дадат својата поддршка за Декларацијата за мир и ставање крај на војните и да ни дозволат преку ова да ја потврдиме и нашата поддршка. Ова е начинот за да се сака светот и сите  луѓе во него, како што се и светлината, дождот и воздухот. Ова е вистинска политика и вистинска религија, ова е вистинска љубов и вистински мир“, порача во септември лидерот на HWPL.

 

Претседателката на Меѓународната група на жени за мир (IWPG), Нам Хи Ким, пак, истакна дека во моментов е потребно сите светски лидери да се обединат и да ја дадат поддршка за оваа  Декларација, изработена од правни експерти ширум светот под покровителство на HWPL, и која нуди доста реални решенија за постигнување на светскиот мир.

 

„За да се забрза напредокот кон ерата на мирот, предлагам еден код на однесување за меѓународната заедница,  најпрво светските лидери да се обединат за мир и да ја поддржат Декларацијата за мир и ставање крај на војните. Второ, сите светски религии треба исто  така да се обединат и да ги надминат своите деноминации и доктрини за да постигнат мир. Трето, сите жени треба да станат дел од IWPG и IPYG (Меѓународната младинска  група за мир) во промовирањето на Декларацијата, и како четврто – треба да се имплементира мировна едукација ширум светот“, изјави Нам Хи Ким.

 

На настанот учествуваа и бројни претставници од балканските земји, а еден од нив беше и поранешниот хрватски претседател Иво Јосиповиќ, кој исто така повика на масовна поддршка за Декларацијата за мир и ставање крај на војните. „Декларацијата и сите огромни напори кои ги прават претставниците на HWPL се огромен придонес за мировното движење ширум светот. Оваа Декларација, која не само што беше претставена до светските лидери, туку и до светската јавност, ја зголеми свеста и потребата за ставање крај на војните и градење на мир ширум светот“, рече Јосиповиќ.

 

Косовската министерка за дијалог, Едита Тахири, пак, изјави дека мирот е од големо значење за сите народи во Балканот. „За оние како нас, кои никогаш повеќе не сакаат да видат војна и геноцид над своите луѓе, мирот има особено значење“, порача Тахири, повикувајќи ја публиката да заземе поактивна улога во ставањето крај на војните и започнувањето на ерата на мирот.

 

Еден од најважните моменти во тридневниот настан во Сеул беше кореографијата која се одржа за време на мировниот фестивал на Олимпискиот стадион, подготвена од скоро 12 илјади членови на IPYG, а за која подготовките траеја неполни пет месеци. Нивниот перформанс беше поделен на три дела: најпрво претставувањето на историја и ужасите од двете светски војни, потоа мировните активности на HWPL и на крајот мировното обединување на двете Кореи.

 

Според податоците на HWPL, пак, Декларацијата во светски рамки, од своето прогласување во март па до крајот на 2016-та добила преку 700 илјади потписи во светски рамки, импресивна бројка којашто се очекува следната годината да стане уште поголема и да придонесе за поднесувањето на документот до ОН.

 

Активности и планови за понатамошна промоција на DPCW во Македонија

 

Македонската делегација, пак, предводена од членовите на Комитетот за заложби за мир, на состанокот на Комитетот во ноември ги пренесе искуствата од учеството на WARP, исто така дискутирајќи и за идните стратегии и планови за промоцијата на DPCW во Македонија и останатите балкански земји.

 

„Беше извонредно искуство да се види целата таа посветеност на учесниците на самитот и начинот на кој тие несебично работат за остварувањето на заедничката цел – светскиот мир. Тоа беше навистина мотивирачко за сите нас“, изјави членот на Комитетот за заложби за мир и долгогодишен судија во Врховниот суд на Република Македонија, Милка Ристова.

 

Дел од активностите со кои во 2017-та ќе се промовира поддршката за DPCW во Македонија се и одржувањето на бројни мировни конференции, концерти, дебати и хумантирани акции.

