Контакт

Анализи

Al Jazeera: 21-ви век: капитализмот во мрежата на фашизмот

Објавено пред

Се соочуваме со систем кој е многу поинтегриран и со доминантни групи кои се здобија со исклучителна транснационална моќ и контрола врз глобалните ресурси и институции. Влеговме во период на големи востанија и несигурност, на историски промени, исполнет со опасности, но и со можности

dobivaj vesti na viber

Се соочуваме со систем кој е многу поинтегриран и со доминантни групи кои се здобија со исклучителна транснационална моќ и контрола врз глобалните ресурси и институции. Влеговме во период на големи востанија и несигурност, на историски промени, исполнет со опасности, но и со можностиОд Вилијам И. Робинсон, професор по социологија и глобални студии на Универзитетот на КалифорнијаГлобалниот капитализам е во криза без преседан, ако се земат предвид магнитудата, дофатот, степенот на еколошка деградација и општествено распаѓање, како и обемот на средствата за насилство. Ние вистински се соочуваме со криза на човештвото. Залогот никогаш не бил поголем; нашиот опстанок е загрозен. Влеговме во период на големи востанија и несигурност, на историски промени, исполнети со опасности, но и со можности.Соочувањето со оваа криза повикува на анализа на капиталистичкиот систем, кој во изминативе неколку децении мина низ огромно преструктуирање и трансформација. Времето во кое живееме промовира квалитативно нова транснационална или глобална фаза на светскиот капитализам, чии почетоци може да се посочат назад во 1970-те години и е карактеристичен според подемот на вистински транснационален капитал и транснационална капиталистичка класа, или ТКК. Транснационалниот капитал се покажа способен да се ослободи од стегите на нацијата-држава и да се вивне во акумулација преку виденото во претходните епохи, а со тоа остро да ја помести заемната врска помеѓу класите и општествените сили во своја корист – и да ја поткопа силата на народните и работничките движења ширум светот во пресрет на глобалните бунтови во текот на 1960-те и 1970-те години. Надоаѓачкиот транснационален капитал мина низ огромна експанзија во текот на 1980-те и 1990-те години, што вклучуваше хиперакумулација преку новите технологии, како што се компјутерската и информатичката, преку неолибералните политики и преку новите модалитети на мобилизирање и експлоатирање на глобалната работна сила – вклучувајќи и масивна нова рунда на примитивна акумулација, искоренување и раселување на стотици милиони луѓе, особено во внатрешноста на земјите од третиот свет, кои станаа и внатрешни и транснационални мигранти.Се соочуваме со систем кој е многу поинтегриран и со доминантни групи кои се здобија со исклучителна транснационална моќ и контрола врз глобалните ресурси и институции.Економијата – глобално казиноКон крајот на 1990-те, овој систем запна во хронична криза. Острата општествена поларизација и растечката нееднаквост помогнаа да се генерира длабока криза на прекумерна акумулација. Екстремната концентрација на планетарното благо во рацете на само неколкумина, додека  мнозинството забрзано осиромашуваше и го губеше имотот, дури ги присили и учесниците на годишниот Светски  економски форум 2011 во Давос  да признаат дека јазот помеѓу богатите и сиромашните во светски рамки е „најсериозниот предизвик во светот“ и го „истакнува спектарот на глобална нестабилност и граѓански војни“. Глобалната нееднаквост и осиромашувањето на огромното мнозинство значат дека транснационалниот капитал повеќе не може да најде продуктивни испусти каде што би можеле да ги истоварат енормните количини на вишоци кои ги акумулирал. До почетокот на 21-от век, сочен со оваа криза ТКК почна да применува неколку механизми, преку кои би ја одржал глобалната акумулација, или создавањето на профитот. Еден од овие механизми е милитаризираната акумулација: водење војни и преземање на интервенции кои покренуваат циклуси на разорување и реконструкција  и генерираат енормни профити за постојано растечкиот воено-затворско-индустриско-безбедносно- финансиски комплекс. Ние во моментов живееме во глобална воена економија која задира далеку зад „жешките војни“ во Ирак или во Авганистан.На пример, војната со имигрантите во САД и во други држави и, во поопширна смисла, репресија врз општествените движења и ранливото население, е стратегија за акумулација која е независна од какви и да било политички цели. Оваа војна со имигрантите е екстремно профитабилна за транснационалните компании. Во Соединетите држави, приватниот затворско-индустриски комплекс за имигранти е индустрија која доживува невиден растеж. Имигрантите без документи го сочинуваат најбрзорастечкиот сектор од затворската популација во САД и се чувани во приватни собирни центри и депортирани од приватни компании, најмени од државата САД. Оттаму, воопшто не изненадува тоа што Вилијам Ендрјус, Извршниот директор на „Корективната корпорација на Америка“ (Corrections Corporation of America), или ККА – најголемиот приватен претприемач за собирни центри за имигранти во 2008 година изјави дека: „Олабавувањето на напорите на силите на редот или декриминализацијата на имигрантите, би можеле да имаат многу негативно влијание врз побарувачката за нашите установи и услуги“. Ниту, пак, е некое изненадување тоа што ККА и другите такви корпорации го финансираа ненадејниот наплив на неофашистичка антиимиграциска легислатива во сојузната држава Аризoна и во уште неколку сојузни држави. Вториот механизам е нападот и грабежот на државните буџети. Транснационалниот капитал ја користи својата финансиска моќ за да ја преземе контролата врз државите финансии и на работничкото мнозинство да му наметне понатамошни мери за штедење, коешто резултира во се поголема општествена нееднаквост и се потежок живот. ТКК ја искористи својата структурна моќ за да го растури и она што остана од општествените плати и од социјалните држави.А третиот механизам е полудени финансиски шпекулации ширум светот, со што глобалната економија ја претворија во едно огромно казино. ТКК истури милијарди долари во шпекулативните игри на пазарот на недвижнини, на храна, на енергија и на другите глобални пазари на стока за широка потрошувачка, во пазарите на хартии од вредност ширум светот (поточно, државните буџети и државните финансии) и во секој „дериватив“ кој може да се замисли, што варира од „хеџ“ фондови до преземања, пазари на идни акции, обврски од хипотеки за долгови, пирамидални имоти и пирамидални шеми. Колапсот на глобалниот финансиски систем во 2008 година беше само капка којашто ја преполни чашата. Ова не е циклична, туку структурна криза – криза на преструктуирање, каква што имавме во 1970-те години и пред тоа, во 1930-те години, која има потенцијал да прерасне во системска криза, зависно од тоа како општествените агенси ќе одговорат на кризата и на цела низа непознати непредвидливи ситуации. Криза на преструктуирање значи дека единствен начин да се излезе од кризата е да се преструктуира системот, додека системска криза е онаа при која единствено промена на системот може да ја реши кризата. Кризните времиња се времиња на брзи општествени промени, кога колективните агенси и непредвидливото однесување играат многу поголема улога, отколку во времиња на еквилибриум на системот. Вајмарската република во САДКога се соочени со криза, се чини дека реакциите на државите и на општествените и политичките сили се разликуваат. Три разлики се истакнуваат: глобален реформизам; повторен изблик на народни и левичарски борби, кои избувнуваат одоздола; крајна десница и фашизмот на 21-от век. Се чини дека, над се, се истакнува поларизацијата помеѓу левицата и десницата, од кои и двете се бунтовнички сили.Неофашистичкото востание е многу очигледно во САД. Ова востание може да се следи неколку децении наназад, до мобилизацијата на крајната десница по кризата на хегемонијата предизвикана од масовните востанија во 1960-те и 1970-те години, особено на борбата за ослободување на црнците и на хиспањолите и другите милитантни движења на луѓето од третиот свет, контра-културолошките текови, како и милитантната работичка борба. Неофашистичките сили се реорганизираа во текот на владеењето на администрацијата на Џорџ Буш помладиот. Проектот Обама уште од почетокот беше обид од страна на доминантните групи повторно да ја етаблираат хегемонијата, соочени со расадот во годините на Буш (кои, исто така, доведоа до подем на масовни движења за права на имигрантите). Изборот на Обама претставуваше предизвикување на системот на културолошко и идеолошко ниво и ги потресе расните и етничките темели врз кои САД отсекогаш опстојувале. Како и да е, проектот Обама никогаш немал за цел да го предизвика социо-економскиот поредок; токму напротив, целта му беше да го сочува и да го зацврсти овој поредок преку реконструирање на хегемонијата, извршувајќи пасивна револуција против масовното