 

Во рамките на активностите  на Комитетот беше и првиот медиумски форум кој се одржа кон средината на декември, а кој исто така беше посветен на промоцијата на DPCW во земјата и регионот./крај/мф/бс

 

Анализи

Силјановска vs Пендаровски: Кој добива, а кој губи во битката на социјалните мрежи и медиумите?

Објавено пред

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова најмногу се спомнуваат во медиумите, а најмалку се популарни меѓу твитерџиите. Во негативен контекст почесто е споменувана Силјановска на социјалните мрежи „Феjсбук“ и „Твитер“, но и во медиумите.

dobivaj vesti na viber

Ова го покажа првата сентимент-анализа на истражувачкиот центар на „Макфакс“, која се изработуваше во периодот од 1 до 9 април годинава. Процесот на изработка на анализата е базиран на компјутерски алгоритми и има задача да одреди во каков контекст (многу негативен, негативен, неутрален, позитивен или многу позитивен) е напишан одреден текст или дел од текстот.

Преку системот беа анализирани 220 медиуми, како и објавите и коментарите на над еден милион корисници на „Фејсбук“ и твитовите од 300 илјади профили. Тестирањата на платформата покажaа дека користените технологии даваат резултат со точност поголема од 80 проценти.

Според анализата, имињата на Силјановска-Давкова и на Пендаровски почесто се споменуваат во медиумите отколку на социјалните мрежи „Твитер“ и „Фејсбук“. Во првите девет дена од месецот тие биле споменати вкупно 3.515 пати. На „Фејсбук“ биле споменати речиси двојно помалку, а најмалку биле споменувани на „Твитер“.

Силјановска, според оваа анализа, најмногу била спомената на веб-порталите „Република“, „Курир“, „Инфомакс“ и на „Прес 24“, а Пендаровски на „Прес 24“, „Макпрес“, „24 инфо“ и на „Вечер“. Од инфографикот може да се види комплетната слика за тоа во кој медиум биле најмногу застапени двајцата претседателски кандидати.

Во однос на контекстот на споменување во медиумите може да се заклучи дека постои тесна разлика меѓу Силјановска и Пендаровски, иако кандидатката зад која стои опозициската ВМРО-ДПМНЕ предничи со негативните коментари.

Па, така, во многу негативен контекст Силјановска била спомената 201 пат, а Пендаровски 136 пати. Ако таа била спомната 914 пати во негативен контекст, Пендаровски во истиот контекст бил спомнат 778 пати. Тој предничи и во однос на неутралните спомнувања во медиумите, а Силјановска предничи во однос на позитивните споменувања. Тесна е разликата меѓу многу позитивните конотации, во кои биле ставени двајцата претседателски кандидати на кои се однесува анализата, во која за 8 споменувања предност има Пендаровски.

Според податоците од аналитичкиот центар на „Макфакс“, претседателскиот кандидат Пендаровски е попопуларен од Силјановска во однос на бројот на споменувања. Во многу позитивен или позитивен контекст меѓу твитерџиите тој е споменат 231 пат, а Силјановска 201. Во однос на тоа дали кандидатите се споменати во негативен или многу негативен контекст за нијанса води Силјановска, која е спомената 401 пат, а Пендаровски 389.

Слична ситуација може да се види и на „Фејсбук“, каде што Пендаровски има предност во однос на бројот на споменувања. Ако Силјановска била спомената 481 пат во многу негативен или во негативен контекст, Пендаровски е споменат 429 пати. Кај претседателскиот кандидат зад кој стои СДСМ поголем е бројот на позитивни или многу позитивни споменувања на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Според сето ова, Силјановска има поголема вредност на вкупниот сентимент во негативен контекст на социјалните мрежи и во медиумите од Пендаровски. Важно е да се потенцира дека не станува збор за анкета што ги мери гласовите за кандидатите, туку за начинот на кој тие се прикажани и коментирани во интернет-просторот. Истражувачкиот центар на „Макфакс“ на почетокот на кампањата за претседателските кандидати спроведе анкета.