незадоволство и се пораспространетиот народен отпор, кој започна да се прелева во последните години од владеењето на Буш. Италијанскиот социјалист Антонио Грамши разви концепт на пасивна револуција, која би се однесувала на напорите од страна на доминантните групи да наметнат млаки промени одозгора, со цел да ја поткопаат мобилизацијата одоздола, која цели кон поопсежна трансформација. Интегралната или пасивна револуција е кооптирање на раководството одоздола; негова интеграција во доминантниот проект. Доминантите сили во Египет, Тунис и на многу други места на Блискиот исток и во Северна Африка се обидуваат да спроведат такви пасивни револуции. Со сета чест кон движењето за правата на имигрантите во Америка – едно од најбрзорастечките општествени движења во САД – умерените и општоприфатените лидери на Латино естаблишментот се доведени во прегратката на Обама и на Демократската партија – класичен случај на пасивна револуција – додека масовната база на имигрантите страда од се поинтензивна државна репресија. Кампањата на Обама навлезе во и помогна за ширењето на масовната мобилизација и раст на народните стремежи за промена, невидени во САД со години. Проектот Обама ја кооптираше таа бура која вриеше одоздола, ја канализираше во изборната кампања и ги предаде стремежите, додека Демократската партија ефективно го демобилизираше востанието одоздола со уште повеќе пасивна револуција. Во оваа смисла, проектот Обама го заслабна народниот и левичарскиот одговор на кризата, што отвори простор за десничарскиот одговор на кризата – проектот на фашизмот на 21-от век. Администрацијата на Обама во овој поглед наликува на Вајмарската република. Иако на власт во Германија во текот на 1920-те и 1930-те години беа социјал-демократите, тие не спроведоа левичарски одговор на кризата, туку наместо тоа ги маргинализираа воинствените синдикати, комунистите и социјалистите и се свртеа кон капиталот и кон десницата, за конечно да им ја предадат власта на нацистите во 1933 година.Фашизмот на 21-от век во САДНе го употребувам терминот фашизам туку-така. Идентификував неколку клучни одлики на фашизмот од 21-от век:1. Спојувањето на транснационалниот капитал со реакционерните политички сили. Ова спојување се развиваше во текот на владеењето на Џорџ Буш и, најверојатно, уште повеќе ќе се продлабочеше ако Белата куќа ја освоеше тандемот Мекејн – Пејлин.  Во меѓувреме, таквите неофашистички движења, како што е „Чајанката“ (Tea Party), како и неофашистичката анти-имигрантска легислатива во Аризона, нашироко се финансирани од корпоративниот капитал. Три сектори на транснационалниот капитал особено се истакнуваат како нетрпеливи да ја добијат фашистичката политичка поддршка со која би се олеснила акумулацијата: шпекулативниот финансиски капитал, воено-индустриско-безбедносниот комплекс и секторот на вадење на енергенси (особено оној за нафта). 2. Милитаризација и екстремна маскуланизација. Како што милитаризираната акумулација го интензивираше буџетот на Пентагон, кој во реални рамки се зголеми за 91 процент во изминативе 12 години, највисоките офицери стануваа се пополитизирани и повмешани во креирањето на политиките.3. Жртвено јагне кое служи да ги измести и пренасочи општествените тензии и контрадикторности. Во овој случај најмногу се истакнуваат имигрантите и муслиманите. „Јужњачкиот центар за закони за сиромашните“ (Sothern Poverty Law Centre) неодамна соопшти дека „три нишки на радикалната десница – групите на омраза, групите на домородни екстремисти и патриотските организации – се зголемиле од 1.753 групи во 2009 година, на 2.145 во 2010 година, раст од 22 проценти, кој следеше по растот од 40 проценти во 2008 и 2009 година“. Во еден извештај од 2010 година на Одделот за домашна безбедност на САД се забележува дека „десничарските екстремисти можеби се здобиваат со нови регрути играјќи на стравот од неколку вонредни прашања. Економскиот пад и изборот на првиот афро-американски претседател претставуваат уникатни поттикнувачи на десничарската радикализација и регрутација“. Во извештајот се заклучува: „Во текот на изминативе пет години, различни десничарски екстремисти, вклучувајќи и разни милиции и поддржувачи на белата надмоќ, го прифатија прашањето за имигрантите како повик за акција, како собирна точка и како орудие за регрутација“. 4. Масовна општествена база. Во овој случај, таквата социјална база беше организирана меѓу секторите на белата работничка класа, која историски уживаше расни кастовски привилегии и кои се почувствуваа изместени и кои минуваат низ брзи промени кон полошо од доаѓањето на неолибералите во САД, додека во претходната епоха на фордовско-кенсијански национален капитализам уживаа во безбедноста и стабилноста. 5.Финансиска милениумска идеологија, која вклучува расна/културолошка надмоќ и го прифаќа идеализираното и митско минато, како и расистичката мобилизација против жртвените јагниња. Идеологијата на фашизмот од 21-от век честопати се потпира на ирационалност: ветувањата дека ќе се обезбеди безбедност и ќе се врати стабилноста се емоционални, не рационални. Фашизмот на 21-от век е проект кој не разликува, а и не мора, помеѓу вистината и лагата. 6. Харизматично раководство. Ваквото раководство досега, главно, не постоеше во САД, иако фигури како Сара Пејлин и Глен Бек се појавуваат како еден вид архетипи. Смртоносен спојЕдна нова структурална димензија на глобалниот капитализам од 21-от век е драматичната експанзија на вишокот глобално население – оној дел кој е маргинализиран и исклучен од продуктивното учество во капиталистичката економија и кое претставува околу една третина од човештвото. Потребата да се обезбеди општествена контрола врз оваа маса која живее на планетата од бедни куќарки, им дава моќен импулс на неофашистичките проекти и ја олеснува транзицијата од социјална добробит  кон социјална контрола, поинаку позната како „полициски држави“. Овој систем станува се понасилен.  Теоретски, во услови на капиталистичка глобализација, контрадикторните функции на државата на акумулација и легитимизирање не можат да бидат спроведени. Економската криза го интензивира проблемот на легитимизирање на доминантните групи, па така кризите на акумулацијата, како тековната, генерираат општествени конфликти и се појавуваат како спирални политички кризи. Во суштина, способноста на државата да функционира како „фактор на кохезија“ во рамките на општествениот поредок пропаѓа до мера во која капиталистичката глобализација и логиката на акумулација се пробива во секој аспект на животот, па така „кохезијата“ бара се повеќе и повеќе општествена контрола. Раселувањето и исклучивоста се забрзаа од 2008 година наваму. Системот напушти огромни сектори на човештвото, кои се фатени во смртоносниот спој на акумулацијата-експлоатацијата-исклучивоста.  Системот не се ни обидува да го инкорпорира овој вишок на население, туку се обидува да го изолира и неутрализира неговиот вистински потенцијален бунт, со тоа што ги криминализира сиромашните и оние без имот, со тенденции за геноцид во некои случаи. Фашизмот од 21-от век нема да наликува на оној од 20-от. Меѓу другото, способноста на доминантните групи да го контролираат и манипулираат просторот и да применуваат контрола без преседан врз масовните медиуми, средствата за комуникација и производството на симболични слики и пораки, значи дека репресијата може да биде поселективна (како што гледаме во Мексико и во Колумбија, на пример) и да биде правно организирана за масовното „легално“ затворање да може да ги замени концентрационите логори. Згора на тоа, способноста на економската моќ да ги диктира изборните резултати овозможува фашизмот на 21-от век да се наметне без неопходните пукнатини во изборните циклуси и во уставниот поредок. Во овој момент, САД не можат да бидат оквалификувани како фашистичка држава. Сепак, сите услови и процеси постојат и кружат, а општествените и политичките сили зад ваквите проекти бргу се мобилизираат. Општо земено, сликите од претходните години за тоа што ваквите политички проекти би наметнале, варираа од етичкото чистење на Палестинците од страна на Израел, до криминализацијата на имигрантските работници и нивното претворање во жртвени јагниња и „Чајанката“ во САД, геноцидот во Конго, окупацијата на Хаити од страна на САД и ОН, напливот на неонацисти и „скинхедси“ во Европа и интензивираната репресија на Индија во покраината Кашмир.Противтежа на фашизмот од 21-от век мора да биде координирано возвраќање од страна на глобалната работничка класа. Единственото вистинско решение за кризата на глобалниот капитализам е масовна редистрибуција на богатството и моќта надолу кон сиромашното мнозинство на човештвото. А, единствен начин на кој ваквата редистрибуција би можела да се изведе е преку масовна транзициска борба одоздола. /крај/Al Jazeera/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Анализи