Целосната методологија за начинот на изработката на сентимент-анализите на истражувачкиот центар на „Макфакс“ е достапна на следниот линк.

Прикажи повеќе...

Анализи

СЈО со детали: Како Камчев и Мијалков ги переле парите градејќи империја

Објавено пред

Злосторничко здружение, кое функционирало повеќе од 8 години, од 2009 година, кога биле отворани и затворани фирми, перени милиони и милиони евра, биле менувани сопственици, бил купуван огромен имот, отворани фирми на офшор-дестинации за еднократна употреба, префрлувани пари преку кипарски банки, а потоа овие испрани пари влегуваат како основачки влогови за да формираат македонски фирми.

dobivaj vesti na viber

Вака накусо може да се опише случајот „Империја“ на специјалното јавно обвинителство (СЈО), каде што, меѓу другите, осомничени се едни од највлијателните луѓе во земјата, бизнисменот Орце Камчев и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Три месеци по почнувањето на истрагата, обвинителството излезе со детали за еден од најобемните предмети за кој засега е утврдено дека се испрани речиси 11 милиони евра.

Истрагата е проширена за „Графички центар“ и за „Медија принт Македонија“ (МПМ), извршени се претреси во фирмите, осомничените се испрашани и собрани се докази.

Соработката меѓу Македонија и Кипар е воспоставена, па сега, конечно, на виделина излегуваат и имињата на оние што се криеле зад офшор-фирмите преку кои се переле пари.

Од крајот на јуни до крајот на октомври 2018 година некои од осомничените од „Империја“ биле под посебни истражни мерки.

„Мијалков не беше под посебни истражни мерки, Камчев многу внимателно зборуваше по телефон, но не и другите осомничени“, велат од СЈО.

Без разлика како ќе се одвива понатаму истрагата за „Империја“, со оглед на тоа што статусот и истрагите на СЈО сè уште се неизвесни, оттаму велат дека собрани се речиси 90 отсто од доказите за случајот да може да продолжи понатаму.

Злосторничкото здружение се распаѓа кон крајот на 2017 и почетокот на 2018 година кога осомничените почнуваат да земаат кредити за да се раздолжат, но тоа не значи дека тука завршуваат и нивните поединечни активности.

Под лупа на СЈО е и фирмата поврзана со семејството Мијалкови, „Бест веј инвестмент“, формирана веднаш по обеледонувањето на таканаречените бомби во 2015 година, чиј сопственик е синот на Сашо Мијалков, Јордан. СЈО истражува како се ширел бизнисот и како оваа фирма успева да заработи огромни суми и да стекне голем имот само за три години работа. „Бест веј инвестмент“, ако во 2016 година имала приходи од 816 илјади евра, во 2017 година веќе приходите ѝ растат на 9,6 милиони евра, што само покажува дека независно кој е на власт, бизнисите на Мијалков работат со полна пареа.

Краен сопственик на мистериозната „Ексико“ бил Камчев

Натписот на поштенското сандаче на улицата Иван Милутиновиќ во Скопје сведочи за постоењето на „Ексико“, чие сопствеништво е скриено

Центарот на истрагата за „Империја“ се познатата офшор-фирма „Ексико“ и бизнисменот Орце Камчев.

Истрагата утврдила дека зад првата фирма-мајка на „Ексико“, „Делта инвестмент“ од Белизе, всушност се крие таткото на Орце Камчев, Илија. Од оваа фирма, која поседуваше акции во големи акционерски друштва, а се јавуваше и како еден од сопствениците на атрактивните плацови на Водно, досега сите креваа раце и демантираа дека стојат зад неа.

Истрагата на СЈО утврдила дека по Илија Камчев, набргу како краен сопственик фигурирал и поранешниот директор на македонски „Телеком“, Жарко Луковски, а кога сопствеништвото на фирмата се сели во Америка, односно сопственик станува извесна „Калвус ЛЛЦ“ (Calvus LLC) од САД, крајниот сопственик е всушност Орце Камчев.