Силјановска vs Пендаровски: Кој добива, а кој губи во битката на социјалните мрежи и медиумите?

Објавено пред

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова најмногу се спомнуваат во медиумите, а најмалку се популарни меѓу твитерџиите. Во негативен контекст почесто е споменувана Силјановска на социјалните мрежи „Феjсбук“ и „Твитер“, но и во медиумите.

dobivaj vesti na viber

Ова го покажа првата сентимент-анализа на истражувачкиот центар на „Макфакс“, која се изработуваше во периодот од 1 до 9 април годинава. Процесот на изработка на анализата е базиран на компјутерски алгоритми и има задача да одреди во каков контекст (многу негативен, негативен, неутрален, позитивен или многу позитивен) е напишан одреден текст или дел од текстот.

Преку системот беа анализирани 220 медиуми, како и објавите и коментарите на над еден милион корисници на „Фејсбук“ и твитовите од 300 илјади профили. Тестирањата на платформата покажaа дека користените технологии даваат резултат со точност поголема од 80 проценти.

Според анализата, имињата на Силјановска-Давкова и на Пендаровски почесто се споменуваат во медиумите отколку на социјалните мрежи „Твитер“ и „Фејсбук“. Во првите девет дена од месецот тие биле споменати вкупно 3.515 пати. На „Фејсбук“ биле споменати речиси двојно помалку, а најмалку биле споменувани на „Твитер“.

Силјановска, според оваа анализа, најмногу била спомената на веб-порталите „Република“, „Курир“, „Инфомакс“ и на „Прес 24“, а Пендаровски на „Прес 24“, „Макпрес“, „24 инфо“ и на „Вечер“. Од инфографикот може да се види комплетната слика за тоа во кој медиум биле најмногу застапени двајцата претседателски кандидати.

Во однос на контекстот на споменување во медиумите може да се заклучи дека постои тесна разлика меѓу Силјановска и Пендаровски, иако кандидатката зад која стои опозициската ВМРО-ДПМНЕ предничи со негативните коментари.

Па, така, во многу негативен контекст Силјановска била спомената 201 пат, а Пендаровски 136 пати. Ако таа била спомната 914 пати во негативен контекст, Пендаровски во истиот контекст бил спомнат 778 пати. Тој предничи и во однос на неутралните спомнувања во медиумите, а Силјановска предничи во однос на позитивните споменувања. Тесна е разликата меѓу многу позитивните конотации, во кои биле ставени двајцата претседателски кандидати на кои се однесува анализата, во која за 8 споменувања предност има Пендаровски.

Според податоците од аналитичкиот центар на „Макфакс“, претседателскиот кандидат Пендаровски е попопуларен од Силјановска во однос на бројот на споменувања. Во многу позитивен или позитивен контекст меѓу твитерџиите тој е споменат 231 пат, а Силјановска 201. Во однос на тоа дали кандидатите се споменати во негативен или многу негативен контекст за нијанса води Силјановска, која е спомената 401 пат, а Пендаровски 389.

Слична ситуација може да се види и на „Фејсбук“, каде што Пендаровски има предност во однос на бројот на споменувања. Ако Силјановска била спомената 481 пат во многу негативен или во негативен контекст, Пендаровски е споменат 429 пати. Кај претседателскиот кандидат зад кој стои СДСМ поголем е бројот на позитивни или многу позитивни споменувања на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Според сето ова, Силјановска има поголема вредност на вкупниот сентимент во негативен контекст на социјалните мрежи и во медиумите од Пендаровски. Важно е да се потенцира дека не станува збор за анкета што ги мери гласовите за кандидатите, туку за начинот на кој тие се прикажани и коментирани во интернет-просторот. Истражувачкиот центар на „Макфакс“ на почетокот на кампањата за претседателските кандидати спроведе анкета.

Целосната методологија за начинот на изработката на сентимент-анализите на истражувачкиот центар на „Макфакс“ е достапна на следниот линк.

Прикажи повеќе...

Анализи

СЈО со детали: Како Камчев и Мијалков ги переле парите градејќи империја

Објавено пред

Злосторничко здружение, кое функционирало повеќе од 8 години, од 2009 година, кога биле отворани и затворани фирми, перени милиони и милиони евра, биле менувани сопственици, бил купуван огромен имот, отворани фирми на офшор-дестинации за еднократна употреба, префрлувани пари преку кипарски банки, а потоа овие испрани пари влегуваат како основачки влогови за да формираат македонски фирми.

dobivaj vesti na viber

Вака накусо може да се опише случајот „Империја“ на специјалното јавно обвинителство (СЈО), каде што, меѓу другите, осомничени се едни од највлијателните луѓе во земјата, бизнисменот Орце Камчев и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Три месеци по почнувањето на истрагата, обвинителството излезе со детали за еден од најобемните предмети за кој засега е утврдено дека се испрани речиси 11 милиони евра.

Истрагата е проширена за „Графички центар“ и за „Медија принт Македонија“ (МПМ), извршени се претреси во фирмите, осомничените се испрашани и собрани се докази.

Соработката меѓу Македонија и Кипар е воспоставена, па сега, конечно, на виделина излегуваат и имињата на оние што се криеле зад офшор-фирмите преку кои се переле пари.

Од крајот на јуни до крајот на октомври 2018 година некои од осомничените од „Империја“ биле под посебни истражни мерки.

„Мијалков не беше под посебни истражни мерки, Камчев многу внимателно зборуваше по телефон, но не и другите осомничени“, велат од СЈО.

Без разлика како ќе се одвива понатаму истрагата за „Империја“, со оглед на тоа што статусот и истрагите на СЈО сè уште се неизвесни, оттаму велат дека собрани се речиси 90 отсто од доказите за случајот да може да продолжи понатаму.

Злосторничкото здружение се распаѓа кон крајот на 2017 и почетокот на 2018 година кога осомничените почнуваат да земаат кредити за да се раздолжат, но тоа не значи дека тука завршуваат и нивните поединечни активности.

Под лупа на СЈО е и фирмата поврзана со семејството Мијалкови, „Бест веј инвестмент“, формирана веднаш по обеледонувањето на таканаречените бомби во 2015 година, чиј сопственик е синот на Сашо Мијалков, Јордан. СЈО истражува како се ширел бизнисот и како оваа фирма успева да заработи огромни суми и да стекне голем имот само за три години работа. „Бест веј инвестмент“, ако во 2016 година имала приходи од 816 илјади евра, во 2017 година веќе приходите ѝ растат на 9,6 милиони евра, што само покажува дека независно кој е на власт, бизнисите на Мијалков работат со полна пареа.

Краен сопственик на мистериозната „Ексико“ бил Камчев

Натписот на поштенското сандаче на улицата Иван Милутиновиќ во Скопје сведочи за постоењето на „Ексико“, чие сопствеништво е скриено

Центарот на истрагата за „Империја“ се познатата офшор-фирма „Ексико“ и бизнисменот Орце Камчев.

Истрагата утврдила дека зад првата фирма-мајка на „Ексико“, „Делта инвестмент“ од Белизе, всушност се крие таткото на Орце Камчев, Илија. Од оваа фирма, која поседуваше акции во големи акционерски друштва, а се јавуваше и како еден од сопствениците на атрактивните плацови на Водно, досега сите креваа раце и демантираа дека стојат зад неа.

Истрагата на СЈО утврдила дека по Илија Камчев, набргу како краен сопственик фигурирал и поранешниот директор на македонски „Телеком“, Жарко Луковски, а кога сопствеништвото на фирмата се сели во Америка, односно сопственик станува извесна „Калвус ЛЛЦ“ (Calvus LLC) од САД, крајниот сопственик е всушност Орце Камчев.

Од оваа американска фирма кон „Ексико“ се влеваат 1,6 милион евра како прилив, а дел од овие пари завршува на личната сметка на Камчев, додека со дел се купувани имот и земјиште во Гевгелија, на кое понатаму е предвидено да се градат казина.

Подоцна, а и до ден-денеска, сопственик на „Ексико“ е фирмата со швајцарски капитал „Т&МЈ инвестмент“ од Лугано, Швајцарија, фирма зад која оперативните сознанија покажале дека краен сопственик е член на семејството Мијалкови. Од швајцарската фирма кон македонската „Ексико“ немало никаков прилив или одлив на пари.

„Ексико“ не е единствената фирма преку која функционирало ова злосторничко здружение. Колку за пример, во истатата 2009 година офшор-компанијата „Хоспитал менаџмент груп ЛЛЦ’ од Кипар ја основа клиничката болница „Систина“. Понатаму, оваа компанија го продава имотот на друга офшор-компанија од Панама. „Орка холдинг“ го купува уделот од панамската, па повторно ѝ го продава на „Систина“, со што фактички Камчев внесува удел од „Хоспитал менаџмент“ од Кипар во Македонија.

Сомнежи за перење пари преку кипарски банки

Преку кипарски банки парите влегуваат во земјата

Значаен дел од истрагата на СЈО за „Империја“ има и фирмата „Финзи“ – истата фирма за која во таканаречените бомби можеше да се слушне дека одела набавката за опрема за следење интернет-комуникации за МВР. Министерството, додека на чело на УБК беше Мијалков, наместо директно да ја набави изреалската опрема за прислушување, тоа го правела преку „Финзи“. Во текот на истрагата за случајот самоубиство изврши директорот на „Финзи“, Коста Крпач, во април 2016 година.

Сега истрагата за „Империја“ повторно допира до „Финзи“, фирма основана од „Финзи ЛЛЦ“ во САД. Краен сопственик на оваа компанија, според СЈО, повторно е Орце Камчев.

Во неколку наврати од „Финзи ЛЛЦ“ преку кипарска банка кон македонската „Финзи“ биле исплатувани 650.000 евра. Во тоа време, односно во 2009 година, директор на „Финзи“ во Македонија е Владислав Стајковиќ, брат на Небојша Стајковиќ, поранешен помошник-министер за информатичка технологија во МВР.