Од оваа американска фирма кон „Ексико“ се влеваат 1,6 милион евра како прилив, а дел од овие пари завршува на личната сметка на Камчев, додека со дел се купувани имот и земјиште во Гевгелија, на кое понатаму е предвидено да се градат казина.

Подоцна, а и до ден-денеска, сопственик на „Ексико“ е фирмата со швајцарски капитал „Т&МЈ инвестмент“ од Лугано, Швајцарија, фирма зад која оперативните сознанија покажале дека краен сопственик е член на семејството Мијалкови. Од швајцарската фирма кон македонската „Ексико“ немало никаков прилив или одлив на пари.

„Ексико“ не е единствената фирма преку која функционирало ова злосторничко здружение. Колку за пример, во истатата 2009 година офшор-компанијата „Хоспитал менаџмент груп ЛЛЦ’ од Кипар ја основа клиничката болница „Систина“. Понатаму, оваа компанија го продава имотот на друга офшор-компанија од Панама. „Орка холдинг“ го купува уделот од панамската, па повторно ѝ го продава на „Систина“, со што фактички Камчев внесува удел од „Хоспитал менаџмент“ од Кипар во Македонија.

Сомнежи за перење пари преку кипарски банки

Преку кипарски банки парите влегуваат во земјата

Значаен дел од истрагата на СЈО за „Империја“ има и фирмата „Финзи“ – истата фирма за која во таканаречените бомби можеше да се слушне дека одела набавката за опрема за следење интернет-комуникации за МВР. Министерството, додека на чело на УБК беше Мијалков, наместо директно да ја набави изреалската опрема за прислушување, тоа го правела преку „Финзи“. Во текот на истрагата за случајот самоубиство изврши директорот на „Финзи“, Коста Крпач, во април 2016 година.

Сега истрагата за „Империја“ повторно допира до „Финзи“, фирма основана од „Финзи ЛЛЦ“ во САД. Краен сопственик на оваа компанија, според СЈО, повторно е Орце Камчев.

Во неколку наврати од „Финзи ЛЛЦ“ преку кипарска банка кон македонската „Финзи“ биле исплатувани 650.000 евра. Во тоа време, односно во 2009 година, директор на „Финзи“ во Македонија е Владислав Стајковиќ, брат на Небојша Стајковиќ, поранешен помошник-министер за информатичка технологија во МВР.

Овие пари понатаму влегуваат како основачки влог во „Систина кардиологија“, фирма што подоцна е преименувана во „Си-Фи-Кар“ („Систина“, „Финзи“, “Кара“). Во 2012 година, според СЈО, кога парите веќе се испрани, американската мајка-фирма се затвора и се отвора нова фирма, во која Крпач влегува како директор, а на истата сметка легнуваат парите од израелската донација за опрема за прислушување.

„Не купуваат компании за да работат со нив, туку за да извлечат што можат“

Орце Камчев и Сашо Мијалков, клучните играчи во „Империја“

Многу компании, офшор, стотици папки со документи и изјави од сведоци содржи еден од најобемните предмети на СЈО – „Империја“. Од она што беше претставено пред новинарските екипи, неизбежен е заклучокот дека од досегашната истрага и собраните докази станува збор за класични примери за сомнежи за перење пари пред кои надлежните институции со години молчеле или се откажувале од гонење поради немање докази.

Дел од истрагата е отстапен и на купувањето на „Бетон Штип“ од страна на ТИМ ДОО, „Орка холдинг“, „Езимит“ ДООЕЛ и „Ексико“.

„Кога тие купуваат компанија, не ја купуваат за да ја работат, туку да извлечат што може од имотот на компанијата“, велат од СЈО.