Овие пари понатаму влегуваат како основачки влог во „Систина кардиологија“, фирма што подоцна е преименувана во „Си-Фи-Кар“ („Систина“, „Финзи“, “Кара“). Во 2012 година, според СЈО, кога парите веќе се испрани, американската мајка-фирма се затвора и се отвора нова фирма, во која Крпач влегува како директор, а на истата сметка легнуваат парите од израелската донација за опрема за прислушување.

„Не купуваат компании за да работат со нив, туку за да извлечат што можат“

Орце Камчев и Сашо Мијалков, клучните играчи во „Империја“

Многу компании, офшор, стотици папки со документи и изјави од сведоци содржи еден од најобемните предмети на СЈО – „Империја“. Од она што беше претставено пред новинарските екипи, неизбежен е заклучокот дека од досегашната истрага и собраните докази станува збор за класични примери за сомнежи за перење пари пред кои надлежните институции со години молчеле или се откажувале од гонење поради немање докази.

Дел од истрагата е отстапен и на купувањето на „Бетон Штип“ од страна на ТИМ ДОО, „Орка холдинг“, „Езимит“ ДООЕЛ и „Ексико“.

„Кога тие купуваат компанија, не ја купуваат за да ја работат, туку да извлечат што може од имотот на компанијата“, велат од СЈО.

Па, така, и овој пат сознанијата говорат дека од „Бетон Штип“ се извлечени 4 милиони евра, односно газдите ги тераат акционерите со парите да купуваат имот, а понатаму како што се извлекуваат парите, така се инвестираат во други зделки за што патем говорат и последните информации дека речиси 250 работници веќе ги напуштаат работните места од „Бетон Штип“ и истовремено преку суд си ги бараат неисплатените плати за последните четири месеци.

Дел од истрагата го опфаќа и „Фершпед“, односно од моментот кога Кираца Трајковска, која беше еден од мнозинските акционери во “Фершпед“, поради долг во Еуростандард банка, преку посредник побарала кредит од Стопанска банка АД Битола. Камчев, кој е дел од Управниот одбор на банката, наместо кредит, според СЈО, на Трајковска ѝ понудил преку физички лица да ѝ бидат префрлени парите по што биле ослободени нејзините акции од „Фершпед“.

За да им ги продаде акциите на странски инвеститори, таа го ангажирала брокерот Јованче Тасковски. Но, за нејзината намера дознал Штерјо Наков, кој побарал помош од Мијалков, со цел тој да ги купи акциите. Мијалков се договора со Камчев да ја изиграат, па без нејзино знаење, според СЈО, Ненад Јосифовиќ ги продава акциите на физички и правни лица поврзани со Наков за 4 милиони евра повисока цена од реалната. Парите од зделката завршуваат во фирма чии сопственици се „Ексико“, „Орка холдинг“ и „Тимох“.

Во делот од истрагата за „Империја“ влегуваат и стари случаи, кои претходно во обвинителствата завршувале со откажување од гонење поради немање доволно докази. Таков пример е истрагата за „пропаѓањето“ на „Орка спорт“, „Орка текстил“ и други фирми во сопственост на сега покојниот Илија Камчев. Данокот се избегнувал да се плаќа преку лажни стечаи, обезвреднување на имотот и формирање офшор-компании, а потоа парите „чисти“ биле внесувани во земјата, односно целиот имот бил пренесуван на новоформирани компании.

На овој начин, впрочем, и се градела целата империја – преку лојални соработници, изигрување на законитe и формирање компании за еднократна употреба.

Како ќе заврши истрагата и дали случајот ќе добие епилог останува неизвесно. Засега Орце Камчев и Сашо Мијалков се во домашен притвор, а конечниот збор ќе го каже Врховниот суд.

Освен Камчев и Мијалков, осомничени во случајот „Империја“ се и Ратка Куноска-Камчева, мајка на Камчев и неизвршен член на Одборот на директори на „Орка ходинг“, Кристина Камчева-Стојческа, сестра на Камчев и неизвршен член на Одборот на директори на „Жито полог Тетово“, Лилјана Гајдоска, правник во фирмите на Камчев, неизвршен член на Одборот на директори на ЗК „Пелагонија“, Тодор Мирчевски, директор на „Ексико“, Владислав Стајковиќ, сопственик на НВСП, доскорешен директор на „Мобико“ и поранешен директор на „Финзи“, Ванче Мијалчев, извршен директор на „Бетон Штип“, Јованче Тасковски, брокер, и Дејан Јанев од „О.Т.Е. инвест“.

Прикажи повеќе...