Па, така, и овој пат сознанијата говорат дека од „Бетон Штип“ се извлечени 4 милиони евра, односно газдите ги тераат акционерите со парите да купуваат имот, а понатаму како што се извлекуваат парите, така се инвестираат во други зделки за што патем говорат и последните информации дека речиси 250 работници веќе ги напуштаат работните места од „Бетон Штип“ и истовремено преку суд си ги бараат неисплатените плати за последните четири месеци.

Дел од истрагата го опфаќа и „Фершпед“, односно од моментот кога Кираца Трајковска, која беше еден од мнозинските акционери во “Фершпед“, поради долг во Еуростандард банка, преку посредник побарала кредит од Стопанска банка АД Битола. Камчев, кој е дел од Управниот одбор на банката, наместо кредит, според СЈО, на Трајковска ѝ понудил преку физички лица да ѝ бидат префрлени парите по што биле ослободени нејзините акции од „Фершпед“.

За да им ги продаде акциите на странски инвеститори, таа го ангажирала брокерот Јованче Тасковски. Но, за нејзината намера дознал Штерјо Наков, кој побарал помош од Мијалков, со цел тој да ги купи акциите. Мијалков се договора со Камчев да ја изиграат, па без нејзино знаење, според СЈО, Ненад Јосифовиќ ги продава акциите на физички и правни лица поврзани со Наков за 4 милиони евра повисока цена од реалната. Парите од зделката завршуваат во фирма чии сопственици се „Ексико“, „Орка холдинг“ и „Тимох“.

Во делот од истрагата за „Империја“ влегуваат и стари случаи, кои претходно во обвинителствата завршувале со откажување од гонење поради немање доволно докази. Таков пример е истрагата за „пропаѓањето“ на „Орка спорт“, „Орка текстил“ и други фирми во сопственост на сега покојниот Илија Камчев. Данокот се избегнувал да се плаќа преку лажни стечаи, обезвреднување на имотот и формирање офшор-компании, а потоа парите „чисти“ биле внесувани во земјата, односно целиот имот бил пренесуван на новоформирани компании.

На овој начин, впрочем, и се градела целата империја – преку лојални соработници, изигрување на законитe и формирање компании за еднократна употреба.

Како ќе заврши истрагата и дали случајот ќе добие епилог останува неизвесно. Засега Орце Камчев и Сашо Мијалков се во домашен притвор, а конечниот збор ќе го каже Врховниот суд.

Освен Камчев и Мијалков, осомничени во случајот „Империја“ се и Ратка Куноска-Камчева, мајка на Камчев и неизвршен член на Одборот на директори на „Орка ходинг“, Кристина Камчева-Стојческа, сестра на Камчев и неизвршен член на Одборот на директори на „Жито полог Тетово“, Лилјана Гајдоска, правник во фирмите на Камчев, неизвршен член на Одборот на директори на ЗК „Пелагонија“, Тодор Мирчевски, директор на „Ексико“, Владислав Стајковиќ, сопственик на НВСП, доскорешен директор на „Мобико“ и поранешен директор на „Финзи“, Ванче Мијалчев, извршен директор на „Бетон Штип“, Јованче Тасковски, брокер, и Дејан Јанев од „О.Т.Е. инвест“.

Прикажи повеќе...

Анализи

Политиката го подели СЈО на табори

Објавено пред

„Чарлиевите ангели“ ги нема. Катица Јанева, Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи речиси една година не се појавуваат на заеднички прес-конференции. Во јавноста и на социјалните мрежи сè погласни се критиките за работата на специјалното јавно обвинителство и ослабената доверба во оваа институција.

dobivaj vesti na viber

Три и пол години по формирањето, целосен судски епилог има само за два случаја а сè погласни се шпекулациите дека во СЈО владее поделеност на обвинителите на табори, кои меѓусебно не се согласуваат за дејствувањето на ова обвинителство, па тие разлики во мислењата лесно се забележливи и во јавноста.