Анализи

Политиката го подели СЈО на табори

Објавено пред

„Чарлиевите ангели“ ги нема. Катица Јанева, Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи речиси една година не се појавуваат на заеднички прес-конференции. Во јавноста и на социјалните мрежи сè погласни се критиките за работата на специјалното јавно обвинителство и ослабената доверба во оваа институција.

dobivaj vesti na viber

Три и пол години по формирањето, целосен судски епилог има само за два случаја а сè погласни се шпекулациите дека во СЈО владее поделеност на обвинителите на табори, кои меѓусебно не се согласуваат за дејствувањето на ова обвинителство, па тие разлики во мислењата лесно се забележливи и во јавноста.

Трите жени, кои беа симбол за СЈО, ретко може се видат заедно во јавноста, а речиси една година Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи не даваат заеднички изјави. Според нашите извори, со слични ставови на една страна биле обвинителките Катица Јанева и Лиле Стефанова, а на друга Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи.

Од друга страна, сè поприсутна во јавноста е главната специјална обвинителка Катица Јанева, која, според најавите, во вторник ќе се појави на „1ТВ“, каде што заедно со обвинителите Лиле Стефанова и Трајче Пеливанов треба да одговараат и на прашања од гледачите. Токму во фирмата сопственик на „1ТВ“, „БМЈ медиа груп“, работи синот на Јанева, младиот гевгеличанец Лазар Јанев, за кого веќе беше објавено дека пред вработените бил претставен како директор на правна служба. Пред точно два месеца Јанева беше гостинка на „1ТВ“ и се фотографира со сопственикот на телевизијата, Бојан Јовановски, со назнака дека станува збор за работен состанок.

Во СЈО во последната година во целост се смени практиката на комуникација со јавноста. Последната прес-конференција СЈО ја одржа на 21 март минатата година.

Повеќе нема брифинзи со новинари, а на обвинителките Ристоска и Фетаи не им е дозволено да даваат интервјуа и изјави. Целосна затвореност владее и во однос на истрагите. Случајот „Империја“, во кој, меѓу другите, се осомничени и бизнисменот Јордан Камчев и ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, беше отворен пред повеќе од 2 месеца, а од СЈО нема дополнителни информации, освен дека истрагата е сложена.

Сите обиди на „Макфакс“ да обезбедат брифинг за случајот беа залудни. Новинарите меѓу себе коментираат дека ова обвинителство, кое наметна транспарентно работење, последнава година се затворило, иако обвинителите поминале серија обуки за комуникација со јавноста. Тоа остава простор за шпекулации во постапувањето по предметите на обвинителството. Од друга страна, во редовното Обвинителство се спроведува тренинг за односи со јавноста на обвинителите.

Според нашите информации, во специјалното јавно обвинителство меѓу некои од вработените владее незадоволство од начинот на работа, особено по последните политички случувања, амнестии и повици за помирување, кои во голем дел влијаат и врз актуелните предмети што се во судска постапка, но и на оние што се во истрага и предистрага, а во кои, меѓу другите, се вклучени и Сашо Мијалков, Елизабета Канческа-Милевска, Али Ахмети, Бујар Османи.

Ексминистерката за култура, КанческаМилевска, е инволвирана во предистрагата за предметот „Скопје 2014“, кој е еден од најобемните предмети на СЈО, за Мијалков се водат повеќе судски постапки, а предметот за агенцијата за обезбедување СГС е во предистрага.

Во процесот на помирувањето наголемо се споменуваа и измените во Кривичниот законик, односно член 353, став 5, кој ја регулира злоупотребата на службената положба преку јавните набавки. Доколку дојде до промена на овој член, како што беше најавувано, помали казни или ослободување од одговорност ќе добијат голем број обвинети во случаите на СЈО, меѓу кои и Мијалков.

Уставниот суд сè уште не расправал по иницијативата на адвокатот Еленко Миланов, кој бара судиите да се произнесат за овој член од Кривичниот законик.

Сите овие политички инволвирања, кои допираат и до СЈО, според нашите извори, довеле до голем раздор во работата на институцијата, која има годишен буџет од 3,7 милиони евра. Некои од обвинителите се разочарани од фактот што нивните предмети и нивната работа зависат исклучително од тековната политичка ситуација, па токму затоа во последниот период и не се работи на нови предистраги бидејќи се чека исходот од тоа што ќе се случува со институцијата и дали евентуално одредени функционери од претходната, но и од актуелната власт, ќе избегнат одговорност.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија7 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија7 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија9 часа

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија13 часа

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ13 часа

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија15 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија16 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија16 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија16 часа

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија17 часа

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија17 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија17 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија1 ден

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија1 ден

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија1 ден

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија1 ден

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија1 ден

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија1 ден

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...