Трите жени, кои беа симбол за СЈО, ретко може се видат заедно во јавноста, а речиси една година Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи не даваат заеднички изјави. Според нашите извори, со слични ставови на една страна биле обвинителките Катица Јанева и Лиле Стефанова, а на друга Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи.

Од друга страна, сè поприсутна во јавноста е главната специјална обвинителка Катица Јанева, која, според најавите, во вторник ќе се појави на „1ТВ“, каде што заедно со обвинителите Лиле Стефанова и Трајче Пеливанов треба да одговараат и на прашања од гледачите. Токму во фирмата сопственик на „1ТВ“, „БМЈ медиа груп“, работи синот на Јанева, младиот гевгеличанец Лазар Јанев, за кого веќе беше објавено дека пред вработените бил претставен како директор на правна служба. Пред точно два месеца Јанева беше гостинка на „1ТВ“ и се фотографира со сопственикот на телевизијата, Бојан Јовановски, со назнака дека станува збор за работен состанок.

Во СЈО во последната година во целост се смени практиката на комуникација со јавноста. Последната прес-конференција СЈО ја одржа на 21 март минатата година.

Повеќе нема брифинзи со новинари, а на обвинителките Ристоска и Фетаи не им е дозволено да даваат интервјуа и изјави. Целосна затвореност владее и во однос на истрагите. Случајот „Империја“, во кој, меѓу другите, се осомничени и бизнисменот Јордан Камчев и ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, беше отворен пред повеќе од 2 месеца, а од СЈО нема дополнителни информации, освен дека истрагата е сложена.

Сите обиди на „Макфакс“ да обезбедат брифинг за случајот беа залудни. Новинарите меѓу себе коментираат дека ова обвинителство, кое наметна транспарентно работење, последнава година се затворило, иако обвинителите поминале серија обуки за комуникација со јавноста. Тоа остава простор за шпекулации во постапувањето по предметите на обвинителството. Од друга страна, во редовното Обвинителство се спроведува тренинг за односи со јавноста на обвинителите.

Според нашите информации, во специјалното јавно обвинителство меѓу некои од вработените владее незадоволство од начинот на работа, особено по последните политички случувања, амнестии и повици за помирување, кои во голем дел влијаат и врз актуелните предмети што се во судска постапка, но и на оние што се во истрага и предистрага, а во кои, меѓу другите, се вклучени и Сашо Мијалков, Елизабета Канческа-Милевска, Али Ахмети, Бујар Османи.

Ексминистерката за култура, КанческаМилевска, е инволвирана во предистрагата за предметот „Скопје 2014“, кој е еден од најобемните предмети на СЈО, за Мијалков се водат повеќе судски постапки, а предметот за агенцијата за обезбедување СГС е во предистрага.

Во процесот на помирувањето наголемо се споменуваа и измените во Кривичниот законик, односно член 353, став 5, кој ја регулира злоупотребата на службената положба преку јавните набавки. Доколку дојде до промена на овој член, како што беше најавувано, помали казни или ослободување од одговорност ќе добијат голем број обвинети во случаите на СЈО, меѓу кои и Мијалков.

Уставниот суд сè уште не расправал по иницијативата на адвокатот Еленко Миланов, кој бара судиите да се произнесат за овој член од Кривичниот законик.

Сите овие политички инволвирања, кои допираат и до СЈО, според нашите извори, довеле до голем раздор во работата на институцијата, која има годишен буџет од 3,7 милиони евра. Некои од обвинителите се разочарани од фактот што нивните предмети и нивната работа зависат исклучително од тековната политичка ситуација, па токму затоа во последниот период и не се работи на нови предистраги бидејќи се чека исходот од тоа што ќе се случува со институцијата и дали евентуално одредени функционери од претходната, но и од актуелната власт, ќе избегнат одговорност.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ14 часа

Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид. Од МВР информираа дека инцидентот...

Македонија15 часа

Арсовска: Министерката за култура успеа самата себеси да се побие и не одговори на ниедно прашање

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска успеа самата да се побие и не одговори на ниту едно прашање коешто беше поставено,...

Топ16 часа

Кривична против Курто Дудуш: за директори на градинка именувал лица што не биле вработени таму

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 49-годишниот К. Д., градоначалник на скопска општина...

Македонија16 часа

„Два месеца нема плата за вработените, а пред избори се примаат работници“ – „Национални шуми“ на протест

Триесет подружници се собраа пред Јавното претпријатие „Национални шуми“ со цел да го изразат незадоволството оти втор месец немаат добиено...

Македонија17 часа

Со Арсовска ќе се видиме на суд да објасни како јас сум знаела, а не сум пријавила пожар во Универзалната сала, најави министерката за култура

За министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, вчерашните обвинувања од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, се лаги, скандалозни тврдења и обид...

Македонија18 часа

Грејната сезона продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како...

Македонија19 часа

Училиштата не може да објаснат како е направен изборот на фирмите за чии услуги плаќаат родителите: набавките за униформи за учениците, за фотографирање и за ужина се нетранспарентни

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето „Отсуство на процедури, транспарентност и отчетност кај набавките што се финансираат со пари...

Регион21 час

По високите температури, Србија во снег: мештаните шокирани

Силниот дожд во утринските часови на територијата на западна Србија прерасна во лапавица и снег, а на Златибор веќе е...

Свет21 час

ОН се обидуваат да го спречат гладот ​​во Газа: „Постојано некои нови проблеми“

Обединетите нации(ОН) се уште се борат да се обидат да го спречат гладот ​​во Појасот Газа. Иако има одредено подобрување...

Македонија21 час

Мицкоски: 13-ти ден од кампањата, а Пендаровски не кажа ни збор за криминалите на ДУИ, за „Соравија“, за грабежот – тоа значи дека го прифаќа

Најголемата трагедија е што овие години полека, но сигурно системот е срушен. Системот кој е создаден да служи на народот,...

Свет21 час

Израел го остава Иран во неизвесност во врска со нивниот одговор за нападот: „Нека бидат нервозни“

Ставот на израелскиот воен кабинет е дека Иран треба да продолжи да погодува каков ќе биде одговорот на Израел на...

Македонија22 часа

Пендаровски: Tие што беа против преспанскиот договор сега се фалат со НАТО-членството

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вчера вечер во Велес рече Силјановска да избере што ќе биде, претседател или врховен командант...

Македонија2 дена

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, праша врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, како и...

Македонија2 дена

Намален е бројот на ученици во училиштата во државата

Намален е бројот на ученици во основните и средните училишта, во учебната 2022/2023 година, укажуваат податоците во извештајот на Државниот...

Македонија2 дена

Со нова систематизација Синдикатот на „Македонска пошта“ сам ќе ги укине вработените што не доаѓаат на работа оти Владата и Управниот одбор молчат

Синдикатот на „Македонска пошта“, во соработка со вработените и со ангажирање експерти, ќе подготви нова систематизација, која ќе ја достави...

Македонија2 дена

„Немам партиска книшка, само крводарителска“ – приватните специјализанти реагираат на изјавата на Демири за политичка заднина на штрајкот

Штрајкот на приватните специјализанти продолжи и денес и како што најавуваат ќе трае додека не добијат на писмено од Владата...

Свет2 дена

Израел: Мораме да го запреме Иран пред да биде предоцна, воведете му санкции

Министерот за надворешни работи на Израел, Израел Кац, денеска ги повика земјите да воведат санкции за ракетната програма на Иран...

Свет2 дена

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Се’ повеќе високи ирански претставници ги предупредуваат и Израел и Западот за последиците од можната израелска одмазда. Така, иранскиот воен...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а...

Македонија2 дена

Стојаноска во Тетово: угостителите сезонски се селат во други држави, не се задоволни од актуелната власт

Вчерашниот ден Дафина Стојаноска – членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ го искористи и за средба со Здружението на угостители